Поради дефект на главниот цевковод, прекин на водоснобдавуњето во Василево, Ангелци и Градашорци

3

Денес, поради дефект на главниот цевковод на регионалниот водовод Ангелци, Василево, Градашорци, имаше прекин на водоснабдувањето за жителите од овие три населени места и корисниците од индустриската зона. Според информација од ЈПКД „Турија“,  дефектот бил поради механичко оштетување на цевководот настанато од дотраеност  на цевководот и истиот е саниран во најкраток можен рок. Прекинот на водоснабдувањето траел околу шест часа односно во периодот од околу 10,00 до 16,00 часот, по што е нормализирано водоснабдувањето со чиста вода за користење.
За прекинот на водоснабдувањето, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov/, информираше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Заедно со стручната служба во ЈПКД ,,Турија ” Василево бевме на местото каде минува главниот цевковод, поради дефект на истиот .
Вработените на ЈПКД ,,Турија ” Василево веднаш пристапија кон решавање на проблемот.
Жителите на општина Василево заслужуваат пристојни услови и нова иднина.“, напиша градоначалникот Андонов на својот ФБ профил.

1 2

naslov

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail