Author Archives: opstinaadmin

Општина Василево и ЈПКД „Турија“ помагаат во одбележувањето на Водици – Богојавление

4_354x768

Денес, ЈПКД „Турија“, по налог на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, со механизација,  се вклучи во уредувањето на речното корито во населените места Василево, Пиперево у Добрашинци, заради утрешното одржување на верскиот обичај  „фрлање на крстот“ и осветување на водите по повод верскиот празник Богојавление – Водици.

„ Верата и традицијата се неизбежен дел од секојдневието на нашите сограѓани, а ние како локална самоуправа со овој чин надело покажуваме дека секогаш сме целосно во служба на своите сограѓани“, информираше градоначалникот Андонов, кој излезе во пресрет на потребите за непречено одвивање на утрешниот настан – осветување на водите по повод празникот Богојавление – Водици.

1_355x768 2_355x768 3_355x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево воведува приемен ден за граѓаните

Priemen

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, воведува приемен ден за граѓаните.  Секој понеделник почнувајќи од 13,00 часот ќе биде период во кој граѓаните по претходно закажување ќе можат да остварат средба со градоначалникот на која ќе можат да разговараат со него и да му ги изложат своите проблеми, идеи или прашања.

Телефонски број за закажување на средбите е 034 354 444.

„Средбите со граѓаните како механизам на соработка ги сметам за најобјективен, најкоректен и најфер начин на комуникација, а со воведувањето на ПРИЕМЕН ДЕН за граѓаните,  на ваквата комуникација и даваме нова поквалитативна димензија, бидејќи секој граѓанин кој има потреба, ќе може во однапред точно утврден термин да оствари комуникација со мене и  на најнепосреден начин да ги образложи своите проблеми или да ги изнесе своите ставови. Освен непосредноста, со овој начин на комуникација акцент се става и на почитувањето на времето на секој поединец, со оглед на тоа што сите знаеме дека живееме во динамично секојдневие, чија ефикасност во многу зависи од доброто планирање. Очекувам воведувањето ПРИЕМЕН ДЕН за граѓаните многу брзо да даде позитивни резултати и да биде позитивен чекор во приближувањето на локалната самоуправа кон нејзините граѓани“, е ставот на градоначалникот на општина Всилево Славе Андонов во врска со воведувањето на приемниот ден за граѓаните.

priemen den

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се уредува дворот на училиштето во с. Дукатино

naslov

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Дукатино  во тек се активности на уредување на училишниот двор со бекатон плочки.  Плочките се поставуваат околу училишната зграда на предниот, влезен дел од објектот со што влезната партија добива сосема нов лик  и дополнително придонесува за подобрување на хигиената во и околу училиштето.

„Деновите додека учениците се на зимски распуст  училиштето ги користи за реализација на оваа активност, која е планирана токму за овој период кога учениците не се на настава, со цел градежната активност да се одвива непречено и без да има негативно влијание врз нормалното одвивање на наставниот процес“, информираше директорот на ООУ„Гоце Делчев“, Дејан Стојанов, во чиј состав е  ова подрачно училиште.

Активноста се спроведува со средства обезбедени од Буџетот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.

3_1024x577 4_1024x768

2_1024x577

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжија активностите на реконструкција на Домот на културата во Василево

4

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес изврши увид во текот на градежните активности на Домот на културата во Василево, кои после подолг прекин  продолжија.

„После подолг временески период на стагнација, продолжија градежните активности на реконструкција, адаптација и санација на Домот на културата во населеното место Василево.  Реализацијата на овој проект, со оглед на неговото значење не само за  жителите на населеното место Василево туку и за жителите од целата општина е од особено значење, поради што после интервенција од наша страна, по период на подолг застој, успеавме да продолжиме  со реализација на планираните активности“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Реконструкцијата е целосна и опфаќа демонтажа (рушење) на постоечката кровна конструкција,  постоечките плафони, преградните ѕидови, демонтажа на постојната бина и комплетната столарија (врати и прозорци), и изградба, набавка  и монтажа на копмплетно нови елементи и конструкции, со што постојниот објект, со сите негови простории ќе биде целосно нов и функционален.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13 700 000 денари од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој и Владата на РСМакедонија, а остатокот, со Одлука на Советот на општина Василево, од општинската каса.

Сите планирани активности, комплетно треба да бидат завршени во текот на оваа година.

3

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавна покана за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година

LOGO, Opstina Vasilevo

Врз основа на член 29 од Законот за данок на имот (Сл. Весник на РМ бр. 61/2004, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 23/16, 151/21) општина Василево објавува

ЈАВНА ПОКАНА

за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година

Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година (образец ДИ), поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице), сопственик, корисник или плодоуживател на станбени објекти, административни згради и деловни простории кои служат за вршење на дејноста на обврзникот и сите други објекти во сите населени места  вклучувајќи ги и оние од ридско-планинските подрачја. Од 01.01.2008 година обврска за поднесување на даночна пријава за имот има и за оној имот кој досега бил ослободен од одредбите на досегашниот Закон.

 ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОК НА ИМОТ СЕ:

  • Правни и физички лица, сопственици на имот;
  • Правни и физички лица, корисници на имот во случаи кога сопственикот не е познат или не е достапен;
  • Плодоуживател на имот, согласно Законот;
  • Ако имотот е сопственост на повеќе лица, секој од нив е сопственик на данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел;
  • Правни и физички лица кои дополнителнио се стекнале со имот во текот на претходни години, а не го пријавиле;
  • Имотот на кој настанале промени во вредноста (изградба, доградба, довршување, проширување),

НАПОМЕНА

  • Даночен обврзник кој поднел даночна пријава за данок на имот во 1994 година или во наредните години, а кај кого нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува даночна пријава;
  • За неподнесување даночна пројава, даночниот обврзник ќе се казни со парична казна согласно Законот за данок на имот;
  • Проверка на терен како и точноста на сите досега пријавени податоци ќе ги врши даночен инспектор .
  • Даночната пријава се поднесува во Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во општина Василево.
Изготвил                                                                                                општина Василево
Блажо Стоилков                                                                                    Градоначалник,
                                                                                                              Славе Андонов

 

Јавна покана за поднесување даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 г.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов

Untitled

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, до своите сограѓани од христијанска вероисповед  упати честитка.

Почитувани мои сограѓани од христијанска вероисповед,

Славејќи го Рождеството Христово, се потсетуваме на основните христијански вредности кои се најголем двигател во нашите животи.

Сплотувањето, мирот и радоста во овие денови ни ги исполнуваат душите а светлината со кои зрачат има за цел да ни го покаже вистинскиот пат во овие тешки времиња.

Рождеството христово ни влева надеж и ни испраќа најсилна порака, да шириме љубов и да бидеме хумани, бидејќи во овие времиња тоа е најпотребно.

Останете со добро здравје, радувајте се и славете го животот а празниците поминете ги во кругот на најблиските,

Христос се роди, вистина се роди, за многу години Божиќ.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Бадниковата поворка ја посети општина Василево

1

Денес, дечињата од Бадниковата поворка, пеејќи Бадникови песни ја посетија општина Василево, каде ги пречека градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Сакам да ви се заблагодарам што Бадниковата поворка годинава беше и во Општина Василево. Коледарите носат среќа и бериќет на секоја врата на која ќе затропаат, па силно верувам дека вашата убава мисла и енергија во новата година што ја започнуваме, ќе донесат благосостојба, хармонија, среќа, здравје и радост на секој жител на Општина Василево. Воедно,ова се моите желби и за сите православни христијани, жители на Општината, со кои заеднички ги празнуваме Божикните празници. Нека овој Божик ни донесе меѓусебно разбирање и почитување, нека ни донесе просперитетна иднина и подобар живот на сите нас“, напиша на својот ФБ профил, www.facebook.com/slave.andonov

Градоначалникот на општина Василево Андонов, кој кој во согласност со традицијата ги даруваше коледарчињата со овошје и бисквити.

7 4 5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства во Градашорци

наслов

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на децата од социјално загрозените семејства во Турското маало во с. Градашорци, им подари пакетчиња.

„Ова е период на празници, период  на кој  сите му се радуваме а посебно децата. Со овој чин на дарување, на дечињата од социјално загрозените семејства во т.н  Турско маало им  пренесовме дел од празничната атмосфера,  и ја зголемивме нивната радост.

Пакетчињата се состоеја од  играчки,  а насмевките на детските лица беа  најголемото „ благодарам“ за нас и потсетување дека некогаш е потребно навистина малку за да се стопли нечие срце“, изјави градоначалникот на општина Василево за чинот на дарување.

3 4 6


5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево ги посети откупните пунктови за тутун

1

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов беше во посета на пунктовите за откуп на тутун во населените места Радичево, Ангелци и Сушево, каде во непосредна средба и разговори со тутунопроизводителите се интересираше за текот на откупот и состојбата во оваа област.

„Денес на терен ги слушнав маките и проблемите на тутунопроизводителите. Интересот и грижата за општото добро на сите мои сограѓани е приоритет во мојата секојдневно работење. Денешната посета беше токму во насока на информирање  за состојба во делот на откупот на тутун, проблемите со кои се соочуваат и секако изнаоѓање можностите и начини за институционално дејствување заради надминување и  разрешување на одредени ситуации. Пораката од нашите тутунари од денешната средба е да се иницира измени во Законот за откуп на тутун, со тоа што би се забранил увоз на тутун се до оној момент додека не се откупи и последното ливче од нашиот домашен тутун.  Сметаме дека на тој начин ќе се стимулираат тутунопроизводителите да вложуваат во развој на идната реколта и на тој начин да си обезбедат сигурна и подобра егзистенција за семејството, што би придонело и за намалување на иселувањето на младите од нашата средина. Останувам целосно посветен на ветувањата дека  во текот на мојот мандат ќе бидам секогаш достапен  за граѓаните и подготвен за решавање на проблемите со што ќе се постигне повисоко ниво на квалитет на животните услови“ , изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во врска со денешната посета на откупните пунктови за тутун.

5 7 8 9 10

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов

Untitled

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод Нова година со видео обраќање преку својот  ФБ профил,  https://www.facebook.com/slave.andonov, на сите свои сограѓани им упати честитка со пораки за здравје, мир, радост и бериќет во наредните 365 денови. Во наредната година Ви  пожелувам да останете вредни како досега, родот да се зголеми а здравјето, радоста и бериќетот да бидат секојдневен гостин во Вашите домови.

„Нова година е празник на сплотувањето. Секоја година на 31-ви декември сите жители на планетата земја, без разлика на пол, возраст, вероисповест или боја на кожа испраќаме порака со надеж за здравје, мир, радост, и бериќет во идните 365 дена.

Почитувани жители на општина Василево, уважени мои сограѓани!

Благодарение на Вашата доверба,  како Ваш градоначалник и должник обврска ми е и официјално да Ве известам дека општината ја затекнав презадолжена и со блокирани сметки. Но и покрај тоа за краткиот изминат период  на мојата функција во Ваша служба, успеавме да решивме поголем дел од подзаборавените проблеми од моите претходници. Во населеното место Чанаклија направивме порамнување на улиците и ја исчистивме дивата депонија. Го осветливме дворот и ги пуштивме во употреба кабинетите во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево и ООУ „Атанас Нивичански“ во Нова Маала наменети за изведување на настава по предметите биологија и хемија а делумно и за настава по физика и математика. Во населеното место Добрашинци ги асфалтиравме двете улици и со тоа решевме децениски проблем на жителите од ова населено место.  Го исчистивме отворениот канал во населеното место Пиперево со што се нормализира неговата функција и целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските води кои природно во периодот кој следува ќе бидат во пораст.  Заврши изградбата на пристапната улица која води од влезот во населеното место до училишната зграда во Нова Маала. Со  поддршка на општина Василево и Јавното комунало претпријатие Турија во населеното место Радичево се изведуваат активности за изградба на базен во кој ќе се изведува верскиот обичај „осветување на крстот“ по повод празникот Богојавление Водици. Ја расчистивме дивата депонија во населеното место Василево која се наоѓа на излезот од селото после големото фудбалско игралиште во насока на реката. Го исчистивме отворениот канал во населеното место Градашорци од каде со механизација се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно тиња, кал и вегетација. Проширена е мрежата на атмосферската канализација во населеното место Василево.  Го исчистивме и отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци – активноста се изведуваше на потегот кај селските гробишта во должина од околу 100-тина метри. Извршивме увид во градежните активности на патот Ново Владевци – Старо Владевци – со изведувачот се договоривме да ја интензивираат работата пред зимските врнежливи денови.  Во населеното место Седларци го исчистивме атмосферскиот канал во целосна негова должина покрај патот. Активно работиме на реализација на сите ветувања. Тоа што сме го ветиле и ќе го реализираме. Знаејќи го тоа ни ја дадовте Вашата ценета доверба. Мојата најголема цел е да не ве изневерам. Знаете дека мојата врата е отворена за сите граѓани во општина Василево и во добро и во лошо.

Во наредната година Ви пожелувам да останете вредни како досега, родот да се зголеми а радоста, здравјето и бериќетот да бидат секојдневен гостин во Вашите домови.

Среќни Новогодишни празници

Ваш градоначалник,
Славе Андонов
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail