Почитувани верници од Православна вероисповед, Од мое лично име и од име на општина Василево Ви го честитам големиот Христијански празник, Рождение Христово – Божиќ. Деновите кога го славиме раѓањето Христово, посакувам позитивната мисла, искрената намера и надежта за општото добро да бидат ваши сопатници. Многу здравје на сите Вас и вашите најблиски. Да сте…
Новости
Да празнуваме одговорно
Почитувани сограѓани, Месец јануари, традиционално е месец исполнет со многу дружење, месец на многу празници, поминати со пријателите и роднините, месец на училишен распуст и повеќе време исполнето со заеднички средби и активности со поширок круг на луѓе. Но овој јануари е поинаков од сите досегашни поради што и нашето однесување мора да биде поразлично. Во…
Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево
Почитувани сограѓани Во моментите кога ја испраќаме Старата 2020 година, чест и задоволство ми е да Ви се обратам и да Ви ги упатам моите искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба во годината што доаѓа и да изразам надеж дека во секој поглед, на секое поле, 2021-та подобра ќе биде. Зад нас е…
Советот го донесе Буџетот за 2021 година
На последниот ден од годината што изминува, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2021, тежок 162 882 000 денари. Ова е вкупниот Буџет во кој се вкалкулирани и Буџетите на единките корисници односно Буџетите на двете основни општински училишта: ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и детската градинка…
Општина Василево асфалтираше улица во индустриската зона
На самиот крај од годината, на 28 и 29 12.20202 година општина Василево изгради уште една улица – асфалтираше улица во индустриската зона. Улицата е долга 150 метри, широка 5 и истата е лоцирана покрај поранешниот објект на компанијата Саваот. „Со изградба на овaa улица ја подобруваме локалната патна инфраструктура во општината, им го подобруваме…
Новогодишни пакетчиња за првачињата
Општина Василево, по повод Новогодишно-Божиќните празници, за првачињата обезбеди Новогодишни пакетчиња. Градоначалникот, Марјан Јанев ја продолжи традицијата на дарување на најмалите, упатувајќи им желби за добро здравје, многу среќа, успех во учењето, многу нови знаења и повеќе другарување и играње во наредната 2021 година. „Драги дечиња, првачиња Подарокот ви е заслужен. Иако најмали, вие секој…
Дневен ред за 40-та седница на Советот на општина Василево
На последниот ден од 2020 година, Советот на општина Василево ќе го носи Буџетот за наредната 2021 година. Последната седница за оваа година е закажана за 31.12.2020 година (четврток), со почеток во 11,00 часот. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Предлог-Буџет на општина Василево за 2021 година; Предлог-Одлука за извршување на Буџетот…
Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година, Советниците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата
Советот на општина Василево, на денешната редовна 39-та Седница ги донесе Програмите за работа на општината за наредната 2021 година. Советниците од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, со образложение дека материјалите се доставени со задоцнување, ја напуштија седницата и не учествуваа во нејзината работа. Образложение за доцнењето на доставата на материјалите даде градоначалникот на општина…
Владата и одобри околу 26 000 000 денари на општина Василево
Владата на Република Северна Македонија, на општина Василево и одобри средства во висина од 25 719 300 денари за реализација на проектот Изградба на систем за водоснабдување на село Дукатино и село Требичино, за која општината имаше доставено комплетна проектна документација. Овие средства се доделени во рамки на Владината Одлука со која се врши промена…
Дневен ред за 39-та седница на Советот на општина Василево
На 23.12.2020 година (среда), со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 39-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог- годишна програма за работа на Советот на општина Василево за 2021 година; Програма за работа на ЈПКД…