Учениците од Висока Маала после долги години започнаа да посетуват настава во новото училиште

DSC_0247_1024x681

Денес, за прв пат учениците од 4-то и 5-то одделение од населеното место Висока Маала, започнаа да посетуваат настава во новото училиште, изградено пред  повеќе од шест години.

По тој повод ги посети градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој им поскувајќи им успех во образованието, стартот во новото училиште им го разубави и со подарок-школски прибор.

„После подолга комуникација со родителите на учениците, успеавме да ги убедиме дека посетувањето настава во овој училишен објект е најдобрата опција за сите. Објектот е нов, опремен со инвентар и во секој поглед ги задоволува условите за нормално одвивање на наставата. Надминати се и недоразбирањата околу оддалеченоста на училиштето од населеното место, кое од страна на родителите се  нотираше како еден од најголемите проблеми поради што  не им дозволоваа на децата да посетуваат настава во новото училиште“, изјави градоначалникот Андонов по денешната посета на новото училиште во Висока Маала.

Училиштето е изградено во соработка и со средства обезбедени од Турската владина организација ТИКА, но се до денес учениците односно нивните родители одбиваа наставата да се одвива во овој објект.

DSC_0216_1024x681 DSC_0219_1024x681

DSC_0233_1024x681 DSC_0239_1024x681 DSC_0242_1024x681

DSC_0248_1024x681 DSC_0252_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail