Author Archives: opstinaadmin

Се асфалтираше улица во Добрашинци

naslovv

Општина Василево, односно градежната компанија, ангажирана од општината, денес асфалтираше улица во населеното место Добрашинци. Улицата е од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општина Василево за 2020 година.  Истата е со должина од 175 метри и  ширина од околу три метри односно онолку колку што дозволуваат условите на лице место.

Буџетот, во висина од околу 630 000 денари е обезбеден од општинската каса.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, следни на ред за асфалтирање од истата Програма, односно Програмата за 2021 година се улиците во населените места Чанаклија, Нова Маала и Едрениково, по што ќе следува ртеализацијата на улиците од Програмата за 2021 година.

3

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево започна со реконструкција на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

naslov

Општина Василево, започна со градежни активности за реконструкција и ревитализација  на локалниот патен правец Ново Владевци – Старо Владевци во должина од околу 2 км. Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од Светска Банка, преку Владата на РСМакедонија и Министерството за транспорт и врски, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

„Како градоначалник на општина Василево секогаш работиме плански, домаќински и одговорно. Во изминатиот период посебно внимание обративме на локалната патна инфраструктура. Локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци беше даден како приоритет од граѓаните на населеното место Владевци и еве денес започнуваме со градежни активности односно со реконструкција и ревитализација на истиот. Вредноста на овој проект изнесува околу 20 000 000 денари, средства обезбедени од Министерство за транспорт и врски, Владата на РСМ и Светска банка“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев преку социјалната мрежа ФБ, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan

Изградбата на овој локален пат е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2020 година  како и со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2021 година.

Изведбата на проектот е во рамки на програмата Проекти за поврзување на локални патишта –П 170267 Тендер 2 – LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.2

Целокупната постапка околу изборот на изведувач на градежните работи се оддвиваше преку министерството за транспорт и врски на РСМакедонија.

 2

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште

naslov

„Граѓаните од Нова Маала добија повеќенаменско игралиште“. Оваа информација преку општинската ФБ страна,  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, ја сподели градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

Игралиштето е оградено, опремено со кошеви и стативи  и  е осветлено, со што неговите корисници ќе имаат можност и за ноќно спортување.

Буџетот за реализација на овој проект  целосно е обезбеден од општинската каса и согласно Договорот со изведувачот, изнесува  3 040 545 денари.

Изведувач на градежните активности на терен беше копанијата Универзал градба, која на јавно објавениот тендер, достави најповолна понуда.

2

3

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна реконструкцијата на улицата од црква до ООУ „Гоце Делчев“ во Василево

5

Општина Василево започна со градежни активности за реконструкција на улицата од цркваата Пресвета Богородица до ООУ„Гоце Делчеев“, во населеното место  Василево, во должина од 720 метри.

Активностите опфаќаат целосна реконструкција на постојната коловозна лента, нејзино асфалтирање и изградба на отворен канал за прибирање на атмосферските води.

Вкупиот буџет за реализација на планираните активности изнесува околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди од Владата на РСМакедонија, преку Бирото за регионален развој и околу 4,5 милиони од сопствени извори на приходи.

Согласно Договорот со изведувачот, градежната компанија, Евроградба Инженеринг, рокот за изведба на активностите е 120 дена.

Како што информираше градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев, преку ФБ страната на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan,  „После реконструкција на двете главни улици и тоа улицата од пошта до црква, улицата од пошта до повеќенаменско игралиште и голем број на локални улици во Василево, врз основа на приоритетите дадени од граѓаните ќе се реконструира и оваа улица во должина од 720 метри која ќе опфати и решение одведување на атмосферските води. На овој начин продолжуваме да ја подобруваме локалната патна инфраструктура а со тоа го подобруваме пристапот на граѓаните до своите домови а истовремено пристапот на најмладите до училиштето“.

Градоначалникот Јанев, ја најави и скорешната изградба на нови локални улици во Василево и населените места во општиата кои се планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални опатишта и улици за 2021 година.

3

5

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Добрашинци ќе се асфалтира улица од 175 метри

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев преку општинската ФБ страна,  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, го најави асфалтирањето на улица во населеното место Добрашинци, во должина од 175 метри. Буџетот за изградба на оваа улица изнесува околу 630 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

„Се работи на подготовка на земјиштето, односно рамнење и тампонирање. Улицата која е во должина од околу 175 метри и се наоѓа веднаш покрај продавницата на Ило Цонев, ќе се асфалтира наредните денови заедно со улиците во Нова Маала и Чанаклија“, информираше градоначалникот Јанев.

Оваа улица е од Програмата з за изградба на улици за 2020 година.

Градоначалникот најави реализација на уште две улици во ова населено место, кои се планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2021 година.

3

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ за изменет режим на сообраќај поради изведување на градежни работи

izmenet rezim na soobrakaj

Почитувани,

Поради изведување на градежни работи односно Реконструкција на улицата  во село Василево која води од црквата Пресвета Богородица до ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Ве известуваме дека  почнувајќи од вторник, 21.09.2021 година, сообраќајот ќе се одвива со изменет режим, односно преку соседните улици.

Ваквиот изменет режим на сообраќај ќе трае до целосно завршување на предвидените активности, кои согласно Договорот со градежната фирма Евроградба Инженеринг која е изведувач на активностите на терен, ќе трае четири месеци.

Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на овој проект, општина Василево како инвеститор очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници сообраќајот  во периодот додека трае реконструкцијата на улицата.

 Со почит,
  општина Василево
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Две улици во Чанаклија се подготвуваат за асфалтирање

naslov

Општиа Василево започна со подготвителни активности за асфалтирање на две улици во населеното место Чанаклијаа. Како што информира градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев преку општинската ФБ страна, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, ова се улици од Програмата за 2020 година. Истовремено градоначалникот Јанев  го најави асфалтирањето и на улица во Нова Маала од истата Програма, како и планираните улици во Добрашинци и Едрениково, со што Програмата за 2020 година ќе биде  целосно реализирана.

Улиците се со должина од 100 и 115 метри, а буџетот во износ од околу 450 000 за едната и околу 370 000 денари за другата се обезбедени од општинската каса.

Изведувач на градежните работи на терен е градежната компанија Пешо Инжинеринг.

2 6

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Нова Мааала ќе се асфалтира улицата кон гробиштата

naslov

Во населеното место Нова Маала во тек е подготовка на теренот за асфалтирање на улицата што води кон гробиштата. Улицата е со должина од 240 метри и ширина од околу 3,5 метри. Вкупниот планиран Буџет за нејзина изградба изнесува околу 950 000 денари, средства обезбедени од општинската каса.

Како што информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев , преку ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, приоритет за оваа улица имаат дадено граѓаните од ова населено место на една од средбите кои градоначалникот ги има одржано со месното население. Улицата е од Програмата за 2020 година, а изведувач на работите на терен е компанијата Пешо Инженеринг.

Јанев ја најави и реконструкцијата на главниот пат од влезот во населеното место до училиштето, која е дел од Програмата за 2021 година.

 3

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна реконструкцијата на Домот на културата во Василево

naslov

Градежната компанија Портланд –ОПЦ, ДООЕЛ, Струмица, која на неодамна завршениот тендер достави најповолна понуда, ги започна активностите за реконструкција на Домот на културата во населеното место Василево. Согласно Договорот вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13,5 милиони денари од кои 10 000 000 денари се обезбедени од Владата на РСМакедонија и Бирото за регионален развој, а останатите општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

Согласно договорениот рок за изведба, сите активности треба да бидат комплетно завршени за 120 дена и реновираниот Дом на културата да биде готов до крајот на декември оваа година.

Реконструкцијата опфаќа: обнова на ѕидовите, нова фасада, нов кров, изградба на нова бина, поставување на нови подови како и комплетна промена на целокупната столарија.

Со реконструкцијата на овој објект, граѓаните на населеното место Василево ќе добијат современ и функционален објект со две сали во кои ќе можат да се одржуваат повеќе видови настани од различен карактер, а воедно и Советот на општина Василево ќе има пристојна сала во која ќе ги одржува своите седници.

1

6

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Марјан Јанев, на првачињата им посака среќен почеток

2

Првачињата од двете основни општински училишта и подрачните во нивниот состав, за прв пат седнаа во училишните клупи. По тој повод градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, им упати честитка со желби за среќен почеток.

„Први септември е посебен за сите учесници во образовниот процес, но единствен и незаборавен за првачињата, кои денес за прв пат како вистински ученици влегуват во училишниот двор. Во деновите и годините што ќе следуваат ќе стекнете многу знаење и вештини кои ќе ви помогнат да ги правите вистинските избори и да чекорите сигурно по патот што ќе го изберете. Ваше е да учите, максимално да се трудите но и меѓусебно да се дружите, а ние возрасните, вашите наставници и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме овде за да ви помогнеме, да ве поддржиме и да створиме подобри услови во кои ќе се одвива вашето секојдневие.

​​Ви посакувам, успешно да ги реализирате ваши желби и сите до една да ги претворите во реалност, да израснете во здрави и способни личности, одговорни за своите постапки, кои на чесен начин ќе одат напред во животот.

За крај ја оставив најголемата желба, да сте ми сите здрави, среќни и весели и токму овде, во вашето училиште со другарчињата и наставниците да ги доживеете најубавите мигови од вашето детство.

Со среќа драги првачиња!, им порача градоначалникот Јанев.

Приемот на првачињата и стартот на новата уќчебна година за сите ученици беше во согласност со протоколите за заштита од Covid-19.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail