Градоначалникот Андонов на заедничка средба со амбасадорот на Кралството Холандија

DSD_3486

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  присуствуваше на презентација на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“, организирана од Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Амбасадата на Кралството Холандија во РСМакедонија.  На презентацијата присуствуваше и Амбасадорот, Н.Е Дирк Јан Коп.

„Наоѓањето соодветен начин за стопанисување на депонијата Шапкар која е лоцирана на територијата на општина Василево во непосредна близина на селото Добрашинци и Брана Турија, беше клучното прашање за кое разговарав со Амбасадорот, со намера и очекување на помош и поддршка во негово решавање како проблем кој  е од посебна важност не само за општина Василево туку и за целиот Југоисточен регион. Поддршка побарав и во решавањето на уште еден, во овој случај локален проблем – фекалните канализации, односно недостигот од таква инфраструктура на нашата тереиторија и проблемите што ги имаме со постојните прочистителните станици. Времето ќе покаже, дали и во колкава мера ќе успееме да добиеме поддршка во надминување на нотираните проблеми“, информираше градоначалникот на општина Василево за средбата со Амбасадорот Дирк Јан Коп.

На заедничката средба која се одржа во Ново Село присуствуваа и градоначалниците на општините Ново Село, Босилово и Струмица.

DSD_3508 DSD_3510 DSD_3522

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail