ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала го одбележа патрониот празник

DSC_0161_1024x681

Со полагање свежо цвеќе и свечена програма во изведба на учениците, денес ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала го одбележа својот патрон празник и 10 годишнината од своето постоење.

Како што кажа директорката на училиштето Соња Ничева, горди на успесите на учениците кои учат во ова училиште и генерациите пред нив кои овде го завршиле своето основно образование, сите тие заедно ја одбележуваат десетгодишнината од оснивањето на ова основно општинско училиште, притоа заеднички трудејќи се да  постигнат поголеми успеси и резултати со кои го промовираат училиштето и општината.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Сите Вие, вработените и учениците, како и генерациите кои поминаа низ образовниот систем токму преку ова училиште ја имате обврската но и честа  преку вашата посветена работа, со постигнување на резултати во котинуитет да го чествувате името на Вашиот патрон – војводата од нашиот крај,  кој со својата револуционерна активност оставил траги во нашата историја“, истакна Андонов кој како прв човек на општината  им вети поддршка во нивните активности и проекти: „Свесни дека вложувањето во образованието е вложување во нашата и во иднината на тие што ќе дојдат по нас, Општина Василево и јас како градоначалник ќе вложуваме во подобрување на условите во кои се одвива наставата и ќе ги поддржуваме вашите активности и проекти со цел  постигнување на подобри резултати и успеси“.

По богатата програма преку која учениците ги покажаа своите знаења и вештини, најдобрите од нив добија блгодарници за постигнатите резултати.

Благодарници за успешната соработка со училиштето им беа доделени и на Градоначалникот на општина Василево, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево  и на ЈПКД „Турија“, Василево.

DSC_0138_1024x681 DSC_0140_1024x681 DSC_0153_1024x681 DSC_0160_1024x681 DSC_0173_1024x681 DSC_0190_1024x681 DSC_0207_1024x681 DSC_0232_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail