Author Archives: opstinaadmin

Улицата во Василево од пошта до црква подготвена за асфалт

DSC_0041_1280x851

Во населеното место Василево, улицата што од поштата води кон  црквата е во завршна фаза. Градежната компанија ангажирана од општина Василево, работи на поставување на прв асфалтен слој и подготовка за финалниот слој, со што оваа улица , до неодамна раскопана, и многупати пред тоа крпена, ќе биде едно современо и квалитетно сообраќајно решение во овој дел од населеното место Василево.

„Веднаш по завршувањето на првиот слој, во текот на наредната недела ќе биде поставен и финалниот слој асфалт, по што до целосно завршување на сите планирани активности останува уште поставувањето на канделабрите, како современо осветлување кои освен функационален имаат и естетски ефект“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, во врска со текот и динамиката на активностите на оваа улица.

„Инаку улицата е со атмосферска канализација, која е веќе поставена исто како и подземната електрична инсталација а изградени се и тротоарите од двете страни кои обезбедуваат сигурно движење на пешаците, нагласи градоначалникот Јанев.

Должината на  улицата  е 216 метри, ширината 5 метри, со тоа што на  просторот кај црквата има значително проширување, па поради тоа  асфалтираната површина е проектирана на околку 1 600  м2.

Буџетот изнесува околу 4,5 милиони денари од кои околу 3 800 000 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој а останатите се општински средства.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Универзал градба.

DSC_0049_1280x851

DSC_0043_1280x851

DSC_0044_1280x851

DSC_0046_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за донирање

LOGO, Opstina Vasilevo

Општина Василево и Општинскиот кризен штаб ги известуваат сите правни и физички лица, кои се сакаат и се во можност да донираат храна, средства за хигиена, облека, заштитна опрема и слично, истото можат да  го направат секој  работен ден од 9,30 до 13,30 часот, во просториите на општина Василево, по претходна најава на  еден од телефонските броеви: 034 – 354  – 444  или 070 598 748.

Донациите се наменти за помош на социјално загрозените семејства и поединци на територијата на општина Василево,  да им се помогне полесно да се справат со последиците од кризата предизвикана од Коронавирусот.

Општинскиот кризен штаб ќе одреди  критериуми по кои ќе се распределува пристигната помош и истата со помош на волонтери ќе биде доставувана до граѓаните на кои им е потребна.

Општина Василево и Општинскиот кризен штаб упатуваат благодарност до сите оние кои ќе донираат и  на тој начин ќе помогнат заеднички да се справиме со новонастаната состојба и да да ги ублажиме последиците  од истата.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за економските оператори за работа во време на полициски час

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Почитувани!

Согласно  новите мерки  на Владата на Република Северна Македонија за  дополнителните ограничувања  на движењето, Кризниот штаб на општина Василево ги информира економските оператори (маркети и здравствени аптеки) на територијата на општина Василево, кои сакаат и имаат услови  да работат за време на полицискиот час, да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Василево.

Барањето кое е составен дел  на ова известување, пополнето, со потпис од одговорното лице и печат од фирмата треба да се достави до архивата на општина Василево, најдоцна до 10.04.2020 година, (петок) до 12,00 часот.

Економските оператори кои не се во можност барањето да го преземат од веб страната на општина Василево, истото може да го подигнат во архивата на општина Василево, на  лице место да  го пополнат и   веднаш да го достават.

Дозволите за работа  се издаваат веднаш по внесувањето на Барањето.

Работата на овие субјекти ќе биде исклучиво преку нарачки по телефон или интернет комуникација и достава на производите/продуктите до домот на граѓаните

Телефонските броеви и контактите на економските оператори кои ќе побарат и добијат дозвола за работа  за време на полицискиот час ќе бидат објавени на официјалниот веб сајт на општина Василево и на општинската ФБ страна.

За сите дополнителни информации граѓаните може да се обратат на следните телефонски броеви:

070 598 748 и

071 874 769

Барање за движење

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Информација за движење на земјоделците во услови на оваа вонредна состојба

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Почитувани земјоделци,

Земјоделците од општина (Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ) што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците, пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ.

Право на вадење на дозвола имаат лица кои се регистрирани и се занимаваат со:
Сточарство
Пчеларство
Оранжерии
Лозарство

(услов: да се регистрирани земјоделци, или да имаат над 2 дек површина под лозов насад).

#ПочитувајГиМерките
#КоронаВирусот не е шега!

Известувањето  е преземено од ФБ профилот на Директорот на ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Струмица, Васил Коцев.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дополнување на Одлуката за забрана на движењето на целата територија на Државата

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Од среда (8.04.2020), забраната за движење  на  целата територија на Република Северна Македонија, полицискиот час,   ќе почнува во 16 часот, а ќе завршува во 5 часот следниот ден.
Во викендите полицискиот час ќе биде активен 24 часа, односно од петок од 16 часот, до понеделник до 05 часот.

Дополнително:

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево донира за граѓаните на кои им е најпотребно

1_1024x768

Во оваа вонредна состојба, кога секоја помош е добредојдена, општина Василево и градоначалникот Марјан Јанев  донираа голема количина  вода и сокови на ОО Црвен Крст,  Струмица. Донацијата е наменета за социјално загрозените семејства и лицата сместени во домашен карантин на територијата на сите четири општини: Василево, Струмица, Босилово и Ново Село. Распределбата на донираните продукти до корисниците ќе биде направена од страна на ОО на Црвен крст од Струмица.

Со овој чин општина Василево уште еднаш на дело покажа дека постојано е во служба на граѓаните и сите  нејзините   активности  се во насока на подобрување на нивното  секојдневие.

#останидома
#спасиживот

5_1024x768

2_1024x768

4_1024x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево формираше мобилни тимови за помош

zabraneto dvizenje

Општина Василево формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица и лицата со попреченост од општината.

Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би се изложиле на опасност за заразување со Ковид-19 (корона вирус), ќе можат да ги контактираат мобилните тимови во секое време од денот во текот на цела недела, за да ги направат потребните набавки за нив.

Телефони:
070/598 748
071/631 048

Нема да дозволиме оваа вонредна околност да ги погоди најранливите. Јавното здравје е заедничка одговорност!

#останидома
#спасиживот

zabraneto dvizenje

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Мерки и препораки од Општинскиот штаб за заштита на населението

LOGO, Opstina Vasilevo

Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Василево,  на денес одржаниот состанок донесе  листа на мерки и препораки за заштита на населението од Корона вирусот COVID-19.  Во продолжение Ви го прикажуваме  записникот во целост:

ЗАПИСНИК од Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Василево

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Василево на ден 23.03.2020 година во 10:00 часот одржа состанок во просториите на Општина Василево за преземање на соодветни мерки за заштита на населението од коронавирус (КОВИД-19) и ги донесе следните заклучоци:

1.Се задолжуваат мобилните тимови формирани за посета на стари лица за достава на намирници и лекови да бидат постојано достапни и ажурни при повиците од страна на граѓаните.2.

2. Се задолжува Општина Василево заедно со ЈПКД Турија да извршат дезинфекција на јавните површини (паркови,тротоари, игралишта, дворови на градинки, училишта,општина и јавни претпријатија,…) на аптеки и амбуланти, на просторите во општинската зграда и јавното претпријатие Турија.

3.Се задолжуват училиштата и градинките на територија на Општина Василево да извршат дезинфекција на нивните простории и на спортските сали.

4.Се задолжува Општина Василево во соработка со ТППЕ Струмица да изврши дезинфекција на сите локални патишта и улици на територија на општина Василево.

5.Им се укажува на сите правни лица кои имаат седиште на територија на Општина Василево да извршат дезинфекција на своите деловни простории, магацини и дворни површини.

6. Се забранува собири на јавни места( паркови, игралишта, излетнички места, училишни дворови) на територија на општина Василево.

7.Се задолжуват раководителите на Општина Василево и ЈПКД Турија доколку немат воведено скратено работно време тоа да го спроведат и да им овозможат на вработените над 50 години да ги извршуваат работните задачи од дома.

8. Се задолжуваат вработените над 50 години во Општина Василево и ЈПКД Турија да бидат достапни и при итни случаи ќе бидат повикани.

9.Се задолжуват сите месни заедници на територија на Општина Василево да ги пријават старите лица кои живеат сами за да им се овозможи помош од страна на мобилните тимови се со цел намалување на движењето на оваа категорија на лица.

10.Се задолжуват месните заедници на територија на Општина Василево да ги пријават во Општинскиот штаб сите повратници кои биле на привремен престој надвор од државата и сите лица во самоизолација, се со цел преземање на соодветни мерки за спречување на ширење на коронавирус (КОВИД-19).

11.Се задолжуват сите родители да ги спречат излегувањата, дружењата и собирите на нивните деца на јавни места(игралишта, паркови, училишни дворови )и во затворени простории (домови, викенд-куќи).

12.Им се укажува на сите граѓани на територијата на општина Василево без потреба да не излегуваат од своите домови и при посета на продавници, амбуланти, аптеки да ѓи почитуваат мерките за носење на заштита и запазување на растојанието на чекање ред.

13. Им се укажува на сите граѓани на Општина Василево кои имаат потреба од документи, решенија и други акти од локалните институциите на територија на Општина Василево доколку не се од итен карактер да се обратат на телефонските броеви на институциите и по електронски пат.

14.Се задолжуваат сите сопственици на маркети, продавници, сендвичари, бурекчилници на територија на општина Василево да не дозволуваат масовни собирања на граѓани пред своите објекти.

Придружувајте се кон мертките СЕДЕТЕ ДОМА !

Општинскиот штаб за заштита и спасување:
-Марјан Јанев, 070/598-748  _____________
-Митко Јанев, 071/874-769 ______________
-Бранко Андонов, 071/205-117___________
-Верче Миткова, 071/631-048 ____________
-Горан Андонов, 076/444-617_____________
-Зоранчо Горѓиев,078/285-391____________
-Симона Стојанова, 077/931-587__________
-Павлинка Николова,077/543-814,_________
-Наско Глигоров, 078/810-312______________
-Блажо Стојанов,070/700-330______________

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дезинфекција на локалните патишта во општина Василево

1_1024x576

Во насока на заштита и спречување на ширење на  Корона вирусот (COVID -19),  а согласно препораките од Владата на РСМакедонија,  Општина Василево изврши дезинфекција на локалните патишта и најфреквентните улици во населените места.

„Како одговорна локална самоуправа чија примарна цел е доброто на сите своите сограѓани, а во овие специфични услови прв приоритет е заштита на животите на сите граѓани, како општина секојдневно ги преземаме сите неопходни мерки, со кои ќе го спречиме ширењето на овој смртоносен вирус“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во врска со тековните активности и мерки кои  ги презема општина Василево заради заштита на граѓаните. Јанев дополнително апелира граѓаните  целосно да ги  почитуваат сите препораки и сите работи поврзани со локалната самоуправа кои не се од итна природа да ги одложат до нормализирање на состојбата со Корона вирусот. „ Да бидеме сите на висина на предизвикот, бидејќи овојпат се работи за нашите и за животите на нашите најмили, седете си дома и не излегувајте без некоја навистина неодложна потреба“, дециден е Јанев, кој порачува дека и во овие вакви специфични моменти општина Василево и во наредниот период ќе ги презема сите неопходни чекори  и мерки за заштита на своите сограѓани.

5_1024x768

2_1024x576

4_1024x576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ЈПКД „Турија“ изврши дезинфекција на јавните површини

naslov

Денес, општина Василево, согласно препораките и насоките од Владата на РСМакедонија,  а заради превенција и заштита од Корона вирусот (COVID -19),   изврши дезинфекција на  јавните површини на територијата на општината.  Активноста  на терен ја реализираше  ЈПКД „Турија“ Василево, со ангажирање на сопствените ресурси.

6_1024x768

1_1024x768

3_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail