Општина Василево ќе спроведе избори за Месни заедници

LOGO, Opstina Vasilevo

Градоначалникот на општина Василево донесе Одлука за распишување на избор на членови на Советите на месните заедници.

Согласно Одлуката, изборите ќе се спроведат на Собир на граѓани на месните заедници во сите населени места на општината: Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Требичино, Седларци, Владевци, Сушево, Добрашинци, Нова Маала, Висока Маала, Чанаклија, Дукатино, Радичево и Пиперево.

„Избор на месни заедници, односно членови на Советите на месните заедници, ќе спроведеме после подолг временски период, а намерата е посеопфатна вклученост на граѓаните по прашањата за нивните населени места, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со оваа Одлука.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail