Author Archives: opstinaadmin

Општината асфалтира во с. Ангелци

naslov

Во текот на денешниот и вчерашниот ден, локалната самоуправа асфалтираше две улици во населеното место Ангелци. И двете улици се од минатогодишната Програма за изградба на локални патишта и улици, за чија реализација средствата се обезбедени од општинскиот Буџет.  Улиците се со должина од 230 и 120 метри и ширина од 3 до 4 метри во зависност од фактичката состојба на теренот, односно асфалтирани се  околу 1 300 м2 .

Вкуниот буџет за двете улици изнесува околу 1 200 000 денари, средства обезбедени од општинската каса. Изведувач на градежните активности на терен е компанијата Пешо-Инжинеринг. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марjан Јанев, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan,  до крајот на неделата ќе се изградат и улици во Седларци и Едрениково кои се веќе подготвени за асфалтирање, по што механизацијата на градежната компанија во наредниот период ќе продожи да работи во населените места Добрaшинци, Нова Маала и Чанаклија.

 10

11

21

22

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 46-та Седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 46-та седница, на чиј дневен ред по дополнувањето направено на самата седница имаше вкупно четири предлози кои беа разгледани и усвоени од страна на советниците.

Предлог-Одлуката  за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југоисточниот плански регион број 07-2510/1 од 28.12.2007 година и Одлука за основање на Центар за развој на Југоисточен плански регион (Пречистен текст) , беа двата предлози за кои позитивно се изјаснија Советниците а се однесуваат на работи поврзани со функционирањето на Центарот за развој на југоисточниот плански регион. Позитивен одговор добија и двете барања за финансиска помош доставени до општинскиот Совет од физички лица.

1

3

4

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 46-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На ден 30.06.2021 година(среда) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 46-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот двевен ред:

  1. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југоисточниот плански регион број 07-2510/1 од 28.12.2007 година;
  2. Донесување на Одлука по Барање за финасиски средства поднесено од Кралев Борче, с. Василево;
  3. Донесување на Одлука по Барање за финасиски средства поднесено од Стојанов Дарко од с. Ангелци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пиперево доби две новоасфалтирани улици

1

Денес, градежната компанија Пешо Инженеринг акгажирана од страна на општина Василево, асфалтираше две улици во населеното место Пиперево.  Едната е со должина од 270 метри а другата 62 м.  односно асфалтирани се вкупно  околу 950 м2,  за кои буџетот во износ од  околу 770 000 денари е обезбеден  од општинската каса.

Овие две улици се од Програмата за изградба на улици и патишта за 2020 година. Во наредните денови, истата градежна компанија, Пешо Инжинеринг.  која го има добиено тендерот за реализација на целата Програма за изградба на улициу и патишта за 2020 година, продочжува со подготбителни активности за изградба на планираните улици и во другите населени места на општина Василево.

Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, преку општинската ФБ страна, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, наредни населени места каде ќе се работи се Ангелци, Нова Маала, Доброшинци, Чанаклија, Седларци и Едрениково, а истовремено се подготвува документација за објава на јавна набавка за изградба на улици од Програмата за 2021 година кои ќе бидат изградени во текот на летниот период.

 1

2

9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Прво прскање против возрасни комарци

komarec

Според информацијата добиена од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во деновите 15,16 и 17.06 2021 година во периодот од 20,00 до 04,00 часот, во општините од ЈИПР ќе се прска против комарци. Прскањето ќе се спроведува по следниот распоред:

  1. На 14.06.2021 година (понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 15.06.2021 година (вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 16.06.2021 година (среда), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево потпиша Меморандум со Националната федерација на фармери

1

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и претставник на Националната федерација на фармери (НФФ), потпишаа Меморандум за соработка со кој се дефинира спроведувањето на проектот From Disability to Foodability кој НФФ ќе го имплементитра во општина Василево. Во рамките на овој проект во општина Василево ќе биде изградено детско инклузивно игралиште опремено со сите потребни реквизити. Игралиштето  ќе придонесе во развојот на инклузивниот образовен систем. Проектот „From Disability to FoodAbility има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна како што се пластениците и градините за производство на зеленчук. Проектот е финансиран од Шведската организација за развој.

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево потпишани договори за два проекти

наслов

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два засебни Договори за два инфраструктурни проекти, со кои општината обезбеди околу 11 500 000 денари за нивна реализација.

Реконструкција на улица од црква Пресвета Богодорица до ООУ „Гоце Делчев“, Василево во населено место Василево е едниот од двата проекти за кои општината потпиша Договор. Вкупната вредност на овој проект изнесува 6.229.214 денари и за неговата реализација 2 000 000 денари се обезбедени од БРР а остатокот од општинскиот Буџет. Другиот проект за кој денес е потпишан Договор е Реконструкција, санација и адаптација на постојан објект на Дом на култура во населено место Василево, за чија реализација вкупниот буџет изнесува 13.686.364 денари. од кои  согласно денес потпишаниот Договор 9.581.575денари  се обезбедени од БРР , а остатокот од општинскиот Буџет. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, објавена  на општинската ФБ страна  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, наредниот период следува постапка на објава на јавна набавка за избор на градежна компанија за изведба на двата инфраструктурни проекти а со тоа и отпочнување со нивна изградба во наредниот период.

4 2 3

 1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Доделени сертификати за негуватели на стари и лица со попреченост

naslov

Денес, во просториите на ОО на Црвен крст во Струмица, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој општина Василево го спроведува во партнерство со општина Ново Село, Црвен крст Струмица и МТСП, доделени се сертификати за успешно завршена обука за негуватели на стари лица  и лица со попреченост. На церемонијата на доделување на сертификатите присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој изрази благодарност до сите вклучени партнери во проектот и посака соработкта да продолжи и во иднина.  „Со проектот за подобрување на социјалните услуги, финансиран преку Министерствот за труд и социјална политика и заем од Светска банка, веќе трасираме еден правец на планирана и континуирана помош на граѓаните. Во рамки на проектот во општина Василево се обучени пет лица кои ќе даваат услуги на десет корисници. Наша цел како општина е да прераснеме во средина која ќе нуди квалитетна заштита на граѓаните а со тоа и подобрување на условите за живот. Во овој проект општина Василево   е партнер со Општина  Ново Село  и ОО на  ЦК  Струмица,  затоа сакам да изразам огромна благодарност до ЦК и МТСП и сум сигурен дека оваа одлична соработка ќе продолжи и во иднина а на Вас лицата кои бевте обучени и добивте сертификат за извршената обука Ви честитам и Ви посакувам успешна работа.“,

Во рамки на проектот опремени се и две простории/канцеларии, по една во двете партнерски општини,  кои ќе служат како база и инфо центри за потребите на сите вклучени учесници, а набавено е и едно транспортно возило кое ќе биде во функција на извршување на секојдневните оперативи обврски на негувателите.

Во рамки на овој проект, лицата корисници, услугите кои се состојат во помош во извршување на секојдневните животни потреби,  ќе ги добиваат во својот дом.8

4

5

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ од ЈПКД „Турија“, Василево за прекин во водоснабдувањето

вода

ЈПКД„Турија“, Василево ги известува граѓаните на населеното место Василево, корисници на вода од регионалниот систем за водоснабдување, дека утре, 10.06.2021 година, во периодот од 10,00 до 13,00 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода.  Причината за прекинот, како што информираат од ЈПКД„Турија“ е извршување на работни активност на водоводната мрежа и   апелираат  до граѓаните да имаат разбирање за состојбата и навреме да се снабдат со вода за евентуални неопходни потреби.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одложено утрешното прскање против комарци

komarec

Ги известуваме граѓаните на општина Василево дека СЕ ОДЛОЖУВА прскањето против комарци кое требаше да се спроведе на 08.06.2021 година во периодот од 20,00 до 04,00 часот.

Според информацијата од  Центарот за развој на ЈИПР во чија организација се спроведува прскањето, истото се одложува поради неповолни временски услови, т.е појава на врнежи во предвидениот период.

Одложувањето се однесува за сите десет општини од Регионот.

За новиот термин во кој ќе се спроведе прскањето, граѓаните ќе бидат дополнително известени.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail