Новости

Реконструирана улицата во Василево од пошта до црква

4

Денес со поставувањето на вториот слој асфалт, Општина Василево  зарши со реконструкција на улицата во Василево што од поштата води кон црквата, во должина од 216 метри.  На чинот на финализирањето  на активностите присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој рече дека како градоначалник   продолжува со активности кои значат подобрување на локалната патна…

Continue reading

Општина Василево денес асфалтираше во Сушево

2

Во населеното место Сушево, денес беше асфалтирана улицата што води кон црквата. „Денес асфалтираната улица во с. Сушево е од Програмата за изградба на локални патишта и улици од 2019 година и истата се реализираше во моментот заради лошите временски услови во зимскиот период  и сегашната новонастаната ситуација со пандемијата Covid 19“, изјави градоначалникот на…

Continue reading

Исплатени штетите на земјоделците предизвикани од невремето во јуни 2019

steti1

Општина Василево денес изврши уплата на средства на земјоделците од населените места  Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, кои претрпеа штети од невремето што го зафати  овој крај во јуни 2019 година. На сметките на 1 правно и 121 физичко лице, кои имаа пријавено и утврдено штета,  уплатени се 3.741.450 денари ( три милиони седумстотини…

Continue reading

Известување за граѓаните: Листа на стопанските оператори кои ќе работат за време на продолжениот полициски час

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Почитувани сограѓани! Општина Василево и Општинскиот кризен  штаб како надлежни субјекти  Ве информираат кои стопански субјекти, односно продавници, трговски маркети  и здравствени аптеки ќе работат за време на продолжениот полициски час кој започна од  денес, 10.04.2020 година 16,00 часот и ќе трае до 05.00 часот, во понеделник, 13.04.2020 година. Во споменатиот период, по принципот на…

Continue reading

Известување за земјоделците

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска…

Continue reading

Улицата во Василево од пошта до црква подготвена за асфалт

DSC_0041_1280x851

Во населеното место Василево, улицата што од поштата води кон  црквата е во завршна фаза. Градежната компанија ангажирана од општина Василево, работи на поставување на прв асфалтен слој и подготовка за финалниот слој, со што оваа улица , до неодамна раскопана, и многупати пред тоа крпена, ќе биде едно современо и квалитетно сообраќајно решение во…

Continue reading

Известување за донирање

LOGO, Opstina Vasilevo

Општина Василево и Општинскиот кризен штаб ги известуваат сите правни и физички лица, кои се сакаат и се во можност да донираат храна, средства за хигиена, облека, заштитна опрема и слично, истото можат да  го направат секој  работен ден од 9,30 до 13,30 часот, во просториите на општина Василево, по претходна најава на  еден од…

Continue reading

Известување за економските оператори за работа во време на полициски час

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Почитувани! Согласно  новите мерки  на Владата на Република Северна Македонија за  дополнителните ограничувања  на движењето, Кризниот штаб на општина Василево ги информира економските оператори (маркети и здравствени аптеки) на територијата на општина Василево, кои сакаат и имаат услови  да работат за време на полицискиот час, да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Василево. Барањето…

Continue reading

Информација за движење на земјоделците во услови на оваа вонредна состојба

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Почитувани земјоделци, Земјоделците од општина (Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ) што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење. Земјоделците, пак…

Continue reading

Дополнување на Одлуката за забрана на движењето на целата територија на Државата

Zabraneto dvizenje na cela teritorija_768x768

Од среда (8.04.2020), забраната за движење  на  целата територија на Република Северна Македонија, полицискиот час,   ќе почнува во 16 часот, а ќе завршува во 5 часот следниот ден. Во викендите полицискиот час ќе биде активен 24 часа, односно од петок од 16 часот, до понеделник до 05 часот. Дополнително: За лицата над 67 годишна возраст…

Continue reading