Author Archives: opstinaadmin

Одбележување на неделата за грижа на стари лица под мотото “Сите сме нивни деца”

naslov

Денес, претставници од ОО Црвен крст од Струмица, во соработка со општина Василево и Сојузот на пензинерите, под мотото „Сите сме нивни деца“ одржаа едукативни предавања во населените места Василево и Ангелци. Граѓаните, пред се повозрасни лица, биле информирани за нивните права,  за придобивките од новиот Закон за социјална заштита и социјалните услуги кои во иднина ќе се развиваат а се наменети за оваа старосна категорија на граѓани.

Едукативните предавања кои се одржаа во просториите на пензионерските здруженија, се во рамки на неделата за грижа на стари лица.

1

2

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Патната и комуналната инфраструктура, приоритети за наредната година

naslov

Изградба на нови и реконструкција на постојните локални патишта и улици, канализации како и подобрување на состојбата во  водоснабдувањето се приоритетите за наредната година произлезени од штотуку завршените средби со граѓани, што градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев ги реаализираше во текот на изминатите десетина денови, а чија цел беше планирање на Програмите  и Буџетот на општина Василево за  наредната 2020 година.

„ Синоќа, остваривме средба со жителите на населените места Василево и Пиперево. Со тоа завршија јавните собири во населените места во општината, според предвидениот план и динамика. На овој начин со директни дискусии и разговори со граѓаните, ги слушнавме и воочивме потребите и приоритетите за наредната година и истите ќе бидат вметнати во Програмите и Буџетот за 2020 година“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, по завршувањето на средбите со граѓани што ги имаше низ населените места на општина Василево.  Според неговата констатација, проектите од сферата на локалната патна и комунална  инфраструкрура се приоритетите за наредната година, односно  генерално во сите населени места граѓаните  како најургентни ги нагласиле потребите од  изградба на локални патишта и улици, канализации и проекти од сферата на водоснабдувањето.

На овие средби кои започна во понеделникот на 11.11.2019 година,  покрај градоначалник присуствуваа и дел од советниците од соодветните населени места, директори на институции на локално ниво, како и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Сашко Атанасов.

1

5

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба со граѓаните на населените места Градашорци и Ангелци

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјав Јанев, во рамки  на планираните средби со граѓаните низ населените места а по повод планирањето на Програмите и Буџетот за наредната 2020 година,  ги посети населените места Градашорци и Ангелци. Според информацијата од  градоначалникот Јанев, граѓаните ги идентификувале  проектите кои би биле приоретни во наредната година, а со чие реализирање ќе се подобри квалитетот на нивното секојдневно живеење.

На средбите присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“,  Василево Зоранчо Георгиев,  пратеникот Сашко Атанасов, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Стојан Тимов и членот на општинскиот Совет,  Атанас Ристов.

8

10

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба на градоначалникот Јанев со граѓаните на Владевци и Сушево

naslov

Согласно предвидениот распоред за посета на населените места и средби со граѓаните  заради креирање на годишните програми и буџетот за 2020 година, градоначалникот Јанев беше во посета на населените места Владевци и Сушево На состанокот присутни беа и директорот на МЗШВ Струмица Васил Коцев, директорот на ЈПКД Турија Зоранчо Ѓоргиев, претседателот на Советот  Крсте Панев и дел од советниците. Граѓаните имаа можност да разговарат за своите потреби и проблеми, и да ги кажат своите идеи, предлози и приоритети со цел да бидат вметнати во програмата за 2020 година, а согласно можностите и нивна реализација. Средбите со граѓаните на општина Василево продолжуват и во наредните денови.

1

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Информација за задолжително вклучување на домаќинствата во организирано собирање на отпад

2222222222222

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, со видео порака ги информираше граѓаните од населените места  Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Сушево и Владевци, за Одлуката на Советот на општина Василево, за задолжително вклучување на сите домаќинства од овие населени места во организираното собирање на смет од страна на ЈПКД „Турија“, Василево.

Во продолжение е интергралниот текст од обраќањето на Градоначалникот:

Сакам да ги информирам граѓаните од населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Сушево и Владевци, дека од први декември оваа година ги вклучуваме во организираното собирање на  смет. Тоа  значи дека отпадот од сите домаќинства во овие населени места,  без исклучок, задолжително ќе го собира Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево. Ваквата одлуката,  на предлог на УО на Комуналното претпријатие Турија ја донесе Советот  на општина Василево на својата последна седница и истата ќе се применува од  01 декември оваа година. Одлуката е донесена  врз основа на Законот за управувања со отпад со единствена  цел  чиста животна средина и справување со дивите депонии.

Домаќинствата ќе треба да го собираат отпадот во сопствени садови (канти, буриња, вреќи) и истите да ги изнесат пред своите порти или да го депонираат во контејнерите поставени од Јавното комунално претпријатие.    Цената на оваа услуга останува иста како и досега и изнесува 150 денари, а наплатата е по истекот на месецот, што значи првите сметки домаќинствата ќе ги добијат во јануари наредната година.

Домаќинствата опфатени со оваа одлука, уште во текот на овој месец   ќе можат  сметот  да го оставаат во контејнерите поставени во нивните населени места, со тоа што за оваа услуга овој месец нема да им биде наплатено.

Деновите  на подигање на сметот од страна на Комуналното претпријатие остануваат исти како и досега односно во вторник се подига сметот од  Ангелци и  Пиперево; во среда во Сушево и Владевци, во четврток во Градашорци а во петок  – во Василево.

Доколку дојде до промена во распоредот на деновите,  граѓаните ќе бидат навреме известени.

Сакам да нагласам дека Одлуката  се однесува само на овие населени места бидејќи во моментот капацитетот на Јавното комунално претпријатие, како технички така и кадровски,  е доволен само за нивно опслужување. Во многу брзо време ваква Одлука ќе биде донесена и за останатите населени места од општината.

Во тек е набавка на нов камион за собирање на смет, по што ќе следува кадровска екипираност за негово опслужување.  Со тоа  ќе се створат услови и сите домаќинства од општина Василево ќе бидат опфатени во процесит на  организираното собирање и подигање на сметот од домаќинствата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба со граѓаните на населеното место Едрениково

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, заедно со претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев, директорот на ЈПКД „Турија“ Зоранчо Ѓеоргиев и членот во општинскиот Совет Атанас Ристов, остварија средба со граѓаните на васеленото место Едрениково на која било разговарано  за приоритетите на населеното место за наредната буџетска година. Според информацијата од градоначалникот Јанев,

после реализацијата на фекалната канализациона мрежа, тампонирање на сите улици во селото, чистење на речното корито кое минува низ населеното место и изградба на прочистителна станица која е во завршна фаза и ќе биде завршена до крајот на годината, општина Василево и во наредната година ќе продолжи со реализација на проекти, кои како приоритетни се произлезени  од средбата, а со кои ќе се подобрат условите за живот во ова населено место.

6

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средби со граѓаните на Висока Маала и Добрашинци

naslov

Вчера, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, согласно планираната динамика одржа средби со граѓаните на  населените места Висока Маала и Доброшинци. Според информацијата од градоначалникот,  разговарано било за  проблемите и потребите со кои се соочуваат граѓаните, со посебен акцент на потребата од изнаоѓање на трајно решение за надминување на проблемот цо водоснабдување.

На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Василево, Зоранчо Георгиев, пратеникот  Сашко Атанасов, претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев и членовите во општинскиот Совет, Неџат Меминов и Илми Мустафов.

1

2

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжуваат средбите со граѓаните на градоначалникот Марјан Јанев

22

Чанаклија и Нова Маала беа населените места кои, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев ги посети синоќа, во рамки на планираните средби со граѓани, по повод планирањето на Буџетот за наредната 2020 година.

„Заинтересираноста на граѓаните е добар показател за потребата и оправданаста токму од ваков пристап во  креирањето на Програмите и планирањето на Буџетот за наредната година.  Генерално и во двете населени места дискусијата главно се водеше околу состојбата и проблемите кои ги имаат со водоснабдувањето“ информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по синоќешните средби со жителите на Чанаклија и Нова Маала.

На средбите присуствуваа  и директорот на ЈПКД „Турија“, Василево Зоранчо Георгиев, директорот на ПЕ на МЗШВ Васил Коцев, претседателот на Советот на општина Василево,  Крсте Панев и советникот од овој крај Тони Малчев.

Средбите продолжуваат и во наредните денови. За денес планирани се средби во населените места Добрашинци со почеток во 19,00 часот и во Висока Маала  со почеток во 20,30 часот.  Местото  на одржување на средбите е  во просториите на училишните згради.

1

3

19

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградба на улица во Нова Маала кон резервоарот

naslov

Денес, во населеното место Нова Маала, започна изградбата на улицата која води кон резервоарот.  Вкупната должина на улицата изнесува 181 метри, со широчина на асфалтниот коловоз од 3,5 метри и  армирано бетонски канал  од десната страна на улицата за  прифаќање на атмосферските води.

„Постоечката улица е со земјан коловоз и при дождови се раскалува и е тешкопроодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем пред се на оние граѓани кои се нејзини најдиректни корисници но и на сите жители на населеното место Нова Маала“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и присуствуваше на официјалниот старт на градежните активности на оваа улица.

Вкупниот буџет за изградба на  улицата изнесува околу  1 980 000   денари од кои  1 000 000  се обезбедени како грант од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), а остатокот во износ од  околу 980 000 ден.  се средства од  општинската каса.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Дикор. Согласно Договорот   улицата треба да биде изградена до крајот на оваа година.

1

8_1280x960

12_1280x960

15_1280x960

16_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот ги започна средбите со граѓани за планирање на Буџетот за 2020 година

naslov

Синоќа,  со средба со граѓаните во населеното место Дукатино, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев ги  започна разговорите околу подготовката на Буџетот за наредната 2020 година. „Целта на  овие средби е најнепосредно, во самото населено место, со сите граѓани кои се заинтересирани, да оствариме комуникација при што

најтранспарентно, директно, самите граѓани ќе се произнесат во врска со своите потреби и ќе ги одредат приоритетите  кои би ги реализирале во наредната година“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој  според календарот на  планираните активности  првата  средба  ја  одржа со жителите на Дукатино, а веднаш по тоа и со жителите на населеното место Радичево.

Заедничко  за двете средби е тоа што како приорети   за наредната 2020 година  граѓаните

од овие две населени места издвојуваат проекти од сферата на локалната патна инфраструктура,  со барања за асфалтирање на конкретни улици. Во населеното место Дукатино на средбата е разговарано и за состојбата со водоснабдувањето.

На средбите присуствуваа и пратеникот во Собранието на РСМакедонија, Сашко Атанасов, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево –  Стојан Тимов, директорот на ПЕ на МЗШВ Васил Коцев, и директорот на ЈПКД „Турија“, Зоранчо Георгиев и претседателот на Советот на општина Василево,  Крсте Панев.

Средбите продолжуваат и во наредните денови.

Денес ќе се одржат средби со граѓаните на Чанаклија со почеток во 19,00 часот и со граѓаните на Нова Маала со почеток во 20,30 часот. И двете средби ќе се одржат во просториите на училишните згради.

4_1280x960

6_1280x960

8_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail