Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов се сретна со Неговото преосвештенство Викарниот епископ Јаков Стобиски

vladikata

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов се сретна со Неговото преосвештенство Викарниот епископ Јаков Стобиски, од  кој доби благослов и мудри совети за предизвиците што ги носи новата функција.

Разговорот со Владиката, советите и мудроста која несебично ја сподели со мене ќе ми бидат инспирација и водилка при носењето на сите битни одлуки, а воедно и дополнителна мотивација за надминување на сите евентуални препреки на патот кон остварување на плановите со кои,  во духот на Христијанството,  ќе обезбедиме подобар живот за сите наши сограѓани, изјави градоначалникот Андонов, по средбата со Епископот Јаков Стобиски.

за сајт

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail