Општина Василево потпиша Меморандум за соработка за изградба на парк во Чанаклија

DSC_0431_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во рамките на проектот Програма за развој на заедницата кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден (Локална акциона група – Беласица-Огражден),  во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија  (Rural Development Network of Nort Macedonia) потпиша Меморандум за соработка помеѓу имлементаторите и општествено одговорни организации од општина Василево со чија помош во материјални средства и услуги ќе се реализира проектната иницијатива „Изградба на парк во с. Чанаклија“.  Меморандумот има за цел да формализаира соработката помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со партнерот Лаг Беласица Огражден, општина Василево, ЈПКД „Турија“, Василево и Гарден центар Ристови, за реализација на проектната иницијатива.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по потпишувањето на Меморандумот, изрази благодарност до партнерите за соработката, чија крајна цел е изградба на нов парк во с. Чанаклија а со тоа и унапредување на квалитетот на животот на локалното население.

DSC_0432_1024x681 DSC_0433_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail