ОК „Сушево“ , победници на Турнирот во одбојка во с.Сушево

7

„Заврши традиционалниот турнир во одбојка во с.Сушево, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица. Во изминатите неколку дена Сушево беше место за дружење и спортски натпревари. Честитки до победниците но и до сите други екипи за нивното спортско однесување“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој присуствуваше на финалните натпревари кои се одиграа синоќа.

Победници на Турнирот се домаќините ОК Сушево, кои во финалето ја совладаа екипата на Киваго Банско. Во борбата за третото место одбојкарите на Панче комерц од Новаа Маала беа поуспешни и ја совладаа екипата на Авелино бутик.

Турнирот се играше за вкупен награден фонд од 40 000 денари и тоа 22 000 денари  за првопласираните, 12 000 денари за вторите и 6 000 денари за третопласираната екипа.

Турнирот се играше  во чест на прерано починатите  Ѓорѓи Лазаров -одбојкар и Војо Стојановски – спортски работник, двајцата заслужни за развојот и спортските успеси на ОК „Сушево“ од с. Сушево.

2 5

3 4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail