Вечерва, полуфинале на Меморијалниот турнир во одбојка во Сушево

Турнир Сушево

Вечерва, со почеток во 20,00 часот на одбојкарското игралиште во с. Сушево, во рамки на Меморијалниот  турнир во одбојка, ќе се одиграат полуфиналните натпревари. Со почеток во 20,00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Авелино Бутик  и Киваго Банско, а во 21,30 екипите на  ОК Сушево и Панче Комерц Нова Маала.

Според информација од организаторот, полуфиналните и финалните натпревари ќе бидат одиграни на три добиени сета.

Во двата изминати  натпреварувачки денови, екипите ги постигнаа следниве резултати: прв натпреварувачки ден,  ОК Сушево – Авелино Бутик, 2:0; Киваго Банско – Панче Комерц Нова Маала,  2:0 и Авелино Бутик – Злеово 2:0.

Во рамки на вториот натпреварувачки ден постигнати се следните резултати: Ветерани Сушево – Киваго Банско, 1:2 и Панче Комерц Нова Маала – Ветерани Сушево 2:1.

Турнирот се игра во чест на чест на прерано починатите  Ѓорѓи Лазаров -одбојкар и Војо Стојановски – спортски работник, двајцата заслужни за развојот и спортските успеси на ОК „Сушево“ од с. Сушево.

Вкупниот награден фонд изнесува 40 000 денари.

Генерален покровител на турнирот е општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail