Градоначалникот на општина Василево ги посети откупните пунктови за тутун

1

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов беше во посета на пунктовите за откуп на тутун во населените места Радичево, Ангелци и Сушево, каде во непосредна средба и разговори со тутунопроизводителите се интересираше за текот на откупот и состојбата во оваа област.

„Денес на терен ги слушнав маките и проблемите на тутунопроизводителите. Интересот и грижата за општото добро на сите мои сограѓани е приоритет во мојата секојдневно работење. Денешната посета беше токму во насока на информирање  за состојба во делот на откупот на тутун, проблемите со кои се соочуваат и секако изнаоѓање можностите и начини за институционално дејствување заради надминување и  разрешување на одредени ситуации. Пораката од нашите тутунари од денешната средба е да се иницира измени во Законот за откуп на тутун, со тоа што би се забранил увоз на тутун се до оној момент додека не се откупи и последното ливче од нашиот домашен тутун.  Сметаме дека на тој начин ќе се стимулираат тутунопроизводителите да вложуваат во развој на идната реколта и на тој начин да си обезбедат сигурна и подобра егзистенција за семејството, што би придонело и за намалување на иселувањето на младите од нашата средина. Останувам целосно посветен на ветувањата дека  во текот на мојот мандат ќе бидам секогаш достапен  за граѓаните и подготвен за решавање на проблемите со што ќе се постигне повисоко ниво на квалитет на животните услови“ , изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во врска со денешната посета на откупните пунктови за тутун.

5 7 8 9 10

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail