Oпштина Василево се претстави на „ЛАГ ЕКСПО 2022- Саем на локални акциони групи“

6

Општина Василево со сопствен штанд се претстави на „ЛАГ ЕКСПО 2022- Саем на локални акциони групи“, кој во организација на Локалната  акциона група Беласица – Огражден и  во соработка со Мрежата за рурален развој на  Македонија,  се одржа  на 23.09.2022 година (петок)  во Радовиш.

На саемската манифестација присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов со соработници, кој манифестацијата ја искористи за воспоставување контакти и размена на искуства со останатите колеги и претставници од  другите локални самоуправи присутни на Саемот.

Манифестацијата „ЛАГ ЕКСПО 2022- Саем на локални акциони групи“, се одржува по прв пат и на истиот  низ презентации и панел дискусии,  од страна на претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од државата како и од регионот – Албанија, Србија, Косово и Хрватска, претставени се  активности поврзани со локалниот развој кои ги засегаат сите рурални заедници.

„На саемот беа презентирани локални производи, храна,услуги и КУД ,,Сушевски бисери“. Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој“, по тој повод напиша на својот ФБ профил , https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево.

113 5 10

2 8 9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail