Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата со маички „НЕ“, на 12-та Седница на Советот на општина Василево

295279960_10226291149523814_3243441147724607481_n

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на општина Василево, на вчера одржаната редовна  12-та седница на Советот на општина Василево, облечени во маици со испишано НЕ, упатија порака до јавноста, за како што информираа-  НЕ за бугаризација, НЕ за ултиматуми, НЕ за уцени, НЕ за продажби.

Советниците работеа по дневен ред од вкупно осум предлози, меѓу кои и Кварталните извештаи за работата на општината за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022. Образложение за истите даде градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:

„ Ќе зборувам за специфичностите на Извештајот за тој период. Може да видите дека во очи паѓа реализацијата на капиталните инвестиции, каде што реализацијата е околу 56 %, односно од планирани 18 500 000 денари реализирани се     10 290 000 денари. Од ова  може да се види начинот на работа и каде одат најголемиот дел од средствата. Јас на повеќе јавни настапи и  овде на Советот сум кажал дека  колку што можеме повеќе ќе реалоцираме средства од непродуктивни трошења кон капитални инвестиции. Ова треба да биде и е тренд бидејќи имаме тешка економска ситуација и енергетска криза. Средствата кон капиталните инвестиции се помош кон фирмите а со тоа и кон вработените во фирмите кои се наши сограѓани и жители на државата и нашата општина. Друг специфичен и добар показател на кварталниот извештај се приходите од данок на имот од физички и правни лица. Минатата година кога ја презедовме функцијата имавме проблем со наплатата на 2 000 000 денари, средства од концесијата на Струмичко поле, бидејќи немаше доволно прибрани средства по основ на данок на имот,  односно 80% за да државата  ни ги прати тиее средства.Оваа година уште во јуни имаме реализација од 75%. Со оваа динамика ќе имаме над 100% реализација, а тоа значи дека тие 2000 000 денари во февруари наредната година ќе ги добиеме и поставената цел ќе ја оствариме.  Реализацијата на вкупниот Буџет е околу 40 %.  И оваа реализација е добра за нашата општина имајќи ги предвид сите околности во кои се наоѓаме. Реализацијата на основниот Буџет е 36,67%, а овој квартал е подобар во однос на  претходниот. Во однос на долговите, за месеците мај и јуни имаме намалување во јуни во однос на мај.  3 000 000 денари имаме  зголемување кое е  за улиците  во  Василево и Пиперево, Но овој долг не е реален, помал е бидејќи ние имаме јавно приватно партнерство со Телеком за јавното осветлување и по тој основ  средства од околу 1 200 000 денари кои Телеком треба да ни ги прати. Ова значи дека долгот не е 97 000 000 туку 96 287 000 денари.  Од сите податоци може да се види дека  општината ја стабилизираме финансиски и реализираме проекти, како затечени така и нови. И се надевам дека така ќе продолжиме и во иднина, рече во своето излагање, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

На дневен ред на седницата беше и Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за периодот  од 01.01.2022 до 30.06.2022 година, според кој Јaвното претпријатие покажува загуби во своето работење, кои за споменатиот период изнесуваат 83 105 денари.

Мнозинство доби и Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година, a советниците позитивно се изјаснија и во однос на поднесените Барања за финансиски средства.

296037917_10226291150203831_3308424098826471913_n


295385145_10226291149963825_2173914818710310441_n

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail