Author Archives: opstinaadmin

Средба на сточарите со претставници од ЈП за стопанисување со пасишта

1

Денес, во Василево,  сточарите од општината  кои стоката ја одгледуваат на пасиштата, остварија средба со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување  со пасишта, Љуљазим Фејзулаи, со претставници на УО на ова Јавно претпријатие,  претставници од АФПЗРР, директорот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство –  Струмица, директорот на Подрачната единица на ЈП за пасишта – Струмица и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев како домаќин и иницијатор на  средбата.

Сточарите од своја страна  ги запознаа надлежните со проблемите со кои се соочуваат и потребите кои ги имаат во секојдневното напасување и одгледување на стоката. Институциите изразија подготвеност за изнаоѓање решенија како би се  подобрила сегашната  состојба и условите во оваа сфера со што во крајна линија ќе зачува и сточниот фонд во општината.

Од страна на надлежните беше презентирана и Програмата на Јавното  претпријатие за стопанисување со пасишта.

8

5

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дождот уште еднаш го одложи авионското прскање против комарци

prskanje

Ги известуваме жителите на населените места на општина Василево дека авионското  прскање против комрци  најавено за в среда, 27.06.2018 година поради дождливото време уште еднаш е одложено. Доколку дозволат временските услови авио-прскањето ќе се спроведе во недела на 01.07.2018 година во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот.

Ги информираме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Презакажано авионското прскање против комарци

prskanje

Ги известуваме жителите на населените места на општина Василево дека првото прскање против комaрци  кое првично беше одложено поради лошите временски услови е презакажано и доколку дозволат временските услови ќе се изврши на 27.06.2018 година (среда) во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот.

Ги информираме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во недела ќе се изврши авио-прскање против комарци

prskanje

Ги известуваме жителите на населените места на општина Василево дека во недела, на 17.06.2018 година, во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот,  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте  општини од регионот ( Василево, Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Конче, Радовиш, Ново Село и Струмица)  ќе изврши  организирно  авионско прскање против комарци. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18.06.2018 година во истиот временски период.

Ги информираме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Организираното прскање ќе се изврши на вкупна површина од 5741 ха.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ја намали цената за приклучок на канализациониот систем

kanalizacija 3

Советот на општина Василево на денешната седница донесе Одлука со која изврши намалување на цената  за приклучок на системот за канализација за физичките лица.  Новата цена изнесува 14 000 денари  наспроти досегашниот износ од 18 000 денари.

„ Очекуваме оваа одлука да ги даде очекуваните резултати а тоа е приклучување кон  системот за канализација на сите оние домаќинства за кои се створени услови за користење на оваа услуга, рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев,  во денешната изјава за медиумите.

„Една од причините поради која дојде до намалување на цената се последните пресметки направени од страна на службата во ЈПКД „Турија“, Василево. Со последниот тендер добиена е и пониска цена за материјалите што ЈПКД „Турија“ ги користи при поставувањето на приклучокот, кое нешто директно влијае на крајната цена.  Друг исто така битен момент кој ни дава за право да очекуваме зголемен интерес после ова намалување се и барањата за пониска цена што редовно ни беа упатувани од страна на граѓаните на сите наши досегашни средби“, прецизираше градоначалникот Јанев.

Упатувајќи апел до граѓаните за приклучување кон системот за канализација, онаму каде што  општината има створено услови, градоначалникот Јанев рече дека несфатливо е во услови кога општината односно Јавното комунално претпријатие нуди ваква услуга, има изградено систем за прифаќање на отпадните води од домаќинствата, истите да бараат алтернаривни решенија кои во најмала рака не се ниту еколошки ниту ефтини. Токму затоа општината и ЈПКД „Турија“ одлучија на граѓаните да им понудат многу пониска цена за конечно, барем таму каде што имаме створено услови, да го минимизираме проблемот со отпадните води од домаќинствата.

Во цената од 14 000 денари како и досега вклучена е монтажа на канализационен приклучок, односно ископ од главната линија и материјали.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 10-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0116_1024x681

Советот на општина Василево ја одржа редовната 10-та седница на која беа усвоени сите предлози од дневниот ред кој на самата сеница беше дополнет  со три дополнителни: Барање за финансиска помош, Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Василево за 2018 година и Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Василево.

Измената во распоредот на средствата во Буџетот на општина Василево се однесува на програмата Основно образование и пренамената на средствата е заради нормално одвивање на тековните активности во ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Во рамки на веќе утврдениот буџет направена е миграција на средствата од една во друга ставка.

Два од вкупно десетте  предлози беа од ЈПКД „Турија“, од кои едниот беше дополнување на Ценовникот на ЈПКД „Турија“  за вршење на нивните активности во делот на канализацијата, а другиот беше за намалување на цената за  приклучување на системот за канализација. Едногласно беше усвоен предлогот, надоместокот за приклучување на системот за канализација за физички лица да изнесува 14 000 денари.

„Цената за приклучок на системот за канализација ќе изнесува 14 000 денари наспроти досегашните 18 000 ден. Ова е крајната цена што ќе ја плаќа секое домаќинство што значи во цената е вклучен и данокот на додадена вредност. Цената е утврдена врз основа на трошоците за ископ и материјалите кои ќе се употребат за приклучување на канализационата мрежа. Бидејќи од страна на граѓаните имаше реакции дека цената е превисока и дека доколку се намали, повеќе домаќинства ќе се приклучат, а од друга страна со последниот тендер цените на материјалите се пониски во однос на претходните,  па со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, за кои всушност и постоиме,  го предлагаме ова намалување“ рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во  образложението дадено на  денешната Седница.

На седницата беше усвоени и неколку предлози за финансиска помош на правни и физички лица.

DSC_0081_1024x681

DSC_0084_1024x681

DSC_0086_1024x681

DSC_0088_1024x681

DSC_0094_1024x681

DSC_0106_1024x681

DSC_0112_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 10-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 31. 05. 2018 година (четврток) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи  редовната 10-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за дополнување на ценовникот на ЈПКД „Турија“, Василево за вршење на работите со општина Василево.
  2. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за приклучок на канализационен систем за физичките лица во населените места Ангелци, Градошорци, Василево и Пиперево.
  3. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Маца Малчева од с. Чанаклија.
  4. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ловечко друштво „Фазан“, Василево.
  5. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Идавер Шаинов од с. Градошорци.
  6. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Кристијан Вражов од с. Пиперево.
  7. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Шотокан Карате клуб „Шихан“ од Струмица.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Марјан Јанев во посета на општина Корено Аусонио, Р.Италија

LOGO, Opstina Vasilevo-horz

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев од денес, 18.05.2018 год.  до 21 мај,  на покана на неговиот италјански колега Доменико Корте е во посета на општина  Корено Аусинио, Р.Италија. Поводот  е комеморативна церемонија што се одржува по повод 74-годишнината од воените случувања во Корено Аусонио.

Како што стои во поканата посетата ќе биде искористена за зацврстување на соработката меѓу двете општини, која започна пред околу две години како  и  за изнаоѓање можности за активирање на   европски финансирања во повеќе области.

Заедно со градоначалникот Јанев во посета на Корено Аусонио е и Васил Коцев- раководител на подрчаната единица при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Струмица.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржани Ѓурѓовденските средби во Едрениково

4

По повод верскиот празник Ѓурѓовден, во населеното место Едрениково, во дворот на црквата Св. Ѓорѓи се одржаа  Ѓурѓовденските средби – манифестација на заедничко дружење и одржување на локаната традицијата на жителите од ова населено место.

„Согласно поводот и местото на кое се наоѓаме, вечерва сме овде да го чествуваме името на Светецот Св. Ѓорѓи и по тој повод да се видиме и да се дружиме со пријателите и блиските“, рече во своето поздравно обраќање градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

Учениците од подрачното училиште изведоа културно уметничка програма со што содржински ја збогатија манифестацијата која под покровителство на општина Василево се одржува четврта година.

1

4

8

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ„Гоце Делчев“, Василево го одбележа својот патрон-празник

DSC_0050 (Medium)

Со полагање свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор и пригодна програма подготвена од учениците, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележа својот патрон празник и 115-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, чие име го носи ова училиште.

Пред споменикот на Делчев беше прочитана творба за неговите дела по што делегации од  училиштето и локалната самоуправа се поклонија пред бистата и  положија свежо цвеќе.

„Со должна почит кон неговото дело, обврска на сите нас – неговите потомци е да го чуваме споменот за него, градејќи ја својата иднина токму во духот на неговата позната изрека дека светот е поле за културен напредок меѓу народите.

Со силата на знаењето,  со мудроста и  придобивките стекнати во училишните клупи, сите Вие драги ученици, треба да чекорите напред, во посветла и поубава иднина.  Ви посакувам периодот поминат во училиштето да биде вашето најубаво и истовремено најкорисно поминато време, во кое низ натпревар на знаење ќе се изградите како личности и сигурни ќе зачекорите во светот на реалните вредности, во светот каде вашите научени лекции ќе ги презентирате како квалитети и вештини“, рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во своето поздравно обраќање.

Во чест на името и делото на патронот учениците изведоа културна уметничка програма.

На учениците кои имаа добиено награди на досега одржаните натпревари, директорот на училиштето Стојан Тимов им врачи  благодарници, посакувајќи им успех  во понатамошното школување.

DSC_0041 (Medium)

DSC_0043 (Medium)

DSC_0047 (Medium)

DSC_0059 (Medium)

DSC_0066 (Medium)

DSC_0070 (Medium)

DSC_0074 (Medium)

DSC_0077 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail