Започна изградбата на парк во с. Чанаклија

DSC_0454_1024x681

Денес, во населеното место Чанаклија, општина Василево во соработка  со Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, со партнерите ЛАГ Беласица – Огражден, ЈПКД „Турија“, Василево  и Гарден центар Ристови, започна со изградба на парк.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов направи увид во стартот на активностите на терен, каде ЈПКД „Турија, со механизација вршеше расчистување и подготовка на теренот како почетна фаза во изградбата на игралиштето.

Според планираните активности  ќе бидат поставени бекатонски плочки, посена трева, како и насадени повеќегодишни листопадни дрвја и џбунови. Од урбана опрема, планирано е поставување  на  клупи и корпи за отпадоци.

Вкупниот планиран Буџет за реализација на активностите изнесува околу 660 000 денари од кои околу 140 000 денари се од Програмата за развој на заедницата, околу 375  000 денари од општинската каса  и околу 130 000 денари од партнерите ЈПКД „Турија“, Василево и Граден центар Ристови..

Изградбата на овој парк е во рамките на проектот Програма за развој на заедницата кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден (Локална акциона група – Беласица-Огражден  во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија  (Rural Development Network of Nort Macedonia).

DSC_0454_1024x681 DSC_0462_1024x681 DSC_0467_1024x681 DSC_0495_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail