Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево ја одржа 35-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 35-та седница, на која осумте предлози од дневниот ред  го добија потребното мнозинство.

Од бласта на образованието,  на дневен ред беа Програмите за работа на двете основни општински училишта, ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански „Нова Маала“, за учебната 2020/2021 година, која како што рече директорката на ООУ „Атанас Нивичански“, Соња Ничева, сеуште не знаат кога точно ќе започне, бидејќи ги очекуваат најновите насоки  од надлежните институции. Усвоен беше и Извештајот за  работата на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2019/2020 година, како и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево за првото полугодие од 2020 година односно за периодот од  01.01.2020 до 30.06.2020 година.

Советот ја усвои и Предлог-одлуката  за  пренесување на правото на користење и управување со водоснабдителниот систем за с. Седларци на ЈПКД „Турија“, Василево. Потребното мнозинство го дибија и  двете барања за финасиска поддршка од кои едното поднесено од Здружението на тутунопроизводители Басмак од Василево, а  другото од група граѓани од населеното место Владевци,  за финансиска помош од страна на општината во изградбата  на една од улиците  во ова населено место.

Советниците донесоа и една одлука од областа на урбанизнот, заради вклопување на бесправно-изграден деловен објект на к.п бр. 2350 во КО Василево.

DSC_0235_1280x851

 

DSC_0233_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување од ЈПКД „Турија“, Василево за подигање на сметот

2222222222222

ЈПКД „Турија“ од  Василево ги известува жителите на населените места Градашорци и Василево дека, оваа недела, ќе има промена во распоредот за подигање на комуналниот отпад од домаќинствата во овие две населени места.

Во населеното место Василево сметот ќе биде подигнат во четврток, 27.08.2020 година, а

Во населеното место Градашорци, сметот ќе биде подигнат во петок, 28.08.2020 година.

Промента се однесува само за наведените термини, а причина е верскиот празник Голема Богородица, кој е селска слава во с. Василево.

Со почит,
ЈПКД „ Василево“

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавен оглас за Програмата Општинско корисна работа

OKR

Општина Василево и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, објавија Јавен оглас за вклучување во Програмата Општинско корисна работа. На огласот може да се пријават невработените лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Јавниот оглас е објавен врз основа на  Договор за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и општина Василево и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.

Рокот за пријавување е до 26.08.2020 година, до 14,00 часот, а пријавите се поднесуваат до Агенција за вработување – Центар за вработување Струмица.

Во продолжение комплетниот оглас: Јавен оглас за ОКР

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 35-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 26.08.2020 год. (среда), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи триесет и петата седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2019/2020 година.
  2. Годишна програма за работа за учебната 2020/2021 година на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала.
  3. Годишна програма за работа за учебната 2020/2021 година на ООУ „Гоце Делчев“, с. Василево.
  4. Финансиски извештај на ЈП „Турија“ за прво полугодие за 2020 година од 01.01.2020 до 30.06.2020 година.
  5. Предлог-одлука за пренесување на правото на користење и управување со водоснабдителниот систем за с. Седларци на ЈПКД „Турија“, Василево.
  6. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект –деловен објект на к.п бр. 2350 во КО Василево.
  7. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Здружение на тутунопроизводители „Басмак“, Василево.
  8. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од група на граѓани од с. Владевци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во с. Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ОДЛОЖЕНО третото прскање против возрасни комарци

komarec

Се известуваат граѓаните од општините Василево, Струмица и Радовиш и дека СЕ ОДЛОЖУВА третото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 19 Август 2020 година (среда).

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното трето прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Василево, Струмица и Радовиш и  ќе бидат дополнително известени.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе започне со инсталацијата на лед светилки на уличното осветлување

led svetilki

Деновиве во општина Василево ќе започне инсталацијата на штедливи лед светилки на мрежата на  уличното осветлување. Проектот се реализира по ЕСКО  модел со јавно-приватно партнерство. ЕСКО партнер кој на терен ќе ги реализира активностите е компанијата  „Македонски Телеком“, со која општината по објавената јавна набавка, потпиша Договор за   реконструкција и одржување на јавното осветлување преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел.

Со проектот е опфатена комплетната мрежа во сите населени места на општината. Телеком како ЕСКО фирма ќе треба да инсталира 1110 нови ЛЕД светилки со различна јачина во зависност од позицијата. Опфатени ќе бидат и спортските игралишта.

,,Со овој проект кој е поддржан од Европската банка за обнова и развој значително ќе се подобри енергетската ефикасност во општина Василево. Како општина  ќе добиеме ново улично осветлување и заштеди со кои во наредниот период ќе се исплати инвестицијата, што значи нема исплата на пари од Буџетот при што граѓаните нема да бидат дополнително финансиски оптоварени. Улично ќе плаќаат како и досега а ќе добијат поквалитетно осветелување. По завршување на договорот ние го добиваме улично со ЛЕД светилки за кое како општина ќе се грижиме но и заштедите по овој основ, изјави градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

Демонтажата на сегашните и инсталирањето на новите ЛЕД светилки како и  нивно одржување во наредните шест и пол  години ќе чини околу 330 илјади евра, средства кои ќе бидат обезбедени по основ на заштеда на електрична енергија благодарение токму на новите лед светилки, што значи дека ниту ниту општината, ниту  граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци по тој основ.

Обврската за граѓаните по основ на улично осветлување и понатаму останува иста, а осветлувањето ќе биде поквалитетно.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Трето прскање против комарци

komarec

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 19 и 20 Август 2020 година, со следниот распоред:

  1. На 19.08.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;
  2. На 20.08.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улица во с. Владевци

Vladevci,8

Во населеното место Владевци, асфалтирана е улица, која како што објави градоначалникот на општина Василево на официјалната ФБ страна на општина Василево, улицата е изградена во соработка со граѓаните кои живеат на оваа улица.

„Градиме по план, програма и приоритети и секогаш во соработка со граѓаните“, напиша градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој упати голема благодарност до граѓаните  кои живеат на оваа улица, за како што рече нивната ангажираност да се реализира улицата.

 Vladevci, 4

Vladevci, 6

Vladevci, 7

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево ќе се одржи крводарителска акција

krvodaritelska

На 12.08.2020 година (среда), ОО на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за трансфузиона медицина и поддршка на општина Василево,  организира  акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата ќе се одржи во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Василево во периодот од 09,00 до 14,00 часот.

Акцијата ќе се спроведува во согласност со протоколите  за Ковид-19 и е сосема  безбедна за сите учесници.

Упатуваме апел до сите граѓани на општина Василево, да бидат хумани, да се вклучат во акцијата и притоа да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид-19.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пожар на депонијата Шапкар, кај с. Добрашинци

Deponija, pozar

Голем пожар избувна на депонијата Шапкар кај селото  Добрашинци  на која се депонира комуналниот отпад од општините Струмица и Василево.

Градоначалникот на општина Василево Јанев кој се наоѓа на  лице место, информира дека пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон површините на АД Струмичко Поле и населеното место Доброшинци.

Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и механизацијата на АД Струмичко Поле.

Упатуваме апел до граѓанитекои имаат потреба од движење во овој реон, да бидат крајно внимателни бидејќи поради густиот чад попречено е нормалното одвивање на сообраќајот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail