Author Archives: opstinaadmin

Градоначалникот Славе Андонов оствари средба со претставници на ЦУК

DSC_0371_1024x681

Во просториите на општина Василево,  градоначалникот на општината Славе Андонов одржа прва, работна средба со претставници на Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица,  Милан Русев,  Димитар Стојовски и Билент Исинов кој воедно е и член во Советот на општина Василево.

Како што информираа претставниците од ПО РКОА РЦУК-Струмица, целта на средбата била запознавање на градоначалникот со законските надлежности на РЦУК,  за субјектите во системот за  управување со кризи,  за тековните проекти како и обврските на општината во системот за управување со кризи.

На средбата посебно е нагласена потребата од рано предупредување, превенција и справување со кризи и кризни состојби, како би се превенирале последици од поголеми размери.

DSC_0373_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Исчистен отворениот канал во Градашорци

DSC_0347_1024x681

Се чистеше отворениот канал во населеното место Градашорци, од каде со механизација се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно тиња, кал и вегетација. Според информацијата од претставникот на ЈПКД  „Турија“, Василево  исчистен е целиот канал, во должина од околу 250 метри со што се нормализира неговата функационалност односно целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските  води кои природно, во периодот кој следува, ќе бидат во пораст.

Увид во активноста направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со чија координаација се одвиваат секојдневните активности на комуналното претпријатие.

DSC_0339_1024x681

DSC_0340_1024x681

DSC_0345_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов на Седница на ЦРЈИПР

2

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  согласно своите законски овластувања, присуствуваше на Првата (Конститутивна) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која  се верифукувани мандатите на десетте градоначалници од Југоисточниот регион, а избран е и претседател на Советот. Новиот состав на Советот на ЈИПР е: Блажо Шапов – градоначалник на општина Богданци, Ристо Манчев – градоначалник на општина Босилово, Перо Костадинов – градоначалник на општина Валандово, Славе Андонов – градоначалник на општина Василево,  Андон Сарамандов – градоначалник на општина Гевгелија, Анго Ангов –  градоначалник на општина Дојран, Златко Ристов –  градоначалник на општина Конче, Ѓорѓе Божинов – градоначалник на општина Ново Село, Ацо Ристов – градоначалник на општина Радовиш и  Костадин Костадинов – градоначалник на општина Струмица.

За претседател на Советот избран е градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

1

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Проширување на мрежата на атмосферската канализација во Василево

DSC_0328_1024x681

Денес, се  работеше на проширување на мрежата на атмосферска канализација во населеното место Василево. Со механизација и рачно вршен е ископ на канал и поставување на цеви и шахта за прибирање и канализирање на атмосферските води, кои во случај на врнежи завршуваат во дворовите и предизвикуваат штета на околните домаќинства и улицата која ги поврзува. Увид во тековната активноста изврши градоначалникот на општина Василево, кој континуирано, на терен,  ја следи работата на јавното комунално претпријатие.

DSC_0314_1024x681

DSC_0320_1024x681

DSC_0321_1024x681

DSC_0318_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за втората седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 25.11.2021 година (четврток) со почеток  во 13,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи втората седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  2. Предлог-решение за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата;
  3. Предлог-решение за формирање на Комисија за општествени дејности;
  4. Предлог-решение за формирање на Комисија за земјоделие и заштита на животната средина;
  5. Предлог-решение за формирање на Комисија за статут и прописи;
  6. Предлог-решение за формирање на Комисија за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита;
  7. Предлог-решение за формирање на Комисија за еднакви можности;
  8. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2022 година;
  9. Предлог-одлука за определување на членови на Советот на општина Василево да учествуваат во постапката при склучување на бракови во општина Василево;
  10. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
  11. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала;
  12. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  13. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Илми Мустафов од с. Градашорци;
  14. Измена на годишен план за вработување за 2021 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
  15. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковниот одбор на Св. Наум, с. Чанаклија;
  16. Финансиски извештај на ЈП„Турија“ за трето тромесечие за 2021 година од 01.01.2021 до 30.09.2021 година;
  17. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2021 година за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021 година (К-1);
  18. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 30.09.20121 година (К-2);
  19. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021 година (К-3);+
  20. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковниот одбор од с. Добрашинци.

Седницата ќе се одржи во Спортската сала при ООУ „Гоце Делчев“, Василево, со почеток во 13,00 часот

Дневен ред

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Чистење на каналот во с. Ангелци

naslov

Екипа на ЈПКД „Турија“,  во рамки на своите работни активности, го чистеше отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци. Активноста се изведува на потегот кај селските гробишта во должина од околу стотина метри. Со механизација и рачно се отстранува наносот од тиња, кал и вегетација со што практично му се враќа функционалноста.

Увид во активноста изврши градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

DSC_0304_1024x681 DSC_0299_1024x681 DSC_0302_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ЈПКД Турија ја чистеше дивата депонија во Нова Маала

DSC_0310_1024x681

ЈПКД „Турија“, Василево, по налог на општина Василево ја чистеше дивата депонија на влезот од населеното место Нова Маала. Увид во сработеното изврши градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој упатува апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и да не фрлаат отпад насекаде, бидејќи на тој начин се уништува животната средина и се трошат средства кои општината би ги искористила за  други намени во корист на граѓаните.

Општото добро и квалитетот на животот на граѓаните од сите населени места е врвен приоритет во работењето на општината.

received_639517370747654 received_853913361884747 received_3017747645154872

DSC_0311_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана Конститутивната седница на Советот на општина Василево

наслов,1

Ристо Делијанов е новиот претседател на Советот на општина Василево, кој на првата конститутивна седница на Советот на општина Василево беше избран едногласно.

Делијанов им се заблагодари на своите колеги за поддршката и дадената доверба и вети дека ќе се залага  сите заедно да работат за доброто на граѓаните на општина Василево.

Мандатот на Советниците и изборот на Делијанов за претседател на општинскиот Совет им го честиташе и градоначалниот на општина Василево, Славе Андонов, кој им посака успешна работа и им вети дека Одлуките кои ги носат ќе бидат спроведени.

„Околу 12 години работев како секретар на Советот, работата ми е позната и кој има потреба од некој совет, без разлика што сум градоначалник, можеме да се консултираме, се во интерес да биде како што треба и сите одлуки, дај Боже да ги носиме како оваа денес, едногласно. Едно што сакам да Ви порачам е сите да бидеме на нивото на одговорноста што ни ја дал народот и посебен е моментот поради што тоа го барам бидејќи нашата општина е во катастрофална економска состојба оставена од претходната власт, поради тоа барам посебна одговорност и дисциплина од сите Вас, па и од мене, и со заеднички донесени одлуки да ја извадиме општината од состојбата во која се наоѓа“, им порача градоначалникот Андонов.

На оваа седница, беше формирана Комисија за верификација на мандатите, која ги верифукуваше мандатите на 15-те Советници, по што истите со давање и потпишување на свечената изјава се обврзаа дека ќе работат согласно законите и уставот во интерес на сите граѓани.

Согласно дневниот ред, на седницата  беше формирана и Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања во чиј состав се: Блаже Коцев, Александра Мадевска, Живко Атанасов, Александар Митрев и Ристо Делијанов.

DSC_0241_1024x681

DSC_0261_1024x681

DSC_0284_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржан координативен состанок за проектот „Подобрување на социјалните услуги“

koordinativen-sostoanok-13

Во рамки на проектот „Подобрување на социјалните услуги“,  вчера во  Општинската организација на Црвен крст Струмица  одржан е координативен состанок во партнерство со општините Ново Село и Василево.

На состанокот учествуваа секретарот на Општинска организација Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, координаторот на проектот, Менче Златинова, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

Целта на состанокот беше разгледување на динамиката за имплементација на услугата помош и нега во домот како и преглед на досегашните спроведени активности.

Проектот ,,Подобрување на социјалните услуги“ е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со дел од заемот на Светска банка.

koordinativen-sostanok-12

koordinativen-sostoanok-13

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Закажана Конститутивната седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 18.11.2021 година, со почеток во 16.00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи Конститутивната седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог – Решение за избор на Претседател и членови на Верификациона комисија.

  1. Предлог – Одлука за верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Василево;
  2. Предлог – Одлука за прифаќање на дадената и потпишување свечена изјава на членовите во Советот на Oпштина Василево;
  3. Предлог – Решение за избор на Претседател на Советот на Општина Василево;
  4. Предлог – Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;

Седницата ќе се одржи во просториите на општинската зграда.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail