Градоначалникот Андонов направи увид во изградбата на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

DSC_0175_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со претставници од градежната компанија- изведувач на активностите на терен и фирмата задолжена за надзор над работите изврши увид во текот на градежните активности на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци. Како што информираше претставникот од Геинг- компанија задолжена за надзорот на градежните активности, поставени се шахтите за атмосферска канализација а тековно се изведуваат земјени работи. Комплетната реализација треба да биде до крајот на оваа календарска година.

Должината на овој локален пат изнесува околу 2 км, а средствата во висина од околу 20 000 000 денари се обезбедени од Светска банка преку Владата на РСМакедонија и Министерството за транспорт и врски во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Изведбата на проектот е во рамки на програмата Проекти за поврзување на локални патишта –П 170267 Тендер 2 – LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.2.

DSC_0158_1024x681

DSC_0159_1024x681

DSC_0165_1024x681

DSC_0178_1024x681

DSC_0187_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail