Градоначалникот Андонов на собир во црквата Св.Илија во Радичево

295865810_10226309844071166_7452647774641810322_n

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во предвечерието на големиот христијански празник Св. Илија, во населеното место  Радичево, во црквата која го носи името на овој голем светец, заедно со народот присуствуваше на големиот црковен собир-  настан кој за овој празник, кој е и селска слава во Радичево, традиционално, се одржува секоја година.

„Нашиот народ си ја негува традицијата, си ја сака црквата и државата. Наша обврска е да бидеме со народот на овие големи празници. Вечерва присуствував на народниот собир во црквата Св.Илија во Радичево“, напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/slave.jemi, градоначалникот Андонов, кој притоа се осврна и на Илинден. „Илинден е датум кога Македонија слави за успехот, за храброста и за херојството и се искажува почитта кон жртвите кои ги положија животите за слободна Македонија“.

„За многу години православниот празник Св.Илија! Да ни е честит и за многу години Илинден !,“, стои во објавата на ФБ профилот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/slave.jemi

296875348_10226309834630930_552785091986565675_n 297079171_10226309834870936_5847932601915518971_n 297088354_10226309834750933_5098156547249471463_n 297195558_10226309834590929_7844902926488232535_n 297224473_10226309834830935_4111533269032350788_n 297273690_10226309834670931_6735466662287215651_n 297338330_10226309834790934_8542596841746937583_n 297376001_10226309834710932_2312138931954139431_n

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail