Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 39-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На 23.12.2020 година (среда),  со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 39-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог- годишна програма за работа на Советот на општина Василево за 2021 година;
  2. Програма за работа на ЈПКД „Турија“, Василево за 2021 година;
  3. Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2021 година;
  4. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводна мрежа во општина Василево за 2021 година;
  5. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2021 година;
  6. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  7. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  8. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2021 година;
  9. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населените места во општина Василево за 2021 година:
  10. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2020/2021 година во зимски услови;
  11. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
  12. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;
  13. Предлог-програма за социјална заштита во 2021 година;
  14. Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  15. Предлог-програма за уредување на простор на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2021 година;
  16. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2021 година;
  17. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  18. Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2021 година;
  19. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона на општина Василево за 2021 година;
  20. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Василево за 2021 година

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево, со почеток во 12,00 часoт.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба со заменик министерот за труд и социјална политика

1

Денес, во својот кабинет, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев оствари средба со з Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија.

Според информацијата од градоначалникот Јанев на средбата се разговарало за соработката помеѓу овие две институции.

По средбата во кабинетот,  направен е заеднички увид во текот на градежните активности на детската градинка во с. Ангелци, за чија изградба средствата во висина од 14 400 000 денари општината ги обезбеди од Министерството за труд и социјална политика преку Програмата на Владата на РСМакедонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

2

4

7

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Свечена седница на Советот на општина Василево

наслов

Денес, Советот на општина Василево одржа Свечена седница по повод 24-годишнината од одржувањето на Првата, Конститутивна седница и оснивањето на општина Василево.

Седницата, поради препораките за неодржавање на јавни настани и манифестации, беше скромна и без вообичаеното присуство на гости и пријатели на општината или

како што рече и градоначалникот на општината Марјан Јанев, во своето обраќање „за прв пат од оснивањето на општината, одбележувањето е навистина скромно, и во буквална смисла „во кругот на најблиските.Причината е позната: пандемијата со Copvid-19, која не натера да ја прифатиме новата реалност, да и се прилагодиме и да работиме и живееме согласно, веќе добро познатите препораки на Светската здравствена организација. Заштитните маски станаа наше секојдневие, а држењето растојание, безбеден простор за одвивање на активностите“.

Но и покрај вонредната состојба,  „нашата улога, нашата мисијаи  нашата цел како локална самоуправа и во вакви, по сите параметри вонредни околности, продолжува. Прилагодувајќи се на новонастанатата состојба, сметам дека успешно се вклопивме во новата реалност.Го продолживме континуитетот на изградба и развој на општината преку реализација на проектите, за кои сите ние овде присутните, во рамки на нашите надлежности дадовме свој придонес“, нагласи Јанев во своето обраќање пред членовите на општинскиот совет и вработените. Зборувајќи за постигнувањата и резултатите од последната година, потсети на реализираните проекти од кои најголемиот дел се од локалната патна инфраструктура, на  активностите во делот на комуналната сфера и заштитата на животната средина, притоа потсетувајќи дека континуитетот на изградба и развој на општината, започнат пред 24 година, продолжува во секој нов ден, затоа што, како што рече во завршниот дел од обраќањето  „заедничка желба и интерес на сите граѓани на општина Василево е таа да ни биде убаво место за живеење, дом кој заедно ќе го градиме и во кој заедно ќе живееме“.

Свое обраќање имаше и Претседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев, кој изрази задоволство од соработката и успешното прилагодување на состојбата во интерес на непрелено одбивање на општинските активности. „Чест ми е како претседател на актуелниот Совет  јавно да го споделам задоволството од можноста заедно  со сите вас членовите на Советот и градоначалникот, со Одлуките што ги носиме да се вградиме во развојот на нашата заедница и во развојот на секое населено место  посебно.Дури и во оваа, особено тешка за било какво нормално функционирање, 2020 година, успевавме,  секогаш кога беше неопходно, да обезбедиме мнозинство, да ги одржиме седниците,  и да ги  донесеме одлуките кои ќе овозможат  нормалното одвивање  на тековните  активности и функционирање на локалната самоуправа“, нагласи Крсте Панев во своето обраќање.

Седницата се одвиваше во присуство на членовите на општинскиот Совет и дел од вработените во општинската администрација.

DSC_0354_1024x681

DSC_0341_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Две седници во ист ден, редовна и свечена, одржа Советот на општина Василево

наслов

Денес Советот на општина Василево одржа две седници: Редовната 38-ма  и веднаш по неа Свечената за одбележување на 26-годишнината од одржувањето на Првата, (Конститутивна) Седница и оснивањето на општина Василево.

Двата предлози од дневниот ред на 38-та седница:  Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево и Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2020 година, го добија потребното мнозинство. По Барање на РЦУК, Подрачно одделение Струмица, општина Василево треба да започне активности за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево од сите ризици.  Како редовна обврска, општина Василево оваа активност треба да ја заврши во текот на првиот квартал од наредната година.

Одлуката што советниците ја донесоа за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево се однесува на Програмата N10 Основно образование, каде се врши пренамена на дел од средствата од една во друга ставка.

Веднаш по завршувањето на редовната Седница, започна Свечената за одбележување на 24-годишнината од оснивањето на општина Василево, на која свои обраќања имаа преседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев и градоначалникот  Марјан Јанев.

DSC_0328_1024x681

DSC_0327_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Успешна крводарителска акција во Василево

наслов

Денес во Василево,  во организација на ОО Црвен крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево а во согласност со препораките за безбедност поради пандемијата со Covid-19,  успешно беше спроведена акција на доброволно дарување на крв.

Како и многупати досега, граѓаните на општина Василево, вклучително и вработените во локалната самоуправа ја покажаа својата хуманост на дело вклучувајќи  се  во акцијата на доброволно дарување крв.

Акцијата се спроведе во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ во Василево.

наслов

DSC_0355_1024x681

DSC_0356_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во среда ќе се одржи крводарителска акција во Василево

Krvodaritelska

На 16.12.2020 година, (среда),  во организација на ОО Црвен крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево ќе се одржи хуманитарна акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата ќе се спроведе во периодот од 12,00 до 16,00 часот,  во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.

Организаторите упатуваат апел за поголема вклученост во акцијата.

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Свечена седница на Советот на општина Василево

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

На 16-ти Декември (среда) со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Отварање на свечената седница на Советот на општина Василево;
  2. Обраќање на Претседателот на Советот на општина Василево;
  3. Обраќање на Градоначалникот на општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 38-ма седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

Во среда, на 16.12.2020 година, со почеток во 12.00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната триесет и осма седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево
  2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2020 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заврши изградбата на каналот во с. Градашорци

7

„Уште еден капитален проект е успешно реализиран. Речното корито односно каналот во делот кој минува низ опфатот на населеното место Градашорци, во должина од  680 метри е целосно уреден. Коритото се обложи со камен  а за премостување се изградени армирани плочести пропусти, односно мостови“. Со реализацијата на овој проект се реши проблемот со поплавување на домаќинствата и објектите, како и оштетувањето на постојниот асфалт покрај релното корито“,   информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Каналот ги прифаќа атмосферските води кои за време на врнежи, ги поплавуваа домовите, објектите, дворовите, имотите,  патната инфраструктура….притоа предизвикувајќи огромни штети со далекусежни последици, за чие санирање беа неопходни средства, кои општината и граѓаните не беа во можност самите да ги обезбедат, поради што редовно се бараше  помош од институциите на централната власт.

Проектот е реализаиран во соработка со  Владата на РСМакедонија. Вкупниот Буџет согласно Договорот  со фирмата Жикол, која ги изведуваше градежните работи на терен,  изнесува околу 7 800 000 денари, од кои околу 6 500 000 денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година, а остатокот се средства од општинскиот Буџет.

2

4

6

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Комлетно асфалтиран локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

naslov

Со асфалтирањето на последните 1 700 метри заврши комплетната изградба на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала чија вкупна должина е околу 4 км.,  а со тоа и поврзувањето со асфалт и нормализирањето на патната комуникација  на околу 1 500-те  жителите од двете населено места.

Средствата за изградбата на оваа последна делница, во висина од околу 12 000 денари општина Ваилево ги обезбеди од  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Вкупната должина на овој локален пат изнесува околу 4 км и неговата изградба започна во 2013 година кога со средства од Агенцијата за државни патишта асфалтирани се 1,3 км. Изградбата продолжи во 2017 година, кога со средства обезбедени од Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион асфалтиран е дел во должина од 1 км. но сега во насока од Чаканлија кон Нова Маала.  Со сегашното асфалтирање на последните 1,7 км. оваа повеќегодишна активност е целосно завршена, а жителите од овие две соседни населени места, добија квалитетно асфалтно поврзување кое позитивно ќе  влијае на повеќе сегменти од нивното секојдневно  живеење.

12

4

8

5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail