Новости

Општина Василево меѓу најтранспарентните општини во регионот

Untitled,1

Според истражувањата на Индексот на активна транспарентност 2021 година, спроведени од страна на  Центарот за граѓански комуникации, општина Василево е на третото место во рамки на Југоисточниот плански регион и на дваесето место во рамки на државата. Со вкупно 84,1% од можни  100%, општина Василево се вбројува во првата група институции за кои според истражувачите,…

Continue reading

Асфалтирана улицата во с. Сушево што води кон црквата

naslov

Во населеното место Сушево заврши изградбата на  улицата која води кон селската црква. Должината на асфалтната лента  изнесува 112 метри а  ширината околу 3 метри. Со изградбата на улицата опфатена е и целосна реконструкција на постојниот потпорен ѕид во должина од 30 метри и висина од околу 1,3 метри. Вкупниот Буџет за оваа инвестиција изнесува…

Continue reading

Во вторник ќе се прска против комарци

komarec

Во вторник, 08.06.2021 година во периодот од 20,00 до 04,00 часот, на територијата на општина Василево ќе се изврши првото прскање против возрасни комарци. Според информацијата добиена од Југоисточниот плански регион, првото прскање против возрасни комарци на територијата на десетте општини во ЈИПР ќе се спроведе  во периодот од 07 до 09 јуни 2021 година,…

Continue reading

Советот на општина Василево ја одржа 45-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 45-та седница, на чиј дневен ред,  по дополнувањето имаше вкупно шест  предлози и сите беа усвоени. Од Центарот за јавно здравје Струмица, на разгледување и усвојување до Советот на општина Василево беа доставени Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите…

Continue reading

Во општина Василево се спроведе крводарителска акција

naslov

Денес, во Василево, во организација на ОО на Црвен Крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина, Струмица и со  поддршка на локалната самоуправа, се спроведе акција на доброволно дарување на крв. Граѓани на Василево, вработените во локалната самоуправа, во ЈПКД „Турија“ и  во училиштето  и  овојпат ја покажаа својата хуманост на дело и како дел од огромното семејство…

Continue reading

Sala na Sovet

Дневен ред за 45-та седница на Советот на општина Василево На 31.05.2021 година  (понеделник), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 45-та Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата…

Continue reading

Неколку улици во општина Василево се подготвуваат за асфалтирање

naslov

Општина Василево деновиве работи на подготовка на теренот за асфалтирање на неколку улици. Како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, преку својот ФБ профил  (https://www.facebook.com/profile.php?id=100063647856196) и  ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, се работи за подготовка на вкупно пет улици од кои четири во населеното место Василево и една во населеното место Сушево.…

Continue reading

Крводарителска акција во среда

rsz_dsc_0482

На 26.05.2021 година (среда), во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево ќе се одржи  акција на доброволно дарување крв. Организаторите на акцијата: ОО на Црвен Крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина Струмица и општина Василево ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата, да…

Continue reading

ЈПКД „Турија“ Василево го чисти поројот во с. Сушево

15_720x960

ЈПКД „Турија“, Василево во соработка со општина Василево деновиве го чисти речното корито во населеното место Сушево односно поројот кој минува низ самото населено место и го дели на два дела. Се отстранува наталожениот материјал и  диво израснатата  вегетација. Според информацијата од директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓорѓиев,  ќе биде исчистено целото корито, почнувајќи од…

Continue reading

Започна уредувањето на просторот околу црквата во Ново Владевци

naslov

Градежната компанија ангажирана од општина Василево ги започна активностите на терен за уредување на просторот околу црквата во населеното место Ново Владевци. „Согласно проектот ова ќе биде корисно,  фуннционално и убаво осмислено катче во кое жителите од населеното место Владевци  ќе поминуваат убави моменти. Проектирано како детски забавен парк, ќе биде место не само за…

Continue reading