„ФК Македонија“ , победници на меморијален турнирот во мал фудбал, Ч`крче во Пиперево

294917013_600142868144192_662827225021294722_n_576x768

„ФК Македонија“ се победници на синоќа завршениот меморијален турнир во мал фудбал, Ч`крче во Пиперево, кој под покровителство на општина Василево се одржа во периодот од 13 до 25 јули.

Второт место и припадна на екипата „ММ Алу Метал стил“, за третото место се изборија фудбалерите од „Агро Фреш 1“, а четврто пласирани беа „Вики маркет“.

За победниците беа обезбедени награди и тоа 30 000 денари за првопласираните, 15 000 денари за вторите, 10 000 денари за третите и 5 000 денари за екипата која го освои четврттото место. На турнирот беа прогласени и најдобар играч – Блаже Глигоров од „Вики маркет“ , најдобар стрелец – лазе Наков од ФК Македонија и  најдобар голман- Костадин Ќосев од „ММ Алу Метал стил“.

Силите ги одмерија и пет екипи во кадетска конкуренција. Најдобри беа „ММ Алу Метал стил“, второ пласирани – ФК Единство и трето пласирани  екипата на Бока текст.

Турнирот во мал фудбал Ч`крче, е традиционален  и се одржува во чест и спомен на младиот Славе Стојанов. Покровител на истиот е општина Василево.

295002931_409960721103356_1629027218054147087_n_1024x768

 

295400832_570532028062106_1300855014895584602_n_1024x768

 

294917015_1427113624367552_8439168178911628671_n_576x768

295040273_607907597364446_4043154258272578731_n_576x768

295040276_796627578129428_4321156293250211823_n_576x768 295429631_3267017446960622_5929665971456344776_n_576x768 295531817_1471061480004911_3931860714134931196_n_576x768 295711157_396590259023510_2511488737828530638_n_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail