Јавен повик до невработените лица од општина Василево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2022 г.

naslov

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија,  за  6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ

до невработените лица од територијата на општина Василево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2022 год.

Општина Василево има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации  од територијата на општина Василево кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Струмица и да пополнат соодветна Пријава за учество.

Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица во мерката Јавни работи и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.

За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи  предвидена е финансиска поддршка во износ од 600 денари по работно ангажирано лице – дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа.

Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Василево за период најмногу до 22 (дваесет и два) дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Василево и селектираните невработените лица. На корисниците на Гарантирана минимална помош од МТСП за времетраење на работното ангажирање на невработените лица ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат соодветни Пријави во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Струмица, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

 

Општина Василево
Градоначалник,
Славе Андонов

 

scan

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail