Новости

Во училиштата во општина Василево стартуваше учебната 2020/2021 година

G-horz

„Во специфични услови предизвикани од Корона вирусот, со почитување на насоките и протоколите од надлежните институции за заштита од  Ковид 19, денес, во училиштата во општина Василево стартуваше новата учебна година“, информираат  директорите на двете основни општински училишта, Стојан Тимов од ООУ “Гоце Делчев“, Василево  и Соња Ничева директорка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.…

Continue reading

Дневен ред за 36-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На 05.10.2020 година (понеделник), со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната триесет и шеста седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Измени и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2020 година; Статут на општина Василево- Пречистен текст; Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“,…

Continue reading

Советот на општина Василево одржа Вонредна седница

DSCN5467

Денес, со почеток во 08,00 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред: Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година. По образложението дадено за итноста на седницата, дека 30 септември е крајниот рок до кога Советот треба да го усвои Годишниот план за вработување…

Continue reading

Општина Василево започна со инсталација на штедливите лед светилки на уличното осветлување

naslov

Од денес, практично, на терен,  започна реализацијата на  проектот за реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Василево. Инсталацијата започна од главната, односно влезната улица во населеното место Василево и согласно планот за активности ќе трае во наредните отприлика месец дена односно до целосна реализација на проектот кој опфаќа замена на вкупно  1110 светилки…

Continue reading

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за надградба на локални улици во село Градошорци и во Василево поред канал , во Општина Василево, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

На линковите во продолжение е документцијата која се однесува на  проектот за надградба на локални улици во село Градошорци и  во Василево поред канал , во Општина Василево, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ. ESMP Checklist_ Project Vasilevo_ENG_25.09.20_SPA-converted ESMP Checklist_ Project Vasilevo_МК_9.9.20_SPA-converted Formular za komentari na dokument za Vasilevo Izvestuvanje za dostapnost…

Continue reading

Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат

komarec

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред: На 30.09.2020 година (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево, Струмица и На 01.10.2020 година (четврток), во период од 16 до 18…

Continue reading

Јавна расправа/видеоконсултација План за управување со животната средина

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево, согласно законската регулатива,  а за потребите за реализација на Проектот: Надградба на пат кој ги поврзува н.м Ново Владевци и н.м Старо Владевци, повикува на Јавна расправа/видеоконсултација  по  Планот за управување со животната средина и  социјални аспекти. Целокупната документација е на линковите во продолжение: Известување за јавна расправа Дневен ред за јавна расправа…

Continue reading

И З В Е С Т У В А Њ Е за граѓаните на Едрениково

1

Се известуваат граѓаните на с. Едрениково да дојдат во просториите на Комуналното претпријатие „Турија“ во Василево, за да склучат договори за приклучок кон канализационата мрежа. Според Одлука на Советот приклучувањето е задолжително за сите домаќинства. Цената за приклучок изнесува 14.000 денари. Може при склучување на Договорот да се платат најмалку 7.000 денари, а останатите 7.000…

Continue reading

Започна изградбата на детската градинка во с. Ангелци

6

Денес, во населеното место Ангелци, започнаа активностите  за изградба на нова детска градинка, наменета пред се за згрижување на дечињата од населените места Ангелци, Градашорци, Седларци и  Едрениково. Градинката се гради согласно Програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година. Општина Василево и Министерството за…

Continue reading

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета за  Урбанистички план вон населено место за стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи  на м.в Гладно Поле, КО Градашорци и КО Василево, изработен од Агенција за планирање на просторот, со техкички број   Е 0217. Целото Соопштение моше да го видите во линкот…

Continue reading