Советот на општина Василево не го усвои Кварталниот извештај за работата на општината

DSC_0407_1024x681

На вчерашната, втора, седница,  Советот на општина Василево расправаше по обемниот дневниот ред од вкупно 21 предлози, меѓу кои беа и Извештаите за работа на општина Василево  за тртетото тромесечие, кои не беа  усвоени.

Согласно образложението дадено од претставникот од општинската администрација и работните материјали подготвени од Одделението за финансии, во периодот од 01.01.2021 до 31.09.2021 г.  извршувањето на Буџетот на општина Василево, во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници, односно двете основни општинсли училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“, како и детската градинка Прва радост, е 58,67% или во номинална вредност од планирани 182 819 921 денари реализирани се 107 245 106 денари. Кај основниот Буџет на општината, (Буџет во кој не се вклучени Буџетите на единките корисници) извршувањето е 49,76% или  во бројки од планирани 99 875 000  денари, реализирани се  49 692 319 денари.

Во делот на кредитното задолжување кредитите  не се враќаат со предвидената динамика и во дадениот период општина Василево по тој основ има неплатени обврски во износ од 7 665 236 денари, како и 46 720 денари по основ на камата за истите.

Што се однесува пак до доспеани а ненадмирени обврски, долгот на општина Василево изнесува 83 360 777 денари.

Извештајот предизвика обемни дискусии во кои главно се расправаше за  работењето на претходниот градоначалник на општината,  Марјан Јанев.

Свое обраќање со образложение за Кварталниот извештај и состојбата во која се наоѓа општина Василево  имаше  и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Многу добро ја знам состојбата во општина Василево. Фактите и бројките кои беа кажани се точни. Јас како градоначалник и Вие како советници, сме изберени од народот, да работиме во негов интерес. Мојата обврска да ги исполнувам програмските обврски ја сфаќам сериозно и на тој начин ќе одговорам. Општината е во катастрофална финансиска состојба, една од позадолжените на ниво на Македонија според бројот на жители. Општината е преку 80 000 000 денари задолжена. Повеќе од шест месеци сметката е блокирана. (Сметка блокирана не паметиме ние многу, во нашата историја како општина да имавме; се случувало неколку денови или еден месец најмног). Следуваат тешки моменти за општината, тоа е факт, тоа го кажуваат и кварталните извештаи и ситуацијата  во која се наоѓа општината. Јас можам да кажам дека пред неколку денови ЕВН дојде со намера да ја исклучи струјата на општинската зграда и уличното во сите населени места. Ако е тоа во ред, нека кажат советниците. Јас мислам дека не е.  И службените телефони се исклучени. Мислам дека без струја, без телефони тешко ќе функционираме. Знаеме дека влегуваме во енергетска криза, тоа е државен став, и имајќи предвид дека цената на струјата ќе расте, трошоците на општина Василево ќе бидат уште поголеми, а ние немаме платени сметки од страна на досегашната власт кон ЕВН.   Ова не е во смисла да се жалам. Едно сакам да порачам: Василево повторно ќе биде финансиски стабилно во наредните години. Ќе се бориме заедно со сите Вас и ќе успееме. Како било, покажува она што е напишано на хартијата.  Ова се политички факти кои мора да ги прифатиме и тие се проверливи. 50 000 000 долг е оставен, 26 000 000 се вратени од Владата. Ова е за осум години. Сега се работи за четири години и 80 000 000 долг.  Мислам дека добивме мандат да се бориме заедно. Мојата мисија и мојата задача  како градоначалник и Вашата како советници е заеднички да работиме, да носиме праведни одлуки, да ја извадиме општината од таа финансиска криза во која се наоѓа. Свесен сум дека имам ветено Програма, врз основа на која ја имам добиено довербата од граѓаните. Знам дека ќе биде тешко, но ќе дадам се од себе да реализирам поголем дел од Програмата, иако ќе имаме проблеми околу реализација на капитални проекти, а се гледа дека и досега сме имале проблеми во овој дел. Реализацијата на Буџетот не е добра, 50% е малку. Заеднички сите да постигнеме одредено ниво на согласност за ситуацијата во која се наоѓаме, да донесуваме правилни Одлуки, за да функционира општината односно да ја доведеме до ниво на нормално одвивање на сите тековни работи. Да немаме струја, телефони, да не можеме да си ги плаќаме обврските спрема доверителите, не е во ред. Си поставувам цел до крајот на мандатот тоа да се оствари, колку што можам поголем дел од Програмата да реализирам. Се надевам дека ќе го прифатите моето укажување, заеднички да работиме понатаму за доброто на општина Василево“ рече градоначалникот Андонов.

Согласно дневниот ред, на Седницата беа разгледани и останатите точки. Формирани беа Комисиите на Советот, донесена беше Одлука со која се овластуваат членовите на Советот и Градоначалникот да учествуваат во постапката за склучување на бракови, разрешени и именувани беа членови во Училишните одбори на двете основни училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ , како и на Управниот одбор на детската градинка „Прва радост“, Василево.

На седницата беше разгледан и Извештајот за работата на ЈПКД „Турија“, Василево за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021 година  и истиот не беше усвоен.

Мнозинство доби Измената на годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ„Гоце Делчев“, Василево  и Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2021 година а која се однесува на средства од програмите Основно образование и детски градинки.

DSC_0385_1024x681

DSC_0395_1024x681

DSC_0428_1024x681

DSC_0437_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail