Градоначалнкиот Андонов, гостин на „Отворен ден за граѓанско образование“

DSC_0108_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на покана на ООУ „Гоце Делчев“ Василево беше гостин на денешниот „Отворен ден за граѓанско образование“-  проект организиран и реализран во рамки на предметот граѓанско образование.

Поздравувајќи го тимот заслужен за реализацијата на проектот, на сите учесници им посака учество во повеќе проекти со кои ќе донесат развој и позитивни промени во заедницата.

„Го поздравувам тимот на наставници, професори и  ученици кои учествуваат во проектот. Се надевам дека од сите проекти во кои учествувате ќе го извлечете најдоброто,  а од овој проект  ќе осознаете колку навистина се битни разликите и колку можеме од нив да научиме нешто ново, нешто што ние го немаме, нешто позитивно. Ве охрабрувам да учествувате во повеќе такви проекти и да донесете позитивни промени во општеството во кое живееме“, им порача градоначалникот Андонов на учесниците во проектот.

Во рамки на проектот „Отворен ден за граѓанско образование“, според информација од стручните служби во ООУ„Гоце Делчев“, реализирани се повеќе активности меѓу кои и уредување на училишниот двор и негово разубавување со садење цвеќиња, уредување на училишниот хол и пишување лични творби од страна на учениците  на тема „Сите сме различни а сепак исти“, во кои учениците даваат свои размислување за меѓусебните разлики и сличности. Во рамки на Проектот, како завршна активност подготвена е и презентација  преку која учениците ги искажуваат своите ставови но и нотирани забелешки за потребите во училиштето и образовниот процес.

DSC_0100_1024x681 DSC_0101_1024x681 DSC_0106_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail