Да го креираме Буџетот на општина Василево за 2022 година, заедно

LOGO, Opstina Vasilevo

Почитувани граѓани,

„Буџетот на општина Василево за 2022 година ќе го напишеме заедно со вас . Учеството на граѓаните во буџетскиот процес е најважен дел во креирањето на политиките и развојот на општината“, со оваа порака, градоначалникот на општина Василево , Славе Андонов упатува покана до сите граѓани на општина Василево кои сакаат да учествуваат во процесот на креирање на предлог-буџетот на општина Василево за 2022 година, своите предлози и идеи за реализирање на проекти да ги достават во просториите на општина Василево, заклучно до вторник, 07.12.2021 година.
Предлозите може да се достават и по електронски пат, на официјалната е-маил адреса на општина Василево: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk, како и лично до градоначалникот и раководителите на одделенија во општината.
Општина Василево е отворена и транспарентна локална самоуправа кон сите свои граѓани подеднакво. Со цел за поголема директна вклученост на што поголем број граѓани, во понеделник, на 06.12. 2021 година во периодот од 12,00 до 18,00 часот, во просториите на општината организираме отворен ден со граѓаните.
Почитувани сограѓани,
Со учеството во креирањето на Буџетот на општина Василево за 2022 година, учествувате во креирањето на иднината на Вашето населено место и општина Василево.

Слика-градоначалник

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail