На синоќа одржаната вонредна седница на Советот на општина Василево, советниците, едногласно и без дискусии ги усвоија двете предлог одлуки од предложениот дневен ред: Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проектот „Изработка на регионален план со десет општински планови за интргрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион“ и Предлог-одлука за сопствено учество…
Новости
Одржана втората работилница за изработка на Стратегија за култура на општина Василево
Локалната самоуправа Василево во соработка со Здружението за култура Култ транзен од Струмица ја одржа втората работилница во рамки на проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“, чиј краен продукт ќе биде изработка на Стратегија за развој на културата во општина Василево. По презентацијата на вредностите на општина Василево, учесниците во работилницата работеа…
Вонредна седница на Советот на општина Василево
Денес, 11.12.2015 година, (петок) со почеток во 19,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи вонредна седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: 1. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проектот „Изработка на регионален план со десет општински планови за интргрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион“ 2. Предлог-одлука…
Технички прием на системот за парно греење во училиштето во Радичево
„ Денеска сме тука заедно со нашите партнери и поддржувачи од Сокотаб, кои преку МЦМС (Македонскиот центар за меѓународна соработка) заедно го реализираа проектот за ново топловодно греење“, изјави директорот на МЦМС Димче Митрески при денешната посета на училиштето во Радичево, каде заедно со партнерите направија увид во состојбата, односно изврешен е технички прием на…
Селектирани проектите за кои граѓаните ќе гласаат на 5-та форумска сесија
На синоќешниот мини форум во чија работа учествуваа членовите на оперативниот тим и по двајца претставници од работните маси, беше направена селекцијата на 76-те предлози дадени за време на претходните сесии. Со гласање, кое се одвиваше поединечно по работни маси, беа селектирани 30 предлози, од кои на петата форумска сесија граѓаните ќе направат приоритетна листа…
Избран нов претседател на Советот на општина Василево
Драги Митев од ВМРО ДПМНЕ, едногласно со подршка на сите советници, на денешната редовна триесет и четврта седница, е избран за претседател на Советот на општина Василево. Пред чинот на гласање, советникот од СДСМ Марјан Јанев, во име на советничката група на СДСМ му даде поддршка на Митев, кој во истиот стил по седнувањето на…
Дневен ред за 34-та Седница на Советот на О.Василево
Во понеделник (07.12.2015 год.) со почеток во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 34 седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: 1. Извештај на Општинската изборна комисија Василево за преземените работи согласно член 155 од Изборниот законик. 2. Донесување на Заклучок за престанок на мандатот на член на…
Општина Василево продава две градежни парцели
Министерството за транспорт и врски објави оглас за одтуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Василево. Предмет на јавното наддавење е градежно неизградено земјиште предвидено до УПВНМ (Урбанистички план вон населено место) за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во…
Општинарите пошумуваа во Чешмедере
Општина Василево заедно со ПШС „Беласица“ Струмица се вклучија во акцијата на пошумување, „Ден на дрвото –засади ја својата иднина“, која годинава се одржа под мотото „ Засади дрво – засади успех“. „ Општина Василево континуирано ја поддржува акцијата Ден на дрвото и во изминатиот период засади големи површини и заедно со Министерството за земјоделство,…
Општина Василево ја одржа четвртата форумска сесија
Стотина граѓани, синоќа учествуваа во работата на четвртата форумска сесија од Буџетскиот форум што општина Василево го спроведува во соработка и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Единицата за координаија на форумита (ЕКФ). Дадоа вкупно седум нови предлози за проекти кои побараа општината да ги реализирала во наредната 2016 година.…