Author Archives: opstinaadmin

Потпишан Договорот за реконструкција на Домот на културата во Василево

наслов

Општина Василево  и градежната компанија Портланд потпишаа Договор за реконструкција, санација и адаптација на Домот на културата во Василево.

По спроведената јавна набавка за избор на најповолен понудувач односно градежна компанија, денес е потпишан Договор за реконструкција на Домот на културата во Василево со Портланд-Опц ДООЕЛ, која во понеделник на 16.08.2021 година ќе биде воведена во работа и ќе има обврска за 120 дена комплетно да го реконструира објектот.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13.700.000 денари, од кои околу 10.000.000 денари се обезбедени од БРР и Влада на РСМ, а остатокот од Буџетот на општина Василево со одлука на Советот.

„Конечно граѓаните во општина Василево од сите населени места ќе добијат простории, сала за одржување на свечености и културни манифестации од секаков вид. На овој начин ги подобруваме условите за живот во општина Василево“, напиша на општинската ФБ страна градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод денешното потпишување на Договорот со кој ќе се изврши комплетна реконструкција на Домот на културата во Василево во кој покрај големата сала на приземјето овде се наоѓа и салата во која членовите на општинскиот Совет ги одржуваат своите седници, а кои на една од Своите седници дадоа поддршка за реализација токму на овој проект.

10

4

7

9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Рокот за пријавување кандидати за попишувачи и инструктури повторно продолжен

Logo_mk_stat

Рокот за пријавување кандидати за попишувачи и инструктори за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, е продолжен и истиот ќе трае до 17.08.2021 година.

Во продолжение е официјалното Известување од Државниот завод за статистика.

Известување

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Потпишан Договор за реконструкција на улица во с.Василево

наслов

Општина Василево и градежната компанија  Евроградба-Инжинеринг потпишаа Договор за реконструкција на улица во с. Василево која води од  црквата Пресвета Богородица до ООУ „Гоце Делчев,  во должина од 720 метри.

„После објавената јавна набавка најповолна цена понуди градежната компанија ДГТУ Евроградба-Инжинеринг Дооел с. Владиевци и истата ќе биде воведена во работа во текот на утрешниот ден и врз основа на консултациите направени со истата фирма изградбата ќе почне во текот на овој месец август“, информираша општина Василево преку општинската ФБ страна.

Вредноста за реконструкција на улицата изнесува околу 6.490.389 денари, од кои околу 2.000.000 денари се обезбедени од БРР и Владата на РСМ, а остатокот од Буџетот на општина Василево со одлука на советот на општина Василево.

„После реконструкција на двете главни улици и тоа улицата од пошта до црква, улицата од пошта до повеќенаменско игралиште и голем број на локални улици во Василево, врз основа на приоритетите дадени од граѓаните ќе се реконструира и оваа улица во должина од 720 метри која ќе опфати и решение одведување на атмосферските води.

Почеток на септември ќе се гради и улицата во канал маала со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски и Владата на РСМ.

На овој начин продолжуваме да ја подобруваме локалната патна инфраструктура а со тоа го подобруваме пристапот на граѓаните до своите домови а истовремено и пристапот на најмладите до училиштето.

Наредните денови ќе се објави и јавна набавка за изградба на нови локални улици во Василево и останатите населени места во општина Василево од програмата за 2021 година“, стои во информацијата споделена на општинската ФБ страна: https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan

5

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Апел до жителите на с.Дукатино, да не се уништува водоводната линија

1

Општина Василево апелира до жителите ан населеното место Дукатино да се спречи уништувањето/оштетувањето на главната водоводна линија во селото. Во изминатите денови несовесни сторители во неколку наврати ја оштетиле главната водоводна цевка, затоа  апелираме  до жителите на село Дукатино да го пријават сторителот или сторителите кои во изминатите денови намерно ја оштетуваат главната водоводна цевка од разделната шахта до резервоарот во населеното место Дукатино.

Пред четири дена се случи отстранување и кражба на дел од водоводната цевка во должина од триесет метри, за што е известена и СВР Струмица. По санирање и поправка на истата водоводна цевка од страна на ЈПКД Турија Василево на ден 07.08.2021 година се соочивме со уште една поголема штета, при што главната водоводна цевка е исечена со моторна пила за сечење дрва во должина од 400 метри.

Токму затоа Општина Василево и ЈПКД Турија апелира до граѓаните на с.Дукатино да пријават доколку забележат кој го предизвикува проблемот за што и полициски службеници ќе вршат засилени контроли.

Исто така упатуваме апел и за рационално користење на водата особено сега во летниот период, односно водата да се користи за основните потреби во домакинствата а не за наводнување на своите земјоделски насади.

 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Распоред за ревакцинација на терен

3

 

Ги известуваме граѓаните на населените места во општина Василево, кои се вакцинираа во своите населени места дека ревакцинацијата ќе се врши по следниот распоред:

Дата Населено место
18.08.2021 Василево
19.08.2021 Ангелци, Градашорци
20.08.2021 Седларци, Едрениково
23.08.2021 Владевци
24.08.2021 Сушево
25.08.2021 Дукатино, Радичево
26.08.2021 Висока Маала
27.08.2021 Нова Маала, Добрашинци
30.08.2021 Чанаклија, Пиперево

Локациите и термините остануваат  непроменети и се исти како и за вакцинацијата.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжен рокот за пријавување кандидати за Пописот 2021

Logo_mk_stat

Рокот за пријавување кандидати за попишувачи и инструктори за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, е продолжен и истиот ќе трае до 12.08.2021 година.

Во продолжение е официјалното Известување од Државниот завод за статистика.

Известување

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавен повик за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа

LOGO, Opstina Vasilevo

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Василево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско-корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2021 година објавува Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа.

Пријавите се поднесуваат во Агенцијата за вработување, Струмица.

Крајниот рок за поднесување на Пријавите е 13.08.2021 година до 14,00 часот.

Детални информации можат да се добијат во општина Василево, кај одговорното лице Митко Јанев, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот, во Агенцијата за вработување – Центар за вработување, Струмица кај лицето Ефче Димова и во Центарот за социјална работа, Струмица кај лицето Елисавета Јајналиева.

Во продолжение е интегралниот текст на Јавниот повик за вклучување во Програмата за општинско-корисна работа.

 Јавен повик

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево потпиша Договор за средства од ТАВ Програмата

1

Денес градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  заедно со колегите градоначалници од другите општини ги потпишаа Договорите за финансиски средства од  ТАВ Програмата.

Општина Василево  согласно Договорот обезбеди 26 000 000  денари,  средства со кои е планирано финансирање  на изградбата на водоснабдителен систем за населените места Дукатино и Требичино.

„Упатувам благодарност до Владата на РСМакедонија за  отстапените средства , кои за нас како општина значат инвестиција и  развој а за жителите на населените места во кои ќе се инвестира подобрување на секојдневните услови за живот“,информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по денешното потпишување на Договорот со кој Владата на РСМакедонија на општина Василево и одобри средства за изградба на систем за водоснабдување на селата Дукатино и Требичино.

Во рамки на проектот ќе се изврши комплетна реконструкција и проширување на зафатот каде што е изворот за поголемо количество на вода, изградба на два нови резервоари за филтрирање на водата и поставување на комплетно нова водоводна линија од изворот до двете наслени места и поставување на нова секундарна водоводна линија во селата односно до секое домаќинство.

1

2

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори

Logo_mk_stat

Државниот завод за статистика објави Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и и инструктори за Пописот на населението, домаќинствата, и становите во Република Северна Македонија, што ќе се одржи во периодот од   05-30.09.2021 година.

Ги покануваме сите заинтересирани да  се пријават  и да земат учество во спроведувањето на оваа активност, која е од особено за значење за сите идни планови и проекции за развојот на државата.

Конкурс за реонски попишувачи и инструктори

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail