И во услови на криза, континуитет во активностите на општина Василево

4_768x768

„Изминатиот период реализиравме неколку активности , во насока на решавање на проблеми во некои населени места“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 , градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со активностите кои се актуелни и се на агендата на општина Василлево, притоа прецизирајќи дека во турското маало во Градошорци поради несоодветна изведба на градежните активности на главниот колектор и асфалтирањето на улицата често доаѓа до запушување на фекалниот канализационен систем. Проблемот е решен,  со ангажирање на соодветна механизација извршено е отпушување на главниот колектор. Во населеното место Дукатино извршено е порамнување на патот кој води до манастирот Св.Ѓорѓија, каде беше организирана традиционалната  прослава на која присуствуваше и градоначалникот на општината Андонов, кој патем најави дека овој пат, во наредниот период ќе биде ставен во Плановите и Програмите на општина Василево за асфалтирање.

„Во Василево ќе се гради автобуска постројка во близина на поштата. Во Нова Маала е во завршна фаза изградбата на повеќенаменски објект за потребите на граѓаните од оваа населено место. Изградбата на паркот во Чанаклија е во завршна фаза и граѓаните од Чанаклија од идниот месец ќе можат да го користат“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот, притоа потенцирајќи дека во наредниот период ќе продолжи реализацијата на  Програмата за патишта во сите населени места, како и  останатите ветени активности.

2_768x768

1_768x768 5_768x768 8_768x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail