Општина Василево, потпиша Договор за реконструкција на патот од центарот на с. Добрашинци до центарот на с. Нова Маала

2

„Општина Василево продолжува да се развива. Реализирање на ветените проекти како Градоначалник , се и остануваат мој приоритет. Општината мора да се стабилизира финансиски, но во ниту еден момент проектите нема да престанат. Денес е голем ден за населените места Нова Маала, Добрашинци, Висока Маала , Чанаклија. Ветивме и ќе го реализираме патот од центар на Добрашинци до центар на Нова Маала. Капитален проект од големо значење за овој дел од општина Василево“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.jemi градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод денешното потпишување на Договорот за реконструкција на пат од центар на Добрашинци до центар на Нова Маала.

Договорот е потпишан со Министерството за локална самоуправа на РСМакедонија. Вредноста на Договорот е 11 000 000 денари а должината на улицата која ќе се реконструира изнесува 1016 метар.

„Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, а и согласно одредбите во Договорот, работите на терен треба да започнат во најбрзо време. Вложувањата во патната инфраструктура се на агендата на општина Василево. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Василево“, потенцира градоначалникот Андонов

1 3

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail