Новости

Чистење на каналот во с. Ангелци

naslov

Екипа на ЈПКД „Турија“,  во рамки на своите работни активности, го чистеше отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци. Активноста се изведува на потегот кај селските гробишта во должина од околу стотина метри. Со механизација и рачно се отстранува наносот од тиња, кал и вегетација со што практично му се враќа функционалноста. Увид во активноста…

Continue reading

ЈПКД Турија ја чистеше дивата депонија во Нова Маала

DSC_0310_1024x681

ЈПКД „Турија“, Василево, по налог на општина Василево ја чистеше дивата депонија на влезот од населеното место Нова Маала. Увид во сработеното изврши градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој упатува апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и да не фрлаат отпад насекаде, бидејќи на тој начин се уништува животната средина и се трошат…

Continue reading

Одржана Конститутивната седница на Советот на општина Василево

наслов,1

Ристо Делијанов е новиот претседател на Советот на општина Василево, кој на првата конститутивна седница на Советот на општина Василево беше избран едногласно. Делијанов им се заблагодари на своите колеги за поддршката и дадената доверба и вети дека ќе се залага  сите заедно да работат за доброто на граѓаните на општина Василево. Мандатот на Советниците…

Continue reading

Одржан координативен состанок за проектот „Подобрување на социјалните услуги“

koordinativen-sostoanok-13

Во рамки на проектот „Подобрување на социјалните услуги“,  вчера во  Општинската организација на Црвен крст Струмица  одржан е координативен состанок во партнерство со општините Ново Село и Василево. На состанокот учествуваа секретарот на Општинска организација Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, координаторот на проектот, Менче Златинова, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Општина…

Continue reading

Закажана Конститутивната седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 18.11.2021 година, со почеток во 16.00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи Конститутивната седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: 1.Предлог – Решение за избор на Претседател и членови на Верификациона комисија. Предлог – Одлука за верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Василево; Предлог – Одлука…

Continue reading

Конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари и лица со попреченост

ЦК Струмица

Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација Струмица, објави Конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари и лица со попреченост. Комплетниот оглас е во продолжение:

Општина Василево и ЈПКД Турија тампонираа улица во с. Василево

naslov

Денес, ЈПКД „Турија“; Василево, по налог на општина Василево вршеше насипување и тампонирање на една од неасфалтираните улици во населеното место Василево. Според информацијата од претставникот од ЈПКД „Турија“,  за реализација на оваа активност, која опфаќа пополнување на дупките со чакал и тампонирање на улицата во целата должина,  употребени се  околу 15 м3   чакал.  …

Continue reading

Поради дефект на главниот цевковод, прекин на водоснобдавуњето во Василево, Ангелци и Градашорци

3

Денес, поради дефект на главниот цевковод на регионалниот водовод Ангелци, Василево, Градашорци, имаше прекин на водоснабдувањето за жителите од овие три населени места и корисниците од индустриската зона. Според информација од ЈПКД „Турија“,  дефектот бил поради механичко оштетување на цевководот настанато од дотраеност  на цевководот и истиот е саниран во најкраток можен рок. Прекинот на…

Continue reading

Градоначалникот Андонов направи увид во изградбата на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

DSC_0175_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со претставници од градежната компанија- изведувач на активностите на терен и фирмата задолжена за надзор над работите изврши увид во текот на градежните активности на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци. Како што информираше претставникот од Геинг- компанија задолжена за надзорот на градежните активности, поставени се шахтите…

Continue reading

ЈПКД Турија чистеше покрај патот во Седларци

DSC_0198_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов беше во населеното место Седларци, каде направи увид во активностите на ЈПКД Турија Василево, кои по негова иницијатива го чистеа атмосферскиот канал покрај патот. Како што информираа од ЈПКД Турија, активноста опфаќа чистење на атмосферскиот канал од наноси и вегетација и отстранување на наносите од земја од коловозната…

Continue reading