Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево одржа Вонредна седница

DSCN5467

Денес, со почеток во 08,00 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред: Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година. По образложението дадено за итноста на седницата, дека 30 септември е крајниот рок до кога Советот треба да го усвои Годишниот план за вработување и истиот да биде доставен до надлежните Министерства, Советниците го усвоија дневниот ред а позитивно мислење доби и Предлогот, односно Советот го усвои Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево започна со инсталација на штедливите лед светилки на уличното осветлување

naslov

Од денес, практично, на терен,  започна реализацијата на  проектот за реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Василево. Инсталацијата започна од главната, односно влезната улица во населеното место Василево и согласно планот за активности ќе трае во наредните отприлика месец дена односно до целосна реализација на проектот кој опфаќа замена на вкупно  1110 светилки во сите населени места на општината.

„Жителите на населеното место Василево уште вечерва ќе го почувствуваат бенефитот од овој проект односно ќе ја увидат  разликата меѓу досегашното и новото јавно осветлување, кое според техничките карактерестики на светилките треба да го осветлува целиот простор,  без т.н темни точки меѓу два столба односно две светилки“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на денешниот старт на активноста.  Јанев потенцираше дека особено важно е тоа што општина Василево без било какви зафаќања од сопствениот буџет  ќе добие квалитено улично осветлување со еколошки, штедливи светилки кои ќе продуцираат заштеди во сметките за јавно осветлување.

Со проектот е опфатена целокупната мрежа на јавно осветлување во сите населени места на општина Василево како и спортските игралишта.

Проектот се реализира по ЕСКО модел со ЈПП, а ЕСКО партнер е компанијата  Македонски телеком АД за електронски комуникации – Скопје.

Вкупниот буџет  на проектот извесува над  20 000 000 денари.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка а  општина Василево е една од првите општини во РСМакедонија во која проектот  се имплементира.1

2

5

vadi stara

mesti nova

novi na stolb

DSC_0296_1280x851

svetilka

svetilka1DSC_0262_1280x851

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за надградба на локални улици во село Градошорци и во Василево поред канал , во Општина Василево, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

На линковите во продолжение е документцијата која се однесува на  проектот за надградба на локални улици во село Градошорци и  во Василево поред канал , во Општина Василево, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ.

ESMP Checklist_ Project Vasilevo_ENG_25.09.20_SPA-converted

ESMP Checklist_ Project Vasilevo_МК_9.9.20_SPA-converted

Formular za komentari na dokument za Vasilevo

Izvestuvanje za dostapnost na ESMP Checklista_ Vasilevo

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат

komarec

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:

  1. На 30.09.2020 година (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица и
  2. На 01.10.2020 година (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци.

За спроведување на планираното четврто прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Дојран и Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавна расправа/видеоконсултација План за управување со животната средина

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево, согласно законската регулатива,  а за потребите за реализација на Проектот: Надградба на пат кој ги поврзува н.м Ново Владевци и н.м Старо Владевци, повикува на Јавна расправа/видеоконсултација  по  Планот за управување со животната средина и  социјални аспекти.

Целокупната документација е на линковите во продолжение:

Известување за јавна расправа

Дневен ред за јавна расправа

ESMP Vasilevo MK_22.9.20_SPA

 ESMP_Project_Vasilevo_ENG_22.9.20_SPA

Формулар за коментари

Во  видеоконференцијата може да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица. За учество треба да достават своја e-mail адреса во општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

И З В Е С Т У В А Њ Е за граѓаните на Едрениково

1

Се известуваат граѓаните на с. Едрениково да дојдат во просториите на Комуналното претпријатие „Турија“ во Василево, за да склучат договори за приклучок кон канализационата мрежа.

Според Одлука на Советот приклучувањето е задолжително за сите домаќинства. Цената за приклучок изнесува 14.000 денари. Може при склучување на Договорот да се платат најмалку 7.000 денари, а останатите 7.000 денари да се платат на 12 месечни рати.

Месечно за користење  на канализационата мрежа ќе се плаќанпо 5,14 денари од м3 потрошена вода, а во 2021 година ќе се наплаќа по 4,80 денари од м3 потрошена вода.

Според планот за работа на ЈП Турија Василево со приклучување ќе се отпочне во месец Октомври 2020 г., и ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен.

Подетални информации може да добиете во ЈП „Турија“ Василево.

ЈП „Турија“  Василево

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на детската градинка во с. Ангелци

6

Денес, во населеното место Ангелци, започнаа активностите  за изградба на нова детска градинка, наменета пред се за згрижување на дечињата од населените места Ангелци, Градашорци, Седларци и  Едрениково.

Градинката се гради согласно Програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

Општина Василево и Министерството за труд и социјална политика, на почетокот од оваа година,  потпишаа Договор за заедничка соработка и делување во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на опфат на деца во детските градинки, согласно кој со средства обезбедени од МТСП, општина Василево, во населеното место Ангелци ќе добие новоизградена и целосно опремена детска градинка.

Од страна на општината обзбедена е парцела со сите потребни услови  за формирање и функционирање на градилиште, односно, приклучоци за струја и вода а по изградбата и греење и канализација.

Изградбата на објектот и неговото комплетно опремување ќе биде направено од страна на МТСП.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој денес присуствуваше на почетокот на градежните активности, градинката комплетно треба да биде завршена за 16 месеци.

Вкупниот Буџет за оваа инвестиција изнесува околу 15 000 000 денари и истите се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика преку Програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

3

2

4

5

13

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета за  Урбанистички план вон населено место за стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи  на м.в Гладно Поле, КО Градашорци и КО Василево, изработен од Агенција за планирање на просторот, со техкички број   Е 0217. Целото Соопштение моше да го видите во линкот во продолжение:

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Инфраструктурно уредување на каналот во Градошорци

naslov

Викендов, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев изврши увид во градежните активности на изградбата  на речното корито односно каналот во населеното место Градашорци.

Според градоначалникот Јанев, градежните активности  се одвиваат со предвидената динамика и истите комплетно треба да бидат завршени во наредните два месеци, што значи долгогодишниот проблем на жителите од Градашорци со поплавувањето на домаќинствата, објектите и оштетувањето на патната инфраструктура, кои се случуваат во услови на поројни врнежи, ќе го добие својот епилог во месец ноември.

Должината на поројот што се уредува изнесува 680 метри и истиот е во опфатот на населеното место. Се гради со камен а за премостување предвидена е изградба на бетонски мостови.

Вкупниот буџет, согласно Договорот со фирмата  изведувач изнесува околу 7 800 000 денари од кои околу 6 500 000 денари се обезбедени  од Министерство за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година а остатокот се средства од општинскиот Буџет.

 7

5

2

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општинскиот Совет даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

sala na Sovet

Денес, на Вонредна седница, членовите на Советот на општина Василево, донесоа Одлука со која дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од од IV до  IX одделение во општинските основни училишта во општина Василево.

Деновиве во тек е и анкетата со родителите  на учениците од IV до  IX одделение кои треба да се изјаснат во врска со една од двете понудениу опции: дали нивното дете ќе посетува настава со физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата или пак наставата ќе ја следи on-line.

Инаку според информациите од директорите на двете основни општински училишта, Соња Ничева и Стојан Тимов,  вкупниот број на ученици за учебната 2020/2021 во ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала изнесува 358 од кои 40 првачиња, а во  ООУ „Гоце Делчев“, Василево вкупниот број е околу 700 од кои 69 се првачиња, со тоа што бројот на првачињата и во двете училишта не е конечен.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail