Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за дваесетата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во петок, 29.03.2019 година со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната дваесетта седница.

За работа на Седницата предожен е следниот дневен ред:

  1. Завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2018 година.
  2. Годишен извештај на општина Василево за 2018 година.
  3. Завршна семетка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2018 година.
  4. Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2018 година.
  5. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2018 година.
  6. Давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Турија“, Василево за 2019 година.
  7. Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
  8. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за еднакви можности .
  9. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за земјоделие и заштита на животните и растенијата.
  10. Донесување на Одлука по Барањето за добивање на финансиски и материјални средства поднесено од МПЦ – Охридска Архиепископија, Струмичка епархија – Парохија Василевска.
  11. Предлог-одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за изборите во 2019 година со обезбедени еднакви услови на сите организатори на изборната кампања во општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево најтранспарентна во Југоисточниот плански регион

GGGG-horz

Општина Василево е најтранспарентна во нејзиното работење  во рамки на Југоисточниот плански регион и општина која освен тоа што ги исполнува законските обврски за транспарентност користи и свои методи за да биде поблиску до граѓаните – покажаа резултатите од анализата за транспарентност при вработување на општините од Југоисточниот регион, направени од страна на Здружението на граѓани ПРОФИЦИО..

На презентацијата на резултатите од анализата со која се опфатени сите 10 општини од Југоисточниот плански регион  (Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица), претставникот од општина Василево, Верче Миткова пред присутните ги образложи  начините, практиките, каналите и методите кои се практикуваат во  во општина Василево, а чија крајна цел е транспарентност во работењето. Миткова потенцираше дека освен  информирањето на граѓаните во делот на она што значи законска обврска, општина Вaсилево континуирано подготвува и пласира информации кои се однесуваат на работењето на општината, на нејзините  органи, независно дали тоа е во делот на надлежностите на градоначалникот, советот , општинската администрација или јавните претпријатија и установи основани од општината.  За  разлика од сите останати општини во регионот општина Василево на својата официјална веб страна  www.opstinavasilevo.gov.mk , меѓудругото ги има објавено и огласите за унапредување на административни службеници што е само еден позитивен пример за транспарентно и отчетно работење на јавна институција.

Како резултат на анализата од ПРОФИЦИО општините добија и соодветни препораки во насока на зголемување на транспарентноста како на пример преземање иницијатива јавно да ги објават актите за систематизација и нивните измени. да се подобрат јавно достапните информации и отчетноста на општините при спроведување на постапките за вработување, да воспостават систем на континуирана обука и професионален развој со цел зголемување на квалитетот на јавните услуги.

Оваа анализа Здружението на граѓани ПРОФИЦИО ја има спроведено во рамки на проектот Транспарентна и ефикасна локална власт – услов за развој, имплементиран од „Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“, а финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015

thumbnail

1

2

4

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево на средби со граѓаните

naslov

Градоначалникот на општина Василево  Марјан Јанев, денес  ќе оствари средба со жителите на населеното место Василево. Средбата  ќе се одржи во просториите  на ООУ„Гоце Делчев“, Василево со почеток во 18,30 часот.  Ова е една од низата средби со граѓаните, кои деновиве градоначалникот ги реализира во населените места и на кои главно се разговара за актуелните потреби и проблеми и можните решенија за нивно надминување.  Според информацијата од градоначалникот Јанев, средбите  кои започнаа минатата недела ќе продолжат и во текот на наредните денови  односно  ќе се одржат во сите населени места. Целта е да се детектираат актуелните потреби и проблеми и во заеднички разговор и консултации  со сите засегнати страни   да се понудат решенија и да се изнајдат најсоодветните начини за брзо и ефикасно надминување на состојбите и решавање на проблемите.

Заради посеопфатен пристап кон актуелните состојби,  на  средбите со граѓаните освен градоначалникот присуствуваат и претставници од  локалната самоуправа и другите  релевантни државни и локални институции кои можат да дадат активен придонес  во решавање на идентификуваните проблеми и подобрување на  тековните состојби.

Досега, одржани се средби со граѓаните на населените места Едрениково, Пиперево, Градошорци (во Чифлик Маало), Сушево и  Висока Маала.  Вечерва ќе се одржи средбата со граѓаните на Василево а за утревечер закажана е средба со жителите на Нова Маала.

Вакви средби, во наредниот период ќе се одржат и во останатите населени места на општина Василево.

1

3

4

4-horz_1280x853

5

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општините Василево, Босилово и Ново Село добија заеднички ровокопач

rovokopa;

Општините Василево, Босилово и Ново Село добија универзален  ровокопач (скип) преку Проектот  за подобрување на општинските услуги  од Програмата  за развој на рураланата ифраструктура –  за која на барање на Владата,   Европската Унија се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра.

Вкупниот износ на Програмата вклучително со износот за кофинансирање од страна на Владата на РСМакедонија изнесува 20,667 милиони евра.

Програмата ја имплементира Министерството за финансии на РСМакедонија а ја администрира Светска банка.

Според информацијата  добиена  од МСИП  Проектот, во рамки на Програмата,  од страна на Министерството за финасии направена е набавка на 10 возила –универзални ровокопачи (скипови), кои во наредниот период ќе им бидат предадени на општините. Една од тие општини е и општина Василево која ровокопачот го доби и ќе го користи во партнерство со општините Босилово и Ново Село.

Новата машина ќе помогне во одржување на патиштата, чистење на каналите, копање на ровови и за други работи за кои е наменета.

DSC_0727_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Објавен тендер за Изградба на прочистителна станица во с. Едрениково

Edrenikovo-kanalizacija

На веб страната на УНДП (Програмата за развој на обединетите нации) објавен е тендер за Изградба на прочистителна станица во с. Едрениково, општина Василево.

Заинтересираните понудувачи комплетната тендерска документација со сите информации и податоци околу постапката може да ја најдат на следниот линк:

http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=53725

Крајниот рок за доставување на понудите е 21-ви март, 2019 година до 10,00 часот.

Заинтересираните понудувачи се покануваат на предпонудувачка конференција која ќе се одржи на 11-ти март 2019 година во 10,00 часот во просториите на УНДП во Скопје.

Прочистителната станица во с. Едрениково ќе се гради во рамки на проектот „Управување со сливот на реката Струмица“ преку кој во истото населено место во тек е изградба на систем за фекална канализација.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 19-та седница на Советот на општина Василево

naslov

Советот на општина Василево, денес ја одржа редовната 19-та седница, од чиј дневен ред, на предлог на советничката Христина Гошева од Советничката група на СДСМ, беа изземени девет точки од дневниот ред. Сите девет точки беа барања за финансиска помош и спонзорства поднесени од правни и физички лица. Во образложението за ваквиот предлог Гошева нагласи дека поради веќе распишаните претседателски избори Советот нема законска можност да одобрува финансиски средства, по што предлогот за изземање на посочените точки од дневниот ред беше едногласно прифатен.

Како дополнителна точка за работа на седницате беше предложена и прафатена  Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година. Истата беше едногласно усвоена.

Со гласовите на сите присутни светници донесени беа и Планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2019-2021),  Спогодбата за измена  и дополнување на Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село и  Одлуката за давање на времено користење без надоместок на недвижни ствари – простор на Министерството за труд и социјална политика – Скопје, Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица согласно која на барање на Министерството за труд и социјална политика, општина Василево на  Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица му отстапува простории за отварање канцеларија во која граѓаните ќе добиваат услуги од областа на социјалната сфера. Просториите се лоцирани во Василево, во зградата во која е и амбулантата и истите, со договор ќе му бидат отстапени на МТСП на одредено време.

На седницата беше усвоен и полугодишниот извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2018/2019 година, и Предлогот за разрешување на член на училишниот одбор на ова училиште и назначување на друг член. Разрешена беше Ели Ѓорѓиева а на најзино место назначена Виолета Тонева.

Советниците ја усвоија и предложената Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 1765 во КО Василево вон г.р  и предложената Одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот за улица во с. Нова Маала до резервоар согласно која општина Василево обезбедува сопствени средства во висина од  околу 980 000 денари за изградба на улица во Нова Маала за која средства во висина од 1 000 000 денари се обезбедени преку Министерството за финансии  од Проектот за подобрување на општинските услуги.

DSC_0705_1280x851

DSC_0706_1280x851

DSC_0710_1280x851

DSC_0711_1280x851

DSC_0715_1280x851

DSC_0716_1280x851

DSC_0719_1280x851

DSC_0720_1280x851

DSC_0721_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја закажа 19-та седница

DSCN5467

На 01.03.2019 година (петок)  со почеток во 10,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 19-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Полугодишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2018/2019 година.
  2. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 1765 во КО Василево вон г.р
  3. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот за улица во с. Нова Маала до резервоар.
  4. Предлог-спогодба за измена и дополнување на Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.
  5. Барање од ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за разрешување на член на Училишниот одбор и назначување на нов член на Училишниот одбор во ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала.
  6. Предлог-план за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2019-2021).
  7. Предлог-одлука за давање на времено користење без надоместок на недвижни ствари – простор на Министерството за труд и социјална политика – Скопје, Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица.
  8. Донесување на одлука по барање за спонзорство за организација на ловечка вечер поднесено од ЛД „Гоце Делчев“, Босилово.
  9. Донесување на одлука по барање за финансиски средства за оградување на гробишта во с. Нова маала, поднесено од претседателот на црковниот одбор во с. Нова Маала.
  10. Донесување на одлука по барање за финансиски средства за потребите на џамијата во с. Градашорци, поднесено од џамискиот одбор на с. Градашорци.
  11. Донесување на одлука по барање за финансиски средства за одбележување на 20 години јубулеј на здружението ЗЗП „Агросојуз“ Василево, поднесено од претседателот на Управен одбор на ЗЗП „Агросојуз“.
  12. Донесување на одлука по барање за спонзорство за организација на ловечка вечер поднесено од ЛД  „Фазан“,  Василево.
  13. Донесување на одлука по барање за финансиски средства за изградба на ново крштелно во храмот „Св. Наум Охридски“, с. Чанаклија.
  14. Донесување на одлука по барање за финансиски средства за технички помагала, електронски уреди на здружението „Басмак Василево“ од с. Василево.
  15. Донесување на одлука по барање за спонзорство за организација на ловечка вечер поднесено од ЛД „Беласица“ од Струмица.
  16. Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесена од Димитраќ Митев од с. Градашорци бр. 31.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина одржа Вонредната седница

DSC_0693_1280x851

Денес,  на вонредна седница, Советот на општина Василево  донесе Одлуката со која го одобрува Извештајот за  вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со 30.09. 2018 година, а кои ќе се финансираат со средствата добиени од Владата на РСМакедонија како финансиска поддршка за таа намена.

Едногласно беше усвоена и предлог-одклуката за измена на распоредот на средствата на  Буџетот на општина Василево за 2019 година и истата се однесува на преманена  буџетските средства во рамките на една од програмите, т.е во програмата А30 – подмирување на доспеани а ненаплатени обврски.

DSC_0695_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Вонредна седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Утре, 21.02.2019 година, (четврток) со почеток во 10,00 часот  Советот на општина Василево ќе одржи Вонредна седница.  За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за одобрување на Извештајот за вкупниот договорен износ по доверителите за финансирање на доспеани а наплатени обврски.
  2. Прелог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2019 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на канализациона мрежа во с. Едрениково

13

Во населеното место Едрениково, деновиве  започна изградба на канализациона мрежа.  Информација за текот на активностите и детали околу проектот даде градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој денес беше на трасата во Едрениково и направи увид во работите на терен.

„Би сакал да ги информирам граѓаните од населеното место Едрениково но и целата јавност дека овие денови почнавме со изградба на фекална канализациона мрежа во ова населено место – активност која е во согласност со Програмата за изградба на системи за одведување на отпадни води. Ова е проект на кој општина Василево работеше изминатата година.  Целиот проект  опфаќа изградба на примарна и секундарна мрежа со што ќе овозможиме на сите домаќинства  да се приклучат кон истата и на тој начин ќе ги подобриме условите за живот во Едрениково но и ќе ја подобриме здравата животна средина. Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 10 000 000 денари, средства обезбедени преку УНДП од страна на Швајцарската влада.“ изјави градоначалникот Јанев при неговата посета на местото на изградбата на системот за канализација.

Изградбата на системот за канализација во населеното место Едрениково е во рамки на УНДП проектот „Управување со сливот на река Струмица“ каде  партнери се општините од Струмичкиот слив, Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМакедонија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Градоначалникот Јанев во денешната изјава информираше и за следните активности кои во продолжение ќе бидат преземени а се во насока на подобрување на условите за живот на населението и зачувување на животната средина во ова населено место.

„Паралелно со ова сакам да ги информирам граѓаните на населеното место Едрениково дека се обезбедени и дополнителни средства во висина од 15 000 000 денари за изградба на прочистителна станица за прочистување на  фекалните отпадни води која треба да се реализира во текот на оваа година. Наша цел е да овозможиме зачувување на здравата животна средина од една страна и да ги подобриме условите за живот во ова населено место од друга страна, изјави градоначалникот Јанев  ветувајќи обезбедување средства за изградба на вакви системи и во останатите населени места  на општина Василево.

 5

7

9

10

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail