Author Archives: opstinaadmin

Со еколошка акција општина Василево го одбележа доаѓањето на пролетта

DSC_0656_1024x681

Денес, по повод почетокот на пролетта, локалната самоуправа Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, општинските основни училишта и детската градинка реализираше голема еколошка акција во која на повеќе локации се засадени околу 300 млади садници на елка и црн бор, обезбедени од страна на општина Василево. Со акцијата се опфатени повеќе локации во повеќе населени места и тоа: во дворот на локалната самоуправа, во паркот на влезот од с. Василево, во паркот пред ЈПКД „Турија“, Методиј Митев, во паркот  во с. Градашорци, на просторот покрај игралиштето во с. Пиперево, во двете основни општински училишта, во училишниот двор во с. Радичево и во дворот на детската градинка „Прва радост“, во Василево. Паралелно со ова спроведена е и акција на чистење на отпадот од споменатите локации.

„Првиот пролетен ден одсекогаш е асоцијација за будење на природата и активности посветени на екологијата и заштитата на животната средина. Денес,  општинската администрација заедно со вработените од ЈПКД „Турија“, Василево, вработените и учениците во училиштата, како и вработените и дечињата од детската градинка, заеднички спроведовме еколошка акција во која на повеќе локации во повеќе населени места садевме млади садници и го собиравме комуналниот отпад“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод денешната еколошка акција во која активно учествуваше. „Генерално, грижата за животната средина и околината постојано е во фокусот на моите активности како градоначалник. Буквално од првиот ден сум на терен и заедно со комуналното препријатие се бориме со дивите депонии и  го расчистуваме отпадот. Денешната акција е мал влог во нашата иднина и позитивен пример кој се надевам ќе го следат и останатите мои сограѓани. Грижата кон природата мора да биде секојдневна, а нашиот однос кон околината пријателски, бидејќи наша цивилизациска обврска е да ја зачуваме за идните поколенија“, нагласи градоначалникот Андонов.

DSC_0535_1024x681 DSC_0542_1024x681 DSC_0548_1024x681 DSC_0554_1024x681 DSC_0558_1024x681 DSC_0565_1024x681 DSC_0569_1024x681 DSC_0573_1024x681 DSC_0575_1024x681 DSC_0579_1024x681 DSC_0589_1024x681 DSC_0597_1024x681 DSC_0598_1024x681 DSC_0609_1024x681 DSC_0618_1024x681 DSC_0624_1024x681 DSC_0628_1024x681 DSC_0634_1024x681 DSC_0636_1024x681 DSC_0641_1024x681 DSC_0643_1024x681 DSC_0662_1024x681 DSC_0675_1024x681 DSC_0682_1024x681 DSC_0689_1024x681 DSC_0698_1024x681 DSC_0699_1024x681 DSC_0713_1024x681 DSC_0717_1024x681 DSC_0722_1024x681 DSC_0724_1024x681 DSC_0733_1024x681 DSC_0738_1024x681 DSC_0753_1024x681 DSC_0760_1024x681 DSC_0763_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пролетно чистење во Пиперево

5

ЈПКД „Турија“,  Василево, денес  во населеното место Пиперево, го чистеше игралиштето во центарот на селото и просторот околу него. „Како што веќе најавивме, комуналното претпријатие во соработка со општината спроведува акција на пролетно чистење низ населените места. Денес екипи на ЈПКД „Турија“ го чистеа просторот во и околу игралиштето во с. Пиперево, по што активноста продолжува и на просторот на  главната улица и тротоарот“,  информираше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за тековната комунална активност на пролетно чистење

Како што е планирано, тротоарите и просторот покрај нив се ослободуваат од тревите и земјата која се наталожила во изминатиот период, а паралелно се собира и расфрланиот комунален отпад.

Активноста на пролетно чистење  ќе продолжи и во наредните денови.

1 2 3 411

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени претприемачи

LOGO, Opstina Vasilevo-horz

Општина Василево, со цел поттикнување на женското претприемништво како и овозможување на жените претприемачи поширок пристап до соодветните информации, го објавува Јавниот повик  за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени претприемачи, објавен на Националната платформа за женско претприемништво (NPWE).

Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени претприемачи на ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)”
,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)” финансиран од Европската Унија ,објавува ЈАВЕН ПОВИК на ден 14.03.2022 година
                                                  Инструкции за апликанти
Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ), со седиште на ул. Гиго Михајловски бр. 4/1/1 од Скопје, (Нарачател), која е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени,  Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР  и Сојуз на стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи
Цел на проектот:
Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа
Специфични цели:
Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
Придонес кон видливоста и опфатот на платформата
Предмет на јавниот повик
Прибирање на апликации за ангажирање на млади „Амбасадорки“ – жени претприемачи, преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го  промовираат и поттикнуваат иновативниот претприемачки  капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво
Опис на ангажман и работни задачи
Работата на амбасадорките вклучува активности во 8 – те плански региони (Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Велес, Штип, Тетово, Струмица);
-Амбасадорките, секоја во својот регион, ќе реализира  мотивациски говори и интервиуа со млади жени,  во образовна институција (училиште, факултет, академија, институт), со фокус на поттикнување и охрабрување на младите жени да ги активираат своите претприемачки,  лидерски капацитети и вештини, да исчекорат,  да започнат претприемачка кариера. Мотивациските говори треба да бидат презентирани врз основа на претходно изработена програма која ќе биде искомуницирана претприемништво;
Амбасадорките ќе ги промовираат пораките на кампањата „Ние креираме можности“ , кои ќе бидат презентирани на ТВ и радио емисии;
-со комисија составена од Националната платформа за женско
-Секоја амбасадорка ќе придонесе за креирање на on-line содржините на кампањата за женско претприемништво на порталот на „Националната платформа за женско претприемништво“, како и за прилозите на WEB радиото;
-Ангажманот на секоја амбасадорка поединечно, ќе биде во временски период од јуни 2022 до декември 2023 година, за вкупно од  15 (петнаесет) работни дена од кои 7.5 дена во 2022 година и 7.5 дена во 2023 година.
-За избраните „Амбасадорки“ проектниот тим ќе организира обука за подобро разбирање и подготовка на улогата како амбасадорки;
Критериуми за избор
За избор на амбасадорки ќе биде формирана комисија за избор која  ќе направи евалуација врз основа на поднесените документи
„Амбасадорките“ треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Најмалку 3 години искуство во активности поврзани со развој и промоција на женското претприемништво;
- Докажани во својата бизнис кариера или  сопствен бизнис, стекнати врз основа на своите компетенции и искуство во претприемништво.
- Препознаeни во креирање и презентирање на претприемачки, и лидерски вештини;
- Високо развиени аналитички и комуникациски вештини;
- Изградени односи и релации со пошироките општествени чинители важни за развој на женското претприемништво;
- Докажани способности за планирање и организација и имплементација на активности од почеток до финално известување;
- На повикот можат да аплицираат полнолетни млади жени до 35 годишна возраст;
Процедура за пријавување:
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следните документи:
- Професионална биографија;
- Писмо за намера;
- Листа на референци;
- Понудена програма со предлог активности и визија кои би биле дел од проектните активности во дадената временска рамка на проектниот ангажман;
- Финансиска понуда во бруто износ со вклучен персонален данок
Краен рок за поднесување апликации
Краен рок за доставување на целокупната документација е до 11 април 2022 година до 16.00 ч.   по електронска пошта на адреса:  jasmina.bosevska@nff.org.mk

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пролетно чистење на улиците

DSC_0521_1024x681

ЈПКД „Турија“,Василево започна со пролетно чистење на улиците. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес изврши увид во текот на активностите кои се одвиваа на главната, влезна, улица во населеното место Василево, каде екипа на комуналното претпријатие работеше на отстранување на наталожената земја и другиот отпаден материјал покрај коловознатат лента и тротоарот.

„Во договор сме со директорката на ЈПКД „Турија“, оваа активност да се спроведе и во останатите население места во кои улиците се со тротоари  што значи во наредните денови истата активност ќе се спроведе и на главните улици во селата Градшорци и Пиперево. Од улиците и тротоарите и просторот покрај  нив ќе биде отстранет целокупниот наносен материјал, главно земја и песок наталожени во текот на зимскиот период и истиот ќе биде однесен на депонијата“,  информираше градоначалникот на општина Василево во врска со пролетното чистење на  улиците и тротоарите во општина Василево.

Андонов најави и  дека во наредниот период во координација со ЈПКД „Турија“, ќе следуваат и други активности од комуналната сфера.

DSC_0510_1024x681

DSC_0522_1024x681

DSC_0512_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжува изградбата на улиците во Градашорци и Василево

1

„Изградбата на улиците во населените места Василево и Градашорци, напредува“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов  по денешната обиколка на улиците во изградба.

Тековно се гради на две локации во населеното  место Василево и тоа улицата која води покрај каналот, чија должина е 420 метри и истата започнува од спојот  со постоечка улица во центарот на Василево, и завршува јужно од Василево, кај  индустриската зона кон Добрејци и Струмица. Другата улица во изградба во Василево е улицата од црквата  Пресвета Богородица  до  ООУ „Гоце Делчев“ односно спојот со главната улица кај училиштето црквата во должина од 720 метри.

Во населеното место Градашорци, пак се гради улицата која води од Домот на културата кон индустриската зона во должина од 432 метри.

Срредствата за овие капитални проекти, односно за улицата во Градашорци и улицата покрај каналот во Василево,  во вкупен износ од околу 5 800 000 денари, општината ги има обезбедено преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, додека за улицата во Василево од црквата до училиштето, 2 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и околу 6,5 милиони се сопствени средства на општина Василево.

2 3 4

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево оствари средба со градоначалникот на општина Кресна, Р.Бугарија

3

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на покана на својот бугарски колега Николај Георгиев, беше во работна посета на општина Кресна, Р.Бугарија. Според информацијата од градоначалникот Андонов на средбата било разговарано за актуелни теми и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете општини. Разговарана било и за размена на искуства во областа на образованието.

Ова беше прва посета на градоначалникот Андонов на свој колега надвор од границите на РСМакедонија.

4 1 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Жителите на Висока Маала добија новоизградена улица

1

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Висока Маала, каде изврши увид на штотуку изградената улица. „Изградбата на оваа улица е доказ и пример за успешна соработка меѓу месното население и локалната самоуправа“, изјави градоначалникот на општина Василево по денешната посета на населеното место Висока Маала, каде заедно со граѓаните прошета по новоизградената улица.

Жителите на населеното место Висока Маала, до Советот на општина Василево, на последната седница,  имаа поднесено барање за материјал, односно цемент за изградба една од селските улици. Барањето беше одобрено и експресно реализирано од страна на општината.

„Со бетонирањето на оваа улица, решен е проблем од суштинско значење за жителите на Висока Маала. Соработката е клучна за успешно решавање на сите проблеми, а општина Василево и во иднина,  секогаш кога за тоа ќе има услови,  ќе продолжи да го практикува ваквиот начин на работа, изјави  градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

3 4 5 6 7 8 11 13 14

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Кик боксерот Пепи Велков во посета на градоначалникот Андонов

DSC_0459_1024x681

Денес, кик боксерот Пепи Велков го посети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за, како што рече, да му се заблагодари за поддршката што неодамна ја доби од него и да  ја сподели радоста од победата во Хам Германија, каде го освои појасот „Hammer Figt Night“. Ова е резултат на напорните тренинзи, континуитетот и посветеноста кон овој спорт. Кога се има цел, и упорно се работи,  резултатите се постигнуваат“, изјави Велков.

„Се радувам на успехот на Пепи. Поддршка ќе има и во иднина. Како градоначалник и општина секогаш ќе бидеме на страната на спортот. Спортистите се нашите најдобри промотори“, рече градоначалникот  Андонов.

Појасот „Hammer Figt Night“, Велков го освои на неодамна одржаниот интернационален натпревар што се одржа во Хам, Германија, каде во дисциплината ЛОУ-КИК, во категоријата до 68 кг. победи на поени со 2:1.

DSC_0454_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со координаторот на ТИКА Халим Омер Согут

DSC_0445_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и координаторот на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) Халим Омер Согут, заеднички направија посета на населените места Висока Маала и Новаа Маала, по што имаа работен состанок во кабинетот на градоначалникот Андонов.

Во фокусот на посетата на населеното место Висока Маала, беше новото училиште во ова населено место, изградено пред околу шест години со средства од ТИКА, а во кое наставата почна да се одвива оваа година како резултат на напорите на градоначалникот Андонов, кој успеа да ги убеди родителите, да им дозволат на своите деца настава да посетуваат во овој објект.

Во населеното место Нова Маала, цел на посетата беше просторот во близина на џамијата, за кој постои заедничка идеја за негово уредување во мултифункционално катче во функција на граѓаните од ова населено место.

Средбата продолжи во кабинетиот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, каде е разговарано за идната соработка, од која треба да произлезат конкретни проекти кои во основа ќе значат подобрување на условиоте за живот во населените места во општина Василево во кои живее турско население.

Општина Васиево и ТИКА имаат долгогодишна плодна соработка, која во интерес на  граѓаните ќе продолжи и во иднина.

DSC_0391_1024x681 DSC_0396_1024x681 DSC_0405_1024x681 DSC_0413_1024x681 DSC_0416_1024x681 DSC_0425_1024x681 DSC_0427_1024x681 DSC_0432_1024x681 DSC_0434_1024x681 DSC_0448_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа шестата седница

Sala na Sovet

Вчера, Советот на општина Василево ја одржа шестата редовна седница на чиј дневен ред беа  и Завршната сметка на општината за 2021 година   и Годишниот извештај за 2021 година.

Според завршната сметка, доставена од одделението за финансии, вкупниот износ на планирани и остварени приходи и расходи  во 2021 година е 78,7 % или од планирани 182 819 921 денари, реализирани се 143 981 812 денари. Салдото на сите сметки на Буџетот на општина Василево  на 31.12.2021 год.изнесува 670 386 ден.

На седницата беа разгледани и усвоени уште три предлози од областа на финансии и буџет и тоа Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година, Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година и Предлог-одлука за измена на распоредот  на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година. Советниците ја усвоија и предлог-програмата за животна средина на општина Василево за 2022 година, како и предлог-програмата  за измена и дополнување на програмата за спорт, рекреација и манифистации на подрачјето на општина Василево за 2022 годин и измена и дополнување на Програмата за изработка на УП за 2022 година. Советот ја усвои и предлог одлуката за вклопување на бесправните објекти – Магацин на к.п бр 190/1 и 194/3 во КО Радичево.

На дневен ред на денешната седница беа и неколку предлог-одлуки донесени од УО на ЈПКД „Турија“ Василево:  Финансискиот извештај за четвртото тромесечие за 2021 година од 01.01.2021 до 31.12.2021 усвоен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево, бр. 02-50/1 од 24.01.2022 година; Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на физичките лица бр.02-51/1 од 24.01.2022 година;  Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на правните лица бр.02-52/1 од 24.01.2022 година; Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на правните лица  бр.02-54/1 од 24.01.2022 година и  Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на физички лица  бр.02-53/1 од 24.01.2022 година.

На дневен ред на Седницата беа и два предлози од УО на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за именување членови во УО на градинката, и тоа Гонца  Гоџирова како предлог на Министерството за труд и социјална политика и Љубинка Делева, предлог од Советот на родители.

Советниците дадоа согласност и за поднесените барања за финансиска поддршка поднесени од неколку физички и правни лица.

Усвоени беа и двете точки кои како дополнителни беа ставени на дневен ред на самата седница: Предлог-одлуката за утврдување на висината на комуналните такси и Барањето за градежни матееријали за улица во с. Висока Маала, поднесено од група граѓани од ова населено место.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail