Градоначалникот Андонов оствари средба со жителите на с. Нова Маала

IMG-891455d24254e10d856b1dab77052c0e-V

Синоќа, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов оствари средба со жителите на населеното место Нова Маала, на која како што информираше биле презентирани планираните проекти и активности кои ќе бидат реализирани во ова населено место. „Ги информирав граѓаните дека општината поднесе апликации до соодветните институции за повеќе проекти, а конкретно за ова населено место ги издвојувам Проектот за изградба на локалниот пат Нова Маала – Добрашинци и Проект за уредување на центарот на Нова Маала.“, информираше градоначалникот Андонов. Исто така тој нагласи дека од граѓаните побарал редовно и навремено да си ги подмируваат обврските кон општината и комуналното претпријатие, како што се данокот на имот и таксата за јавна чистота, бидејќи тоа се изворни приходи на општината односно средства кои општината во вид на проекти  повторно ќе ги врати кај граѓаните во нивните населени места.

На средбата од страна на граѓаните било побарано општината и ЈПКД „Турија“ да постават канти за собирање на смет на повеќе локации низ населеното место, со што би се створиле услови за подобрување на состојбата во сферата на комуналната хигиена.

На средбата биле присутни и  советникот во Советот на општина Василево Блажо Донев и директорката на ЈПКД „Турија“, Славица Василевска.

 IMG-12aa3e007977e80ffc5bfdef7138b3d4-V IMG-7592951b57b8c3bdd1dba11f3718bfcc-V IMG-d50cdeb0d595c31af4841ad0cac01523-V

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail