Работна средба на градоначалникот Андонов со претставници од КУД Сушевски бисери

DSC_0643_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во својот кабинет оствари работна средба со претставници на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево, на која е разговарано за идните планови на ова културно уметничко друштво и во тие рамки соработката со општина Василево.

„Општина Василево  е отворена и подготвена за соработка а во прилог на тоа е и фактот дека на последната седница на Советот на општина Василево во рамки на Програмата за спорт, рекреација и манифестации за 2022 година,  предвидени се 200 000 денари за поддршка токму на активностите на КУД „Сушевски бисери. Општина Василево секогаш во рамки на  своите можности, ги поддржува здруженијата, кои преку своите активности промовираат вредности од општо добро за граѓаните, притоа промовирајќи ја и општина Василево. На заедничко задоволство соработката меѓу општина Всилево и КУД „Сушевски бисери“, кои го негуваат македонскиот фолклор и традиција, ќе продолжи и во наредниот период“, информираше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по денешната средба со претставниците од КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево.

 DSC_0643_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail