Состанок на Општинскиот кризен штаб и институциите надлежни за кризни состојби

20220726_115733_1024x576

Денес, во кабинатото на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов , работен состанок одржаа членовите на Општинскиот кризен штаб и претставници од институциите надлежни за менаџирање на кризните состојби:  ЦУК (Центар за управување со кризи)  ТППЕ ,  Струмица,   (Територијална противпожарна единица – Струмица) ЈП „Македонски шуми“, подружница Струмица и ДЗС (Дирекција за заштита и спасување.

На средбата е разговарано за моменталната состојба со пожарите во општина Василево, конкретно за опожарените депонии во населените места Василево и Чанаклија кои се веќе изгаснати , како и за активниот пожар  над населеното место Требичино  кој во моментот е под контрола и се следи од страна на надлежните.

За деновите што следуваат, направен е план за координирано дејствување на сите вклучени страни, во случај на промена на состојбата со огнот односно негово проширување.  Присутните излегоа и со заеднички став дека треба дополнително да се упати апел до жителите, да не палат огин на отворено, да не палат стрништа и воопшто да ги почитуваат мерките и апелите од надлежните институции со што во овие екстремно топли денови би се избегнале пожарите  и последиците од нив.

20220726_115734_1024x576 20220726_115741_1024x576 20220726_115749_1024x576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail