Author Archives: opstinaadmin

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈПКД „Турија“, Василево за подигање на сметот во индустриската зона

kontenjeri

ЈПКД „Турија“ од  Василево ги известува правните лица  од Индустриската зона, со кои има склучено Договор за подигање на сметот,  дека наместо во понеделник,12.10.2020 година,  сметот ќе им биде подигнат во сабота на  10.10.2020 година.

Промента се однесува само за наведениот  термин, а  причината е  што  понеделник, 12.10 2020 година е неработен ден.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

IN MEMORIAM Почина Добрин Андонов- првиот градоначалник на општина Василево

Добрин Андонов

На 05.10.2020 година, почина Добрин Андонов – првиот градоначалник на општина Василево.  Роден е на 05.12.1958 година во Варварица, основно образование завршил во Василево, средно  во гимназијата Јане Сандански во Струмица  и во 1982  година дипломирал на Економскиот факултет  во Штип, при универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.

На чело на општина Василево  е од нејзиното основање во  1996 година  и со неа успешно раководи до 2000 година.

Ќе остане  запаметен по неговата скромност, смиреност, сериозност и мудрост во носењето на одлуките и раководењето со општината.   Под негово раководство општина Василево   го започнува процесот на модернизирање и планско комунално уредување, процесот  на постепено менување на ликот на населените места, процес  кој значи постепено подобрување на начинот и условите за живот во општината,  која полека но сигурно според стандардите на живеење се приближува до урбаните средини.

Својата успешна кариера ја продолжува  во хотелот Цар Самоил во Бања Банско, каде извршува директорска функција.

Со должна почит кон неговото дело Општина Василево се простува од својот прв Градоначалник.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ

Добрин Андонов

1958-2020

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 36-та седница

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Денес,  Советот на општина Василево ја одржа редовната 36-та седница на чиј дневен ред, по дополнувањето беа вкупно 13 предлози, меѓу кои како прва точка беа Измените и дополнувањата на Буџетот на општина Василево за 2020 година.  Според Образложението изготвено од одделението за Финансии, поради настанатата ситуација со Корона кризата дел од предвидените приходи,  како на пример  новите извори на средства предвидени и одобрени од БРР кои не се во истиот обем како што се планирани во Буџетот за 2020 година,  се реализираат со помала динамика од предвидената,  „Средствата што ќе се трансферираат до крајот на буџетската година не можат да ги покријат усвоените Програми, при што должни сме да извршиме корекција на Буџетот во одредени Програми за кои се наменети тие средства“, стои во образложението дадено од Одделението за финансии.

Во капиталните програми корекцијата е од предвидени 38 820 000 денари на 30 395 000 денари. Во основниот Буџет корекцијата е од 87 700 000 на 79 360 000 денари, додека кај Дотациите има зголемување и тоа од планирани 75 306 000 на 79 505 705 денари. Корекции има и кај Донациите , односно намалување на средствата од планирани 2 000 000 денари на 1 877 422 ден, како и намалување кај  кредитите од 4 370 000 денари на 4 173 533 денари.  Предлогот беше усвоен со осум гласови „за“.

Без дискусии и забелешки усвоени беа и Статутот на општина Василево- Пречистен текст, Годишниот  извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната  2019/2020 година, како и Програмата за работа наистата институција за тековната воспитна година, а позитивно мислење доби и Комисијата за прием на деца во градинката, во чиј состав се: Анита Калевска- претседател и Наташа Велкова и Драгица Василева како членови.

Со 9 гласови „за“, Советниците дадоа согласност и за Предлог-програмата  за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2020 година.   Утврден беше и надоместок во износ од 2 000 денари годишно  за надворешните членови во Комисијата за извршување на стручни и административно-технички работи.

За Предлог-одлуката за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево и Предлог-Одлуката за давање на користење на движни ствари, позитивно се изјаснија сите присутни Советници.

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, образложи дека на ООУ „Гоце Делчев“ за потребите на организирање на on-line наставата, општина Василево му одстапува три компјутери, кои општината ги има добиено од Владата на РСМ. „ Компјутерите со Одлука на Влада и се дадени на општина Василево, а општината ги дава на времено користење на училиштето. Ние како општина дополнително дадовме компјутери, за да може  успешно да се организира наставата“, ибразложи градоначалникот Јанев кој нагласи дека реално има услови за одржување на наставата.

Советниците позитивно одговорија и на неколкуте  Барања за финансиска помош, поднесени од правни и физички лица, со исклучок на Барањето за финансиски средства поднесено од Џамискиот одбор од с. Нова Маала.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна уредувањето на просторот околу игралиштето во Ангелци

naslov

Општина Василево започна со активности на уредување на просторот околу игралиштето во населеното место Ангелци.  Согласно проектот планирано е хортикултурно уредување на просторот збогатено со бехатонски патеки како и  изградба на еден летниковец, поставување на реквизити за игра и забава на децата односно нишалки, лизалки, лулашки,  вртелешки,  како и поставување на урбана опрема, клупи за одмор и  канти за отпадоци.

„Овој простор ќе добие комплетно нов лик и  содржини за сите генерации.  Хортикултурното уредување дополнето со изградбата на летниковецот и поставувањето на реквизитите за деца ќе му даде една сосема нова димензија на просторот и од неугледна ледина ќе го претвори во пријатно катче за  престој и уживање на граѓаните во сите  четири сезони од годината“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, по повод стартот на активностите на терен.

Вкупната инвестиција, согласно Договорот со изведувачот изнесува околу 5 000 000 денари од кои 1 000 000 се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, преку Програмата за распределување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби  во 2020 година, а остатокот се средства од општинскиот Буџет. Активностите на терен планирано е да завршат за четири месеци. Изведувач на работите е градежната компанија Портланд.

6_1280x960

1

2

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во училиштата во општина Василево стартуваше учебната 2020/2021 година

G-horz

„Во специфични услови предизвикани од Корона вирусот, со почитување на насоките и протоколите од надлежните институции за заштита од  Ковид 19, денес, во училиштата во општина Василево стартуваше новата учебна година“, информираат  директорите на двете основни општински училишта, Стојан Тимов од ООУ “Гоце Делчев“, Василево  и Соња Ничева директорка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.

За прв пат во училишните клупи седна 74 првачиња во ООУ „Гоце Делчев“ и 40 во ООУ „Атанас Нивичански“. Заедно со нив, поделени во две или три смени настава со физичко присиство ќе посетуваат и нивните другарчиња од  второ и трето одделение како и учениците од четврто и пето одделение во подрачните училишта во населените места Добрашинци, Чанаклија, Дукатино, Радичево, Владевци, Сушево, Едрениково и  Седларци. Сите останати ученици наставата ќе ја следат on-line, преку националната платформа.

Според информациите од првите луѓе на училиштата, денешниот прв час, за кој велат дека е поинаков од сите досегашни, поминал со одредени потешкотии, главно од технички причини, на чие надминување интензивно се работи.

За 110-те првачиња кои денес за прв пат седнаа во училишните клупи, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев верен на долгогодишната традиција,  им подари училишен прибор со единствена порака и желба до сите нив, да бидат живи и здрави, да учат, да се дружат но и задолжително да ги почитуваат здравствените препораки.

Вкупниот број на ученици во учебната 2020/2021, на ниво на општина Василево изнесува околу 1060 од кои околу 700 во ООУ „Гоце Делчев“, Василево и  околу 360 во ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 36-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На 05.10.2020 година (понеделник), со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната триесет и шеста седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измени и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2020 година;
  2. Статут на општина Василево- Пречистен текст;
  3. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна 2019/2020 година;
  4. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна 2020/2021 година;
  5. Одлука за утврдување на Комисијата за прием на деца во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца;
  6. Предлог-програма за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2020 година
  7. Предлог-одлука за утврдување на надомест на надворешните членови на Комисијата за извршување на стручни и административно-технички работи.
  8. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Митко Крстов од с. Добрашинци
  9. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од МПЦ-ОА- Струмичка епархија, храм Успение на Пресвета Богородица, с. Василево
  10. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Џамискиот одбор од с. Нова Маала
  11. Предлог-Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево одржа Вонредна седница

DSCN5467

Денес, со почеток во 08,00 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред: Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година. По образложението дадено за итноста на седницата, дека 30 септември е крајниот рок до кога Советот треба да го усвои Годишниот план за вработување и истиот да биде доставен до надлежните Министерства, Советниците го усвоија дневниот ред а позитивно мислење доби и Предлогот, односно Советот го усвои Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево започна со инсталација на штедливите лед светилки на уличното осветлување

naslov

Од денес, практично, на терен,  започна реализацијата на  проектот за реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Василево. Инсталацијата започна од главната, односно влезната улица во населеното место Василево и согласно планот за активности ќе трае во наредните отприлика месец дена односно до целосна реализација на проектот кој опфаќа замена на вкупно  1110 светилки во сите населени места на општината.

„Жителите на населеното место Василево уште вечерва ќе го почувствуваат бенефитот од овој проект односно ќе ја увидат  разликата меѓу досегашното и новото јавно осветлување, кое според техничките карактерестики на светилките треба да го осветлува целиот простор,  без т.н темни точки меѓу два столба односно две светилки“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на денешниот старт на активноста.  Јанев потенцираше дека особено важно е тоа што општина Василево без било какви зафаќања од сопствениот буџет  ќе добие квалитено улично осветлување со еколошки, штедливи светилки кои ќе продуцираат заштеди во сметките за јавно осветлување.

Со проектот е опфатена целокупната мрежа на јавно осветлување во сите населени места на општина Василево како и спортските игралишта.

Проектот се реализира по ЕСКО модел со ЈПП, а ЕСКО партнер е компанијата  Македонски телеком АД за електронски комуникации – Скопје.

Вкупниот буџет  на проектот извесува над  20 000 000 денари.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка а  општина Василево е една од првите општини во РСМакедонија во која проектот  се имплементира.1

2

5

vadi stara

mesti nova

novi na stolb

DSC_0296_1280x851

svetilka

svetilka1DSC_0262_1280x851

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за надградба на локални улици во село Градошорци и во Василево поред канал , во Општина Василево, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

На линковите во продолжение е документцијата која се однесува на  проектот за надградба на локални улици во село Градошорци и  во Василево поред канал , во Општина Василево, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ.

ESMP Checklist_ Project Vasilevo_ENG_25.09.20_SPA-converted

ESMP Checklist_ Project Vasilevo_МК_9.9.20_SPA-converted

Formular za komentari na dokument za Vasilevo

Izvestuvanje za dostapnost na ESMP Checklista_ Vasilevo

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат

komarec

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:

  1. На 30.09.2020 година (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица и
  2. На 01.10.2020 година (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци.

За спроведување на планираното четврто прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Дојран и Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail