Се асфалтира локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

naslov

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес присуствуваше на асфалтирањето на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, како последна и завршна фаза од планираните градежни активности за негова целосна реконструкција и ревитализација. Должината на овој локален пат изнесува околу 2 км,  ширината е 4,5 метри и истиот е со подземна атмосферска канализација како квалитетно решение за прибирање и канализирање на атмосферските води.

„После подолг временски период се изведуваат финалните работи односно асфалтирањето на овој локален пат, кој е особено значаен за жителите од Владевци затоа што ги поврзува  двата дела од ова населено место кои се меѓусебно оддалечени“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој притоа им се заблагодари на жителите на Владевци за трпеливоста и разбирањето што го имаа  во периодот додека се одвиваа градежните активности.

Средствата за реализација на овој капитален проект изнесуваат околу 20 000 000 денари и истите  се обезбедени од Светска Банка, преку Владата на РСМакедонија и Министерството за транспорт и врски, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Изведувач на градежните работи на терен е ЕСКАВАТОРИ МК Дооел Скопје и Битем Дооел,Скопје.

DSC_0310_1024x681 DSC_0346_1024x681 DSC_0354_1024x681 DSC_0360_1024x681 DSC_0365_1024x681 DSC_0369_1024x681 DSC_0372_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail