ЈПКД Турија чистеше покрај патот во Седларци

DSC_0198_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов беше во населеното место Седларци, каде направи увид во активностите на ЈПКД Турија Василево, кои по негова иницијатива го чистеа атмосферскиот канал покрај патот.

Како што информираа од ЈПКД Турија, активноста опфаќа чистење на атмосферскиот канал од наноси и вегетација и отстранување на наносите од земја од коловозната лента, со што во случај на обилни врнежи се намалува можноста од излевање на атмосферските води по асфалтот и предизвикување штета како на коловозната лента така и на околните површини.

Со активноста е опфатен каналот во целата негова должина.

 ЈПКД Турија Василево и општина Василево и во наредниот период ќе го задржат курсот на сервис на граѓаните  во насока на подобрување на севкупните услови за живот на своите сограѓани.

 DSC_0195_1024x681

DSC_0205_1024x681

DSC_0215_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail