Во с.Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

наслов

Вчера, во организација на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево и под покровителство на општина Василево се одржа Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

Организаторите и гостите ги поздрави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој задоволството од фестивалчот го сподели на својот ФБ профил: „ Позитивна и весела атмосфера на првиот меѓународен фестивал ,,Весело на сред село ” , организиран од КУД ,,Сушевски бисери” , под покровителство на општина Василево. Најмладите се преставија во одлично издание. КУД ,,Сушевски бисери” со вакви млади членови, има светла иднина. Јас сум особено горд што успеавме за првпат да го организираме овој меѓународен фестивал, со гости од Република Бугарија и Република Србија. Македонската традиција, ќе продолжиме да ја негуваме и заедно ќе уживаме во играта и песната на овие талентирани млади луѓе“, напиша градоначалникот Андонов.

На фестивалот, покрај домаќините КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево се претставија и културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Република Бугарија и Република Србија, како и домашните, КУД „Негорци“ од с. Негорци и  ФА „Подарешани млади“ од с. Подареш.

Фестивалот се одржа на одбојкарскоте игралиште во Сушево.

1 2 3 4 5 6 7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail