Средба на градоначалникот Андонов со кик боксерот Пепи Велков

DSC_0205_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со кик боксерот од А1- Арена, Петре (Пепи) Велков, при што му беше ветена финансиска поддршка за  престојниот интернационален натпревар, што ќе се одржи во Хам, Германија, на 26.02.2022 година.

„Како локална самоуправа, секогаш сме на страната на младите, на спортот и спортскиот развој. Горди сме на неговите успеси и постигнувања, а поддршката  од наша страна е најдобар начин да му се заблагодариме за промоцијата и афирмацијата и за моментите на радост и гордост што ги буди кај нас, неговите сограѓани“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по средбата со кик боксерот Пепи Велков.

Пепи Велков се натпреварува во категорија до 68 килограми, а денешната средба беше непосредно пред подготовките за натпреварот во Германија, кои ќе се одржат во Нови Сад, соседна Србија.

DSC_0206_1024x681 DSC_0209_1024x681

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail