Author Archives: opstinaadmin

Започна изградбата на улица во Добрашинци и локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

DSC_0013_1280x851

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев денес беше на терен  и изврши увид во градежните активности во населените места од подогражденскиот крај каде се изведуваат активности за изградба на локалната патна инфраструктура. Во населеното место Добрашинци деновиве започна изградбата на една од улиците која води од мостот на влезот во селото, преку опфатот на селото па се до постоечкиот земјен пат во самото село. Дел од средствата во износ од 3 000 000 денари,  општината ги обезбеди  од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа а остатокот од сопствениот буџет. Улицата е во должина од 420 метри и поради специфичноста на теренот активностите опфаќаат   расчистување на трасата од грмушки,  дрвја и корења, испумпување на вода по должина на трасата, изградба  на каналското  корито како и    изградба на два цевасти пропусти.  Вкупниот буџет изнесува околу 5 300 000 денари,  а изведувач на работите на терен е градежната компанија Жикол.

Компанијата Жикол е изведувач и на градежните работите кои денес започнаа на дел од  локалниот пат Чанаклија – Нова  во должина од 1 700 метри со што комплетно ќе заврши асфалтирањето на овој четири километарски локален пат а со тоа и поврзувањето со асфалт на  жителите од овие две населени места.  Вкупниот буџет за изградба на овој локален  пат изнесува околу 15 000 000 денари и истите се обезбедени  од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Доколку активностите се одвиваат со предвидената динамика изградбата на улицата во Добрашинци и на делот од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала теба да завршат за четири месеци.

Со изградбата на овие патишта општина Василево го подобрува квалитетот на условите за живот на своите сограѓани.

DSC_0001_1280x851

DSC_0008_1280x851

DSC_1092_1280x851

DSC_1100_1280x851

DSC_1115_1280x851

DSC_0013_1280x851

DSC_0016_1280x851

DSC_0022_1280x851

DSC_0028_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за дваесет и петата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На ден 27.09.2019 година, (петок) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната дваесет и пета седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна септември 2018- август 2019 год.
  2. Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
  3. Одлука за давање согласност на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за прием на повеќе или помалку деца од предвидениот капацитет.
  4. Одлука за утврдување на Комисија за прием на повеќе деца од предвидениот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиски критериуми за прием на деца.
  5. Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за учебната 2019/2020 година.
  6. Годишна Програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2019/2020 година.
  7. Развоен план 2019-2023 година на ООУ„Гоце Делчев“; Василево.
  8. Годишен извештај за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2018/2019 година.
  9. Годишна Програма за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2019/2020 година.
  10. Статут на ООУ „Атанас Нивичански“ с. Нова Маала, општина Василево.
  11. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект –црква на К.П бр.1803 во КО Ангелци.
  12. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект –црква на К.П бр.1803 во КО Ангелци.
  13. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект –црква и трем на К.П бр.1803 во КО Ангелци.
  14. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект –црква и трем на К.П бр.1803 во КО Ангелци.
  15. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект –викендица на К.П бр.953 во КО Василево вон гр.
  16. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек ОДВОДЕН КАНАЛ ОК-1 во с. Градашорци, општина Василево.
  17. Предлог-решение за разрешување на член на Училишен одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
  18. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Училишен одбор на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.
  19. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.
  20. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ристо Тушев од Пиперево.
  21. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Киро Ѓоргиев од с. Добрејци.
  22. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од црковното настојателство при храмот Св.Димитриј“ с. Сушево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ОО на Црвениот крст, Струмица одржа едукатувна работилница во Василево

5

Под мотото „Твоето незнаење чини живот“, денес, претставници од ОО на Црвен крст од Струмица, во Василево,  за вработените во општинските институции одржаа едукативна работилница за како што рекоа „освежување“ на знаењата од областа на првата помош. Демонстрирани беа показни вежби за давање прва помош на лице место,  во импровизирани услови, за најчестите повреди и состојби во кои може да се најде  едно лице во случај на несреќа.

Од страна на доктор Васил Тунев и демонстарторот Танкица Стојанова, демонстрирани беа основите на срцево- белодробно  оживување односно оживување во случај кога некој колабира, потоа давање  прва помош во ситуации кога повреденото лице има скршеници или исчашување, како и прва помош во ситуација на повреди со крварење.

Како што информираше  секретарот  на ОО на Црвен крст Струмица, Марјана Тошева, која беше дел од денешната работилница, целта на ваквите едукативни  работилници  кои како организација на Црвен крст ќе продолжат да ги одржуваат и во наредниот период е зајакнување на капацитетот на граѓаните за давање прва помош во ситуации во кои секоја минута е драгоцена за спасувањето на нечиј човечки живот.

1

3

4

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се интензивираат активностите во патната инфраструктура

naslov

„Општина Василево деновиве интензивно работи на подобрување на патната инфрструктура, со цел олеснување на пристапот на граѓаните до сопствените домови и воопшто подобрување на условите за живеење“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, во врска со тековните активности на подготовка на теренот за изградба на улици во Ангелци и Градашорци.

„После населеното место Седларци се подготвува теренот односно се порамнуват, тампонират патишта во населените места Ангелци и Градошорци за да може во наредните денови да се изврши нивно асфалтирање. Во наредниот период истата активност ќе продолжи и во другите населени места во општина Василево. Со средства од Буџетот ќе бидат асфалтирани вкупно 14 улици кои беа предвидени во Програмата за изградба, реконструкција на локални улици и патишта. Од наредна недела ќе се започне и со реализацијата на локалните патишта за кои средства беа обезбедени од АФПРРЗ И БРР“, информираше градоначалникот Јанев.

1_1280x852

3_1280x852

7_1280x852

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Решен проблемот со одгледувачите на свињи на депонијата кај Добрашинци

2

Денес, во Василево,  на  иницијатива и покана на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, беше одржан  заеднички состанок  на кој присуствуваа  Ветеринарните друштва од Струмичкиот регион, инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство Сашо Беџовски и одгледувачите на свињи  од Добрашинци кои свињите ги одгледуваат на регионалната депонија Шапкар кај Добрашинци.  Како што информираше градоначалникот на општина Василево  засегнатите страни успеале да постигнат Договор. Договорено е свињите  кои се одгледуваат во близина на депонијата да им бидат одземени на одгледувачите и притоа за истите да добијат соодветен надоместок од страна на  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Постапката со одземање на свињите ќе се случи во средината на наредната седмица.

„Ова е втор состанок во ваков состав оваа недела и сметам дека сите треба да сме задоволни бидејќи успеавме  да постигнеме Договор а со тоа да ги испочитуваме и препораките од Владата на РСМакедонија во врска со појавата на болеста Африканска свинска чума во соседна Бугарија“, изјави Марјан Јанев, градоначалник  на општина Василево на чија територија се наоѓа регионалната депонија Шапкар  во чија близина граѓаните на Добрашинци одгледуваат свињи.

1

2

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево преку ЈПП со ЕСКО компании до енергетски ефикасно улично осветлување

6

Општина Василево е една од петте општини во РСМакедонија која преку ЈПП (Јавно приватно партнерство) со ЕСКО компаниja (Компанија за енергетски услуги)   ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување за кое нема да потроши ниту денар од сопствениот буџет.

Денес, во Скопје, во просториите на Стопанска комора, во организација и на покана на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија а во соработка со Проектот „Создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти“, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев заедно со  претставници од стручните служби на општината присуствуваше на работилница за енергетска ефикасност за проекти за јавно улично осветлување.  Општина Василево како една од петте општини во државата во која ќе се имплементира проектот, пред присутните претставници на Министерството за економија,  ЕСКО компаниите, Банките и експертите имаше презентација на техничката документација за јавното улично осветлување и нејзиниот опфат.

Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, следниот чекор е објавување на јавна набавка за избор на ЕСКО компанија која ќе го реализира проектот на терен.

Бенефитот на општината е повеќекратен и долгорочен бидејќи се обезбедува квалитетно енергетски ефикасно улично осветлување кое континуирано ќе бележи заштеди односно пониски сметки за потрошена електрична енергија по основ на  улично осветлување, како и опрема која и по завршувањето на договорот останува во сопственост на јавниот партнер односно на општината.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка.

1

3

6

8

20

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Потпишан Договорот за реконструкција на патот до брана Турија

3

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова, во петок, 16.08.2019 година, во просториите на општина Василево потпишаа Договор за партнерство за реализација на проектот „Реконструкција на пат од крстосница пред с.Доброшинци до брана Турија“. Должината на патот изнесува 800 метри а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, преку мерката Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Согласно Договорот одобрени се 11.822.560 денари или околу 190 000 евра. Учеството на општина Василево е преку плаќањето на износот на ДДВ-то за овие средства.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев,  во наредните денови следува тендерирање за избор на компанија – најповолен понудувач кој ќе ги изведува работите на терен.

„Ова е само чекор во постапката чиј краен резултат ќе го почувствуваат бројните корисници на овој пат. Со реализацијата на овој проект само ја потврдуваме нашата цел за асфалтирање на сите локални патишта, улици и улички во нашите населени места, стварајќи оптимални услови во локалната патна инфраструктура и воопшто подобри услови за живот на сите жители на општина Василево“, изјави градоначалникот наопштина Василево Марјан Јанев.

6

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Поделени првите картички за зелена нафта во општина Василево

2

Од петок, 16.08 2019 година, земјоделците од Струмичкиот регион ќе можат да ги подигнат  картичките за зелена нафта во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Струмица. Првите картички на земјоделците од општина Василево, им беа поделени ден порано во просториите на општина Василево од страна на  градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, раководителот на МЗШВ – ПЕ Струмица Васил Коцев и пратеникот во собрание на РСМ Сашко Атанасов.

Корисник на оваа мерка е секој земјоделец кој има пријавено субвенции за градинарски и поледелски култури, овошни и лозови насади за 2018 насади. Со картичките земјоделците добиваат  поевтина нафта или 30 отсто од трошоците за нафта ги покрива државата.  а средствата на картичките земјоделците треба да ги искористат до крајот на април 2020 година. Со овие картички земјоделците ќе можат да точат исклучиво евродизел за земјоделската механизација.

7

5

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за дваесет и четвртата седница на Советот на општина Василево

sala na Sovet

На ден 21.08.2019 година (среда), со почеток во 11,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи дваесет и четвртата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Кваратален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година (К-1);
  2. Кваратален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година (К2);
  3. Кваратален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година (К3);
  4. Годишен План за вработување на општина Василево за 2020 година;
  5. Годишен План за вработување за 2020 година на ЈПКД „Турија“, Василево;
  6. Финансиски озвештај на ЈПКД „Турија“ за првото полугодие за 2019 година;
  7. Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на висината на трошоците за прекинување и повторно приклучување на корисникот на вода;
  8. Предлог-одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево;
  9. Донесување на Одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Муслиев Фејзи од с. Градашорци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Голема Крводарителска акција во Струмица

DSC_1048_1280x851

Под мотото „Биди нечиј херој – Спаси живот дарувај крв“,  утре, 31.08.2019 година,  Црвениот крст на Република Македонија – општинска организација Струмица,  спроведува акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата ќе се спроведе во просториите на Домот на културата во Струмица  во периодот од 09,00 до 14,00 часот.

Општина Василево се придружува кон  апелот на организаторите и ги поканува своите сограѓани како и многупати досега да ја покажат својата хуманост на дело, да се вклучат во акцијата и со својата крв да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

DSC_1053_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail